Вака сум роден. На прашањето најдобро можат да одговорат 15-20% Македонци кои сакаат да станат Бугари и потпишале дека се чувствуваат Бугари. Прошетај низ Скопје и прашај - еден на секои 5-6 луѓе потпишале дека се чувствуваат Бугари.
Самиот Красте Петков Мисирков не еднаш напишал каков е. Дури и книга е објавена заедно со Државниот архив на Република Македонија - најди ја и прочитај ја.
Тоа е од економски причини, има многу примери по свет за такво нешто, благодарение на апокалиптичната економска политика на овдешните власти и подмолното визно гето 1991-2011 кога западот херметички не затвори. Луѓе мораа да бараат чаре да излезат и да работат па и да праќаат пари на семејство и родбина.
Ти сериозно мислиш дека овдешни луѓе се осеќаат како бугари и затоа земаат пасоши? лол
Јас можам да земам романско државјанство нели ЕУ пасош едно време се мислев околу тоа ама треба патување до Букурешт и исполнување на бирократски глупости. И онака не планирам да се иселам од РМ така да не верувам дека би посегнал кон романски пасош, макар да никад не реци никад, ова е Балкан и секоја генерација има гарантирана барем по една војна.
КПМ е татко на Македонската нација, ја имам читано за Македонцките работи, како што е Левски/Ботев кај вас или Вук Караџиќ во Србија. Македонците задоцниле една генерација при воспоставување нација во тоа време но треба да се знае дека немале грб од никого за разлика од останативе земји на Балкан и затоа задоцниле. Но тоа не е толку важно денес после 120 години од тоа монументално дело.