Вака, кратко мое видување. Чкембари, добра бројка, одлична би рекол, изглед исто така добар, дрес код добар, ограда, све добро околу тие работи. Пиро исто така добро (отпосле видов подобро и од видеа и слики).
За навивање, искрено многу слабо ги слушав за таа бројка, бидејки очекував да грмат според бројката, но не сакав да го пишувам ова за да не испадне дека е провокација од моја страна а немам таква намера, така да оставам да пишат неутрални кои биле на трибините вчера.
Комити, јако гостување , според карти ке утврдиме (секој еден плати карта пред влез во Автобус, 200 денари со членска, 250 денари без членска) плус само неколку поединци Војводи и Уге, но се на се бројката е 550 + сигурно. Пароли, навивање, пиро, како за гостинска група супер пиро, бакли стробови + огномети. Знаеме сите дека гостинска група има потешкотии да внесе премногу пиро, ради претереси на врата итн. Навиавње добро, задоволен сум како помина, како за дерби одлично би рекол, со цело време песна од копот.
Од луѓе од други градови (Прилеп, Кичево) од тоа што го слушнав дека Комити добро се слушале, на моменти и погласни. Ние Комити и Чкембари, за време на утакмица двете групи навиваме во исто време, и јасно е дека неможеш да имаш добра оценка за противникот, затоа оставам на нив, но главно од нашиот коп беше организирано, синхронизирано, гласно.
Имавме дерби Вардар и Пелистер со борба за дното, добро помина а зошто е борба за опстанок штета, би било уште по друга димензија, кога би биле на врвот екипите и кога би гледале НОРМАЛЕН фудбал.
Ние ова го постигнавме, гледајќи го овој фудбал и овие позиции на табелите на екипите.
Сакам еднаш да ги видам Звезда и Партизан ДОЛУ на табела, или втора лига, за да ги видам тогаш и тие групи. А и многу други групи, најпрво ми текна на овие соседи, пошто многу наши сожители од државава дркаат на нив.
Поздрав.