Jankoff
Run that, pass that.
- Член од
- 4 септември 2019
- Мислења
- 1.728
- Поени од реакции
- 2.794
Денес ја разбрав суштината на животот и го пронајдов мојот идол, коментаторот на Шарлот Хорнетс. Губат од Бостон 20 разлика, даваат тројка, некој црнец од Франција и тој ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕС се дере најгласно што може, ЛАМЕЛОООООО, БРИЏИИИИИСССС, човекот е врв. Исто така има и интересни коментари за кога ќе постигне противничкиот тим кош, заприметете го ве молам, циркуз бесплатно.
Да на Бурс Боуен мислев, го памтам ко дете и секако е убава паралела со Заза Пачулија.. убаво што го воведоа тоа правило, многу ми е криво за Каваи таа сезона, бидејќи 90% сум сигурен дека ќе идеа бек ту бек и ГСВ немаше да освои. Мене најсмешно за тој Пачулија ми е кога уведоа алл-стар гласање од цел свет и кога требаше да е стартер па Адам Силвер беше ко чекааај и жири имаме и Заза не беше алл-стар,а по гласовите од цел свет беше.
Сигурно си изгледал повеќе натпревари од мене, чим си и повозрасен и според мене и си ја фатил вистинската, физичката кошарка во таа ера и не можам да тврдам со сигурност, ама од хајлајтс и неколку ретро утакмици изгледано, би рекол дека со сигурност кошарката во тоа време била поубава, потимска и подинамична.
Како што ти се тебе омилени центрите, мене така плејмејкерите. Омилен играч патем ми е Раџон Рондо, неговата брилијантност, умешност за пас, интелегенција во движење, маестро што неговите топки имаат очи што би се рекло. Исто така сум бил голем фан на енергични, снажни и брзи кошаркари како Расел Вестбрук и Дерик Роуз.. моментално омилен плеј, ЏА МОРАНТ.
Ветувам дека ова ќе ми е последна реплика на тебе, да не ги гњавиме луѓево да не читаат, иако имаат доста интересни работи и ставови да прочитаат.Па колку овој да сум има да ги толчам сите одозгора, башка невероватен физикус е.
Али во право си, коа си пичка во душа... е вака питбулчиња ќе ти с'скаат, џабе си ти Кејн Корсо или друг некој мастив.
Овај и Камерунскиот орангутан се едни од најголемите пички во лигата, а и ден денес ми е мило што Јокарата еден таков надуен орангутан спружи (Маркиф Морис, мислам дека точниот од браќата Морис го напишав), ако беше маж шо не стана после со Јокарата ферска да прават. Таков бодичек му акна шо во понова НБА ретко кој прави (после Рон Артест и можда онаа дилајлата од Вориорси ама и тој скока оти не го имаат дрецнато од земја, шо мислам не е далеку да се деси).
Брату сигурно мислиш на Брус Боуен? Тоа гнасно копиле им се пикаше на шутерите под нозе и на доскок се повредуваа - нешто слично на Заза Пачулија стилот.
Мило ми е што донесоа такво правило да тоа е намерна лична, а во останатите делови беше невероватен дефанзивец на периметар, буквално куче и партали правеше во одбрана, можеше да се носи и со поснажни од себе.
Во однос на другото што го напиша ние во принцип повеќе се согласуваме одошто да не се согласуваме и апсолутно ми е нормално и прифатливо секој да си навива за својот тим и по малку да си трга на своја страна.
За Вајт си во право, го зедоа за смоки и ситно само што не се сеќавав на трансферот знам дека оттаму потекнува и буквална кражба беше тоа.
Во однос на чувањето центри, против пониските и помалку снажни сосема добро се снаоѓа, има мака со повисоки и шутери, тука веќе е немоќен и само во тој дел ми беше критиката (повеќе кон тренерот и управата отколку кон него како играч). Пошто ако Латвиецот е повреден имаат на клупа центри кои можи да ги развиваат правилно, во утакмици ко сношти со Шарлот.
Се мачеа на крај во 3/4, Причарт ги вадеше повторно и на крај последен шут зеде Тејтум и го промаши. Ништо страшно, четвртата не ја гледав пошто гледав цело време комбо пренос и решив дека е време да си легнам хахаха ама мислам дека победија на крај - крајните резултати не ги имам гледано. Ќе фрлам сега око на тоа и на фантазито и ќе се легнува.
Другите во тимот, како Причард, Хаусер и останати не знаев дека потекнуваат од школата т.е. драфтот на Бостон ама не сум човек кој гугла за да направи пост и затоа знам да направам и грешки од типот тој играше дома - тој играше на гости пошто пишам по сеќавање или нешто што сум го слушал од поткаст ама онака на летање и ми останало ко инфо, а најчесто инфо црпам од преносите кои гледам да ги слушам директно со нивните коментатори (Арени марени и слични срања избегавам на велико).
Од друга страна, толку трауми имам од она лепрозниот Берет шо не ти спомнав дека е „наш производ“, за разлика од Квикли за него буквално се срамам да го спомнам.
Наш производ беше и Топин ама испадна дека брат му изгледа е поталентиран (еве го имаме ама поќе од 2 минути нема добиено по утакмица) и двата се данкери за да запалат публика и двата имаат многу мека рака за тројка. Оби Топин остана просек играч и за жал еве и во Индијана добива шанса па не го разви до крај потенцијалот инаку страшен физикус е (во смисла на крилен центар и дарбината што може со многу работа да ја претвориш во 20-10 просек играч, со леснотија ама), Џуниор му предвидувам подалеку да догура само треба тренер кој ќе го користи.
Лепрозниот Берет, имаше изјави дека НЕ му е страв што на 18-19 години влегва во лигата, знае дека може да направи импакт во Големото Јаболко и воопшто нема трема што игра во таква легендарна сала и пред таков вид на публика дрн дрн дрн!
Племето и семето негово! Лепрозен. Кога и да фатеше топка му паѓаше од раце обично во 3/4 или 4/4 и тоа ПО ТРИ ПАТИ ВО ЧЕТВРТИНА.
Башка шо кретенот одеше во дриблинг во десно и положуваше со лева (не си ја штитеше топката со телото и другата рака - да положи со десна). Ебате професионалец шо не можи едноставно положување после двокорак да научи. Ниту тој, ниту Рендал (кој за разлика од него е огромен работник) не научија ништо друго освен дриблинг во лево, шутирање со лева и кога ќе одиш во десно (шо беше 3 пати годишно) да положиш со лева.
Јас да сум тренер му давам 3 месеци да го усоврши тоа, ако не можи да си ги собери парталите и да гледа НБА на телевизија - ама дупе тренер, уште покретени во организација, никакви ГМ и секако (рибата од глата смрди) сопственикот е непрокопсан идиот. Да не му се тоа телевизиите да млати пари од преноси и реклами, како и Медисон да млати пари од настани таму тој болесник ќе биди најверојатно некој скитник. Не знам што бизниси има други и кој му ги води ама ако му се „успешни“ како франшизата шо ни ја усра т.е. не ни прогледа од него, тогаш јасно ми е сè.
На крај, му се радувам и на Бостон заради оставштината од времето на КД кој бескрајно го почитувам заради тоа шо го имам дадено на баскетот *(иако со 1 титула, бркаше пари на почеток на кариера и затоа остана во Минесота со години), али единствената работа која ми засмета беше тоа што беа спомнати ко непобедливи од Сладоледот (шо и не е грев), а грин рутот или кој и да беше веќе небитно ми вадеше скриншотој како не победиле во првата утакмица (а испалија историска бројка на тројки и сè влезе).
Буквално се надевам Фила, Њујорк, Индијана и Кливленд да се здрави на крај на сезона, па со здрав и комплетен Бостон (кој вистина е дека во овој момент ги води во кадар и начин на игра - не за џабе се шампиони) да гледаме вистински покољ.
Покрај тоа што сум дај хард фан на Никси и шо тврдам дека се способни сите овие да ги поминат (освен можеби на чудење на сите Кливленд, да сериозно така мислам) сепак сакам да гледам квалитетен баскет и буквално на крај да победи подобриот макар и не биле тоа моите Никси - шо секако ќе биди пропратено со многу пцуење и ебење по список на сè женско од фамилија на тоа управата. Хахахахахахаха, редовна работа за мене од крај на 90-ти досега.
Во таа серија во '99 против Сан Антонио, да не беше дебитантот (руки) Тими или пак да не беше ветеранот Јуинг повреден (едно од овие двете) веќе ќе имавме една титула во поновата ера и најискрен да бидам полесно ќе ми паднеше цело ова бреме овие години. Нема нешто што повеќе сакам од НБА *(тоа е единствената причина зошто сум сè уште активен на форумот пошто на оваа тема имаме одреден почит еден кон друг - иако на другите и општо состојбата е очајна), добро можеби сакам и автомобилизам т.е. механика, но не толку страсно и многу како НБА. Гледам буквално од дете, уште од коа Шек влезе во лигата и заради Шек омилени ми се центрите, заради Шек ми е омилен Патрик Јуинг и Њујорк како тим. Предтоа, го пратев Џордан секако ама не така опсесивно како Никси и Шек, ми се посреќило што во иста ера кога Џордан издоминира, јас го запратив Шек и Никси. Бев сведок на 2 кошаркарски величини што мислам дека нема повторно да се родат.
За моја голема жалост еве откако знам за себе и откако пратам баскет не ми се оствариле 2 големи сонови:
1. Да гледам утакмица во Медисон, по можност плејоф.
2. Да ги видам Никси шампиони (шо ќе ми е помило прво да се оствари).
За првата точка имам шанса да ја реализирам на пролет ама ќе ја одложам заради други животни околности, па се надевам следната сезона можеби (живи, здрави да сме), а титулата се надевам дека ќе биде сезонава испорачана.
Доколку НЕ, тогаш време е да се замислат кој ќе оди да разговара со фрикот од Грција и дали ќе му дадат бланко чек сам да си пиши сума (пошто после договорот на Браун од 330 милки, гледаме дека и тука нема лимит, без разлика на ограничувањата од лигата).
Едноставно нека го расклопат и состават повторно тимот само Брансон и Јанис да се во него, али влажни сништа.
Само еден сон, како што го посакував Марканен од Јута, како што сакав Порзингас да е без повреда и да останеше и ден денес наш или ако гледаме дефанзивно Мобли од Кливленд или пак некое крило од типот на Каваи (дури можеби и самиот Каваи ако знаеа да го земат пред да оди во Торонто, оваа верзија од Клиперси не е ни за спомнување).
Ништо од тоа, аверзија кон раководството и години на прединфарктни состојби од гледање на евнуси како Берет.
Да не ни почнувам што не ми се свиѓаа трансфери од играчи на залез на кариера како Кармело или Билапс, Факинг Тимофеј Мозгов, Фелтон, Чендлер, Стадемаер ... the list goes on.
И подобро да не продолжам да пишувам пошто што од болка, што од љубов уште 480 пасуси ќе испишам па ќе ме пцуете додека скролате пола саат
Само да гледаме добар ПО (после океј донекаде сезона) - нормално и Никси да победат на крај.
Да на Бурс Боуен мислев, го памтам ко дете и секако е убава паралела со Заза Пачулија.. убаво што го воведоа тоа правило, многу ми е криво за Каваи таа сезона, бидејќи 90% сум сигурен дека ќе идеа бек ту бек и ГСВ немаше да освои. Мене најсмешно за тој Пачулија ми е кога уведоа алл-стар гласање од цел свет и кога требаше да е стартер па Адам Силвер беше ко чекааај и жири имаме и Заза не беше алл-стар,а по гласовите од цел свет беше.
Сигурно си изгледал повеќе натпревари од мене, чим си и повозрасен и според мене и си ја фатил вистинската, физичката кошарка во таа ера и не можам да тврдам со сигурност, ама од хајлајтс и неколку ретро утакмици изгледано, би рекол дека со сигурност кошарката во тоа време била поубава, потимска и подинамична.
Како што ти се тебе омилени центрите, мене така плејмејкерите. Омилен играч патем ми е Раџон Рондо, неговата брилијантност, умешност за пас, интелегенција во движење, маестро што неговите топки имаат очи што би се рекло. Исто така сум бил голем фан на енергични, снажни и брзи кошаркари како Расел Вестбрук и Дерик Роуз.. моментално омилен плеј, ЏА МОРАНТ.