Нема проблем за тебе срцка и така рано сабајлечки сум станала и немам што да правам:smir:Јас би ја замолила Цуценце за анализа:smir:
Цуценце срцка,си ми погодила огромен дел.Нема проблем за тебе срцка и така рано сабајлечки сум станала и немам што да правам:smir:
Мавечко...една од најзаљубените членови на форумов. Среќна си и исполнета.Ја почитуваш и сакаш љубовта и за тебе најсовршено нешто е вистинската љубов која е возвратена, токму поради тоа и си најсреќна зашто ја доживуваш. Знаеш да љубиш и целосно да се посветиш на партнерот. Сакаш да покажуваш чувства и да му докажуваш на љубениот колку го сакаш и колку си среќна што господ ти подарил таков ангел. Според тебе љубовта е нешто најсвето кое треба да се чува и негува и ти би направила се за неа. Не се плашиш од иднината и како би биле работите после извесно време. Едноставно сакаш да уживаш во секој убав момент и гледаш да го искористиш максимално. Не се замараш со тоа што викаат и мислат другите и не влијаат другите мислења на тебе. Задоволна си од себе и од својот изглед и имаш голема самодоверба. Добра си, дружељубива пред се, сакаш да го шириш кругот на пријатели. Сакаш да помагаш на тие што им е тешко независно дали ги знаеш добро или не...Убедлива си со своите мислења и секогаш ги гледаш работите реално и така и ги преставуваш...Чувствителна личност си и знае некогаш некоја неправда да те трогне. Не ги поднесуваш дволичните и злобните луѓе, но не се замараш со нив зашто знаеш дека ништо нема да постигнеш со тоа освен да се изнервираш. Обожаваш животни и сакаш да се грижиш од нив. Мразиш кога некој ги злоупотребува или пак ги измачува.
Духовита особа си и знаеш на момент да откачиш ( )...Опуштена си и зборлива pos2: сме се нашле), сакаш да се смееш и да ги расположуваш луѓето доколку не се.
Талентирана си, сакаш да постигнеш и да бидеш некој и нешто во животот ( и ќе бидеш доколку продолжиш така ).
Дафи треба да е навистина среќен што те пронашол, ти си супер особа:smir:...Тоа би било се отприлика
Имаш ли гз... да влезеш во Кондово и да викаш да ЖИВЕЕЕ МАКЕДОНИЈА???
...гледам дека не се плашиш од предизвици,без разлика дали може да настрадаш поради нив.Имам!
^ Тенкс ципиwипи.ТонИнтер...
Те знам многу малку,од муабети на мсн и постовите на форумов,ама ќе пробам да извлечам најмногу што можам.
Како и повеќето машки,те интересираат спортот и компјутерски игри.Повеќето мислења ти се во врска со фудбалот и Кантер.Голем фан си на Интер,што може са се заклучи по твојот ник и аватарот на мсн,а ги мразиш Jувентус, Олимпик Марсеј, Рома, Валенсија и Милан.Лојален навивач си и мислам дека голем дел од животот го имаш посветено на фудбалот.
Според аватарот на Кајгана можам да видам дека ги сакаш жените.
За љубовта,ја сфаќаш озбилно работата и сакаш стабилна врска,а не да ја имаш ради реда.Можеш многу да се разочараш ако сфатиш дека девојката не била она што си мислел дека е.
Делуваш на личност што знае што сака и имаш одредено насока во животот,што го заклучив според тоа што се посветуваш на оние теми кои те интересираат најмногу(фудбал првенствено и Кантер).
Според многубројните анализи за тебе,мислам дека ти е важно мислењето на другите за тебе,многу важно.
Се секираш за тоа каков впечаток ќе им оставиш на другите и каква слика тие ќе изградат за тебе.Затоа секогаш се трудиш да се претставиш во најдобро светло.
Исполнителна личност си.Тоа што ќе го ветиш,не останува само ветено,се трудиш да го исполниш дури и во случаи кога не е тоа нужно(пак,за да се претставиш во добро светло),што е уште еден доказ дека се грижиш за мислењето на другите за тебе.
Ти си личност што учи од грешките.Ако нешто си направил што лошо ти се одразило понатака,се трудиш таа грешка да не се повтори и стануваш многу претпазлив и прво сакаш да ја испиташ територијата и да се увериш дека нема да згрешиш во врска со изборот.
Мислам дека работите си ги зимаш многу при срце и дека понекогаш ако нешто те разочара премногу го сфаќаш тоа сериозно,но како што напоменав погоре,тоа те прави посилен и попретпазлив во понатамошниот избор и одлуки.
Имаш тек-тук некој пост во "Жолт печат".што значи дека од време на време сакаш да трачариш.
Дружељубива личност си и она што тебе те насмеало и расположиво сакаш колку-толку да го споделиш со другите,по постовите во "Логови" се трудиш да го претставиш најверодостојно на оригиналот.
Според овој цитат...
...гледам дека не се плашиш од предизвици,без разлика дали може да настрадаш поради нив.
Сакаш да запознаваш нови луѓе,слични на тебе,со исти интереси(протарашкав по постовите и видов дека имаш доста поствоти во темата "Кајгана Кантер собиранки".На почетниците сакаш да им помогнеш и им помагаш да го совладаат начинот на игра.
Горд си на својот внук и премногу го сакаш(многу јасно),ги најдов сликите во детскиот албум.
На сликите во галерија со припаднички на понежниот пол се опушташ и си даваш за "луксуз" да си подудлаш малце(малце дудлања не е штетно,нели? )
Според постовите во темата "Ваши дела без помош на Фотошоп" можам да видам дека исто така те интересира фотографија(добри слики).
Епа,тоа би било тоа од мене,се надевам дека како Цуценце и ти си задоволен(барем со дел од напишаното):smir:
П.С.Ја сакаш Jessica Biel:hehe:
ЗнамАзриел почитувам дирекност и искреност. Повеќе во животот сум ги ценел тие што ме пцуеле во лице отколку тие другите. Сепак друже твојата анализа е невалидна од 2 аспекта.
1. Земен е само еден аспект од анлизата тоест мојата одбрана на еден општествен систем и преувеличена. Компетента анализа подразбира повеќе аспекти на анализираната личност заради целисходност.
2. Конфликт на интереси и пристрасност
Од километар се гледа дека тие е пишувана на пристрасна база и дирекни вербални напади на мене. Секој прав психолог знае дека треба да ги исклучи емоциите и здраворазумски да се обиде да пристапи на проблемот дури и ако пациентот е личност што му оди на нерви. File invalid. Значи ова е твое субјективно мислење не објективна анализа. Можеби некогаш кога ќе станеш сениор (не во години) ќе успееш да ми направиш правилна анлиза со сите позитиви и негативи.
Не бил стечаец али истите чувства ги доживува кога убива безпомошни, кревки, слатки, душички од инсекти. Браво Сусаро. Кажи ни како е во пеколот.Инсекти ништам редовно (со исклучок на пајаци). Летно време кога ќе излезат тоа црните црви со задоволство ги гмечам и уживам во звукот кога крцкаат под патика. Комарци, муви, стоногалки, мравки уште од мали години ги прскав со воден пиштол наполнет со ракија или со препарат против инсекти. Специјалност ми се бубашваби. На километар од мене да ја видам било каде било кога трчам по неа и дур ја газам пцујам полошо од стечаец пред влада.
Го знае Филе- Топки. Nothing but sweetness. Сериозно. Ја знаеш и таа лезбејчестата особа што водеше Версус со него?5.Филе-Топки