ПРЕДБРАЧЕН ДОГОВОР !

Член од
11 декември 2023
Мислења
48
Поени од реакции
136
Како личност инволвирана во страшни разводи каде жртви се секогаш децата, препорачувам :

1. ПРАВЕТЕ ПРЕДБРАЧЕН ДОГОВОР - во кој прво на листата ќе биде заедничкото родителство. 99% од разведените се уценуваат преку децата.
2. Набројте во предбрачниот договор кој со колку влегува во бракот и чии родители колку придодале ( ќе ми заблагодарите ако недај Боже треба да се разведувате )
3. Кредитите за недвижност ако ги земате - задолжително жирант со еднаква одговорност да е сопружникот.
4. Ако е можно, поделете ги ратите на кредитите со траен налог.
5. Ставете забрана за задолжување без согласност.
6. Дефинирајте ги условите според кои бракот би престанал.

Среќно

:oleee:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Како трол што си, да беше инволвиран(а) во брак и бракоразводни парници и било што поврзано со развод, ќе знаеше дека:
- предбрачниот договор во Република Северна Македонија е ништовен, односно, нема правна тежина
- односите меѓу брачните партнери се уредени со закон, кој точно објаснува кој што има и што добива по развод
- бракот престанува по услови предвидени со закон, исто така

Бацки :smirce:
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.861
Поени од реакции
2.076

Кој закон и кој член го поништува предбрачниот договор?

ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВОТО, ИМОТНИ ОДНОСИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ, Член 204 и Член 208 вика дека може да се договорат. (за недвижности)
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Кој закон и кој член го поништува предбрачниот договор?

ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВОТО, ИМОТНИ ОДНОСИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ, Член 204 и Член 208 вика дека може да се договорат.
Да се договорат за што? Законот точно одредува што и како се добива по развод, старателство за евентуални деца џабе ќе се договараат, ако едната страна реши да тужи (предбрачниот може низ тоалет да го пуштат тогаш, ЦСР и суд пак ќе одлучуваат), наследен имот не се дели по развод, стекнат имот се дели еднакво, може и во овој случај едната страна да тужи за да докаже дека значително повеќе придонела. Но и во тој случај, едниот воопшто финансиски да не придонесувал, судот смета дека се грижел за домаќинство и тоа е работа.

Наследениот имот/подарок (од родители) е неважно дали пред брак или во брак е наследен, секогаш не се дели. Ова важи дури и за пари - да речеме од родителите на подарок добиваш 15000 евра, идеш на нотар да ти ги подарат (може и преку сметка да докажуваш, вака е полесно), со тие пари купуваш пример кола. При развод имаш доказ дека со наследство си ја купил колата и таа не е предмет на делба.

Ако се плашите од еднаква поделба, бракот нема поента воопшто да биде склучен, вонбрачната заедница гарантира доволно права да не ве боли глава дека ќе ви се земе од вашето.

Законот си е одличен, јас само би променила и во вонбрачна да се користи меѓусебно здравствено/наследување..

Едит: или уште подобро, независно што не бев во брак, имав заеднички работи/имот со човекот, и да бевме во брак немаше што судски да делиме, сè гласеше на двајцата име подеднакво. Ова е најлесна опција.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.861
Поени од реакции
2.076
Да се договорат за што? Законот точно одредува што и како се добива по развод, старателство за евентуални деца џабе ќе се договараат, ако едната страна реши да тужи (предбрачниот може низ тоалет да го пуштат тогаш, ЦСР и суд пак ќе одлучуваат), наследен имот не се дели по развод, стекнат имот се дели еднакво, може и во овој случај едната страна да тужи за да докаже дека значително повеќе придонела. Но и во тој случај, едниот воопшто финансиски да не придонесувал, судот смета дека се грижел за домаќинство и тоа е работа.
Законот пиши дека може да се договорат, за недвижнина и капитал конкретно. Ако не можеш да ми дадеш закон и член, тоа што го напиша иницијално беше лага.

За старателство на деца е друга процедура.
Наследениот имот/подарок (од родители) е неважно дали пред брак или во брак е наследен, секогаш не се дели. Ова важи дури и за пари - да речеме од родителите на подарок добиваш 15000 евра, идеш на нотар да ти ги подарат (може и преку сметка да докажуваш, вака е полесно), со тие пари купуваш пример кола. При развод имаш доказ дека со наследство си ја купил колата и таа не е предмет на делба.

Ако се плашите од еднаква поделба, бракот нема поента воопшто да биде склучен, вонбрачната заедница гарантира доволно права да не ве боли глава дека ќе ви се земе од вашето.

Законот си е одличен, јас само би променила и во вонбрачна да се користи меѓусебно здравствено/наследување..

Едит: или уште подобро, независно што не бев во брак, имав заеднички работи/имот со човекот, и да бевме во брак немаше што судски да делиме, сè гласеше на двајцата име подеднакво. Ова е најлесна опција.
Ова е друга работа. Правиме муабет за предбрачен договор за луѓе што стапуваат во брак, не правиме муабет вонбрачно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Законот пиши дека може да се договорат, за недвижнина и капитал конкретно. Ако не можеш да ми дадеш закон и член, тоа што го напиша иницијално беше лага.

За старателство на деца е друга процедура.
Ова е друга работа. Правиме муабет за предбрачен договор за луѓе што стапуваат во брак, не правиме муабет вонбрачно.
Едит: каде е предвидено предбрачното договарање?

Во однос на услови за поништување на брак, дека се смешка во "предбрачен договор", законот за семејство вика дека бракот се анулира доколку се утврди дека не се исполнети условите за склучување на бракот. А исто така, од истиот закон, членови 39-43 ги пропишуваат условите за развод (со што условите кои си ги пишале во предбрачниот се ништовни).

Член 185 објаснува околу меѓусебна издршка и дека има едниот право да не го издржува другиот, доколку тој нема причина за неработење, а истото се објаснуваат условите за издршка по развод, вклучително алиментација, до член 202.

Околу поделба на имот во и по брак, има член 204 кои вели дека секој располага со својот ПОСЕБЕН имот (пред брак, наследство, дар) освен ако не се договорат поинаку. Што е сосема различно од заеднички имот, кој секогаш и без исклучок е заеднички, дури и само едниот да е запишан. По разводот на тој начин се врши делбата, а нормално, може и по разводот спогодбено да биде кој што добива, не е задолжително да е 50/50. Ако не можат да се договорат, судот решава и дели.

За кредити и др. обврски према трети лица, одговара само едниот што си ги има обврските, солидарност мора да докаже т.е. да бара дел да му се плати ако смета дека се задолжил за заеднички интереси (пример за реновирање дома едниот земал кредит, а другиот одбива да учествува, а живеат заедно - ако не се договорат, судот ќе ги "договори", ама ова мора да се докаже).

Односно, имотно-правните односи се утврдени со закон, а документ кој не е предвиден со закон (предбрачен договор не е) и/или е спротивен на некој член на постоечкиот закон, е ништовен.

За да постои предбрачен договор, потребно е прво да се легитимизира неговото постоење, а потоа и истиот не може да се крши со постоечкиот закон за семејство.

Ова важи и за било кој друг договор, не само предбрачен. Ништо што се договориш и потпишеш на нотар не ти вреди, баш затоа што веќе е утврдено како ќе биде со закон. Можеш само да се надеваш на добрата волја на жена ти да се откаже од заеднички имот при развод. На ист принцип функционираат и тестаментите кај нас, бидејќи постои закон кој прецизно одредува кој што добива, тестаментот лесно се оспорува на суд од наследниците.

Не сме Америка па главна точка да биде "секој своето", арни ни се законите на темава.

И само disclaimer, не сум правник, само паталец :)
Автоматски споено мислење:

SmartSelect_20241030_154827_OneDrive.jpg
SmartSelect_20241030_154840_OneDrive.jpg

Еве ги и конкретните членови. Ни зуц за предбрачен договор, туку што се договараат БРАЧНИТЕ партнери. Останатото се однесува дека можам да се ОТКАЖАМ јас да управувам, и да му го предадам тоа право на мажот, а истото можам и да го повлечам.
И пак нема врска ова со развод, овие членови се однесуваат за времетраење на бракот.
 
Прегледај го приврзокот 433649
Прегледај го приврзокот 433650

Еве ги и конкретните членови. Ни зуц за предбрачен договор, туку што се договараат БРАЧНИТЕ партнери. Останатото се однесува дека можам да се ОТКАЖАМ јас да управувам, и да му го предадам тоа право на мажот, а истото можам и да го повлечам.
И пак нема врска ова со развод, овие членови се однесуваат за времетраење на бракот.
Во член 208 ти пиши дека Брачните другари можат да се договорат управувањето и располагањето со заедничиот имот или со дел од него да го врши едниот од нив. Ако тој договор што законски може да се направи, е направен пред брак, тоа е пред брачен договор.

Нема нешто што е уникатно дефинирано како предбрачен договор, едино е договор пред да стапат во брак.

Што значи дека: "- предбрачниот договор во Република Северна Македонија е ништовен, односно, нема правна тежина" не е точно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Во член 208 ти пиши дека Брачните другари можат да се договорат управувањето и располагањето со заедничиот имот или со дел од него да го врши едниот од нив. Ако тој договор што законски може да се направи, е направен пред брак, тоа е пред брачен договор.

Нема нешто што е уникатно дефинирано како предбрачен договор, едино е договор пред да стапат во брак.

Што значи дека: "- предбрачниот договор во Република Северна Македонија е ништовен, односно, нема правна тежина" не е точно.
Ок, пробај па кажи ни колку ќе тежи на суд ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Исто колку што тежат останатите договори според закон во законодавен дом.
Не, не тежи - ама ок, не ми верувај.
Пред брак не можеш да се договориш што ќе правиш во брак.
Односно, прво тука ќе ти падне договорот на суд - си го склучил договорот во време кога бракот уште не бил склучен, оттаму нема никакво правно дејство, посебно што 204 и 208 се однесуваат за времетраење на бракот, не при развод.

Целта на еден предбрачен договор е во принцип да се заштити имотот на едниот кој го стекнува, НО, џабе ќе го склучиш предвреме кога и да се потпишете дека секој своето си го располага, тоа ќе важи само додека трае бракот и само ако едниот не си побара да управува еднакво со заедничкиот имот. Откако ќе се склучи бракот, повторно едниот има право и можност да одлучи дека не сака другиот да управува со заедничкиот имот (а законот е над секој нотарски договор), а при развод пак законот ти вика сè е заедничко (со што пак го поништува тој договор).

Во Македонија едноставно не постојат предбрачни договори, најмногу што можеш е да чуваш податоци за секоја заработена и потрошена пара, па да тужиш дека не може 50/50, па пак судот може да промени, но и во тој случај нема да одлучи несразмерно другиот партнер да добие помалку.

Мене не ми верувај, прашај кој било адвокат што се занимава со разводи. :)
 
Еве што вика Гугле.

Во Северна Македонија, предбрачните договори не се експлицитно регулирани во семејниот закон, што значи дека не се ниту експлицитно дозволени, ниту забранети. Меѓутоа, тие генерално се признаваат под принципите на договорно право сè додека не го нарушуваат јавниот ред, не се во спротивност со постојните семејни закони или не се обидуваат да регулираат прашања кои не се предмет на приватни договори, како што се старателството или издршката за деца.

За да биде извршлив предбрачен договор во Северна Македонија, треба да ги исполнува следниве услови:

  1. Согласност и Правичност: Двете страни треба доброволно да го склучат договорот со целосно разбирање на неговите услови. Секој знак на присила или нечесно искористување може да го направи договорот неважечки.
  2. Усогласеност со Законот и Јавниот Ред: Договорот не смее да содржи одредби кои се во спротивност со македонските закони или јавниот ред, особено во однос на брачните права, наследството или обврските за издршка на семејството.
  3. Нотаризација: За да има правна сила, предбрачен договор обично треба да биде нотарски заверен и може да бара судско признавање доколку се однесува на значајни финансиски договори.
Иако предбрачните договори се поретки во Северна Македонија во споредба со некои други земји, сепак можат да се користат, особено во случаи кога едната или двете страни имаат значителен имот или деловни интереси. За оние кои размислуваат за ваков договор, се препорачува консултација со правен експерт за семејно право во Северна Македонија за да се обезбеди усогласеност со локалните закони и да се зголеми извршливоста на договорот.

Па истото ти го кажав. Со тој предбрачен договор ќе треба да земеш и да докажеш што сè имаш и во колкава мера повеќе придонесуваш, па после судот да пресуди поинаку од 50/50. Автоматски нема да пресуди поинаку - или пак ќе се договорите со жената, или ќе си докажуваш што/колку имаш и дека стварно несразмерно повеќе придонесуваш. А пак и на сето ова, има и член кој кажува дека не може да се откажеш од издршка (за време на брак и одредено после брак). Што значи џабе ќе ти потпишам пред брак дека нема да барам ништо од имотот кој е стекнат во брак што си го стекнал ти, кога законот автоматски цел тој имот го гледа како заеднички.
Остај Гугл, законот е многу јасен.

Немам против предбрачни договори ништо, само не се реални и не се возможни и лесно паѓаат на суд, од причина што законот секоја поединост веќе ја има регулирано.
На ист принцип тестамент можеш да напишеш, а твоите наследници многу успешно да го спорат и оспорат на суд.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.973
Поени од реакции
7.623

Abe nalet se pa ispadna i advokat deka si!
predbracnite dogovori si imaat svoja tezhina i so nishto ne mozhish da gi pobijash na sud pri brakorazvodna postapka. Da vo MK! I kako shto ti pisha clenot pogore clen. 208 tochno toa go kazhuva samo so drugi zborovi. A ako nekoi kurvihcina makedonski mislat deka ce se omazhat so nekogo koj shto ima debel Biznis i vadi mesecno pari kolku tatko i za cel zhivot i deka po 2 godini brak ce mu gi zemi polovinata neka prodolzhat da si mislat i sonuvaat!
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.861
Поени од реакции
2.076
Па истото ти го кажав. Со тој предбрачен договор ќе треба да земеш и да докажеш што сè имаш и во колкава мера повеќе придонесуваш, па после судот да пресуди поинаку од 50/50. Автоматски нема да пресуди поинаку - или пак ќе се договорите со жената, или ќе си докажуваш што/колку имаш и дека стварно несразмерно повеќе придонесуваш. А пак и на сето ова, има и член кој кажува дека не може да се откажеш од издршка (за време на брак и одредено после брак). Што значи џабе ќе ти потпишам пред брак дека нема да барам ништо од имотот кој е стекнат во брак што си го стекнал ти, кога законот автоматски цел тој имот го гледа како заеднички.
Остај Гугл, законот е многу јасен.

Немам против предбрачни договори ништо, само не се реални и не се возможни и лесно паѓаат на суд, од причина што законот секоја поединост веќе ја има регулирано.
На ист принцип тестамент можеш да напишеш, а твоите наследници многу успешно да го спорат и оспорат на суд.
Тешко на тие што зимаат совети правни од тебе.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Тешко на тие што зимаат совети правни од тебе.
Ставив дисклејмер дека не сум правник. Коментирам на тема на форум врз основа на она што го читам и што сум го зборувала со не правници, адвокати кои се занимаваат најмногу со разводи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom