Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да се обидам со Ангелчето наше модераторско :)
Иако не сум некој аналитичар, а посебно не Фројд лично, или некој таков, Ангелчето наше ми делува како паметна, интилигентна девојка...Зошто?
Се гледа дека девојката има стил, сопствен стил кој си го гради внимателно и си го негува, и тоа е нејзин трејд марк. Тоа судејки по постовите. И, не само во модна смисла, туку општо, како начин на изразување, начин на однесување тука и тоа...

Барем јас така ја доживувам Ангелче.

Има некој кој ќе се нафати на мојата личност? :)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Еве јас се пријавувам да направам анализа за ангелче и струмикс ама дури утре може така?:smir:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.724
Поени од реакции
13.462
Ај да си го одржам зборот.. Ќе ја анализам ~The_VaMpIrE~. Бидејки немаме четувано преку МСН ке те анализирам само преку постовите.Значи вака... според постовите (многуте се во играчница) ти си забавна личност. Ја сакаш музиката (песна која ја слушате - тука забележав многу постови) значи тоа те прави и многу весела личност. Музиката ја поттикнува и креативноста па така да имаш и жичка од оваа убава особина. Во последно време имаш доста постирано во “Совет за ЧПТ’’, а и по другиве посериозни теми - сакаш да помогнеш на луѓето. Според еден пост што го имаш напишано за стилот, сакаш да се уклопиш во околината. Ги сакаш прошетките, дружењето - комуникативна си. Толку успеав да извадам до сега. Поздрав
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Ај да пробам со Ангелче... аватар и потпис звучи како девојка која знае како да се забавува,која е самостојна и на која не и пречи околината што ќе каже за неа што е стварно ретка појава за нашиве простори :cuc: Интересен спој на самостојност и дружељубивост...едноставно се обложувам дека си една од најомилените во друштвото...во љубовта има уште многу да научиш така да не се обесхрабрувај ти си на почетокот на љубовниот живот...и за крај ти си една Битолчанка која сака и што е најважно знае како да се забавува...само продолжи така...со среќа :smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ај сега некој мене да ме психолизира:)))),редно беше :)
`Ангелче`
Девојка за која можам да кажам дека има изградено свој стил и некако се обидува да го наметне неприметливо. Најактивна на форумот за мода и убавина, постојано со нови идеи како треба да изгледа некоја личност. Имам некое чувство дека ако оваа девојка не се занимава со мода ќе погреши многу.

Девојка која сака да се забавува, судејќи според нејзините посети на играчница како и нејзините постови за оние места каде излегува, како и фактот дека сака да патува. Она што ми е на мене лично контрадикторно се нејзините аватари. Ми даваат изглед дека некако се чувствува осамено... а нејзините потписи некако блештат со забава и возбуда.

Резервирана и таинствена кога е во прашање нејзината приватност. Сепак добар и искрен пријател, постојана и трпелива кога се во прашање другите...ама внимавајте да не и стапнете онаму каде што не треба. Издржлива во своите намери и идеи.
Единствена негативност на нејзината личност,предизвикува нејзиниот хороскопски знак, односно само избувливоста...за која не сум сигурна дека е нејзина карактеристика. Меѓутоа тврдоглавоста е нешто што и помага во одредени ситуации, но може и да и одмогне во многу други кои и се битни.
:smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Има некој кој ќе се нафати на мојата личност? :)
Еве јас ќе пробам...
Прво што ми се виде интересно беше никот. Ама знам и зошто ја сакаш Струмица толку. Бев кај една колешка таму и ти признавам љуборна сум на ноќниот живот што го имате. А и дневната шема ви е супер. Сигурно нема да претерам ако кажам дека си друштвен и пријателски настроен кон сите. Духовитоста и отвореноста претставуваат огромен плус при склопување нови познанства и пријателства. Среќни се оние кои те имаат во близина поради твојот оптимизам и надежта, а исто така и добрата волја.

Сакаш да патуваш и да запознаваш други култури и обичаи. Ги сакаш религијата и филозофијата, а богами и правото. Нормално дека сакаш брзи и бесни автомобили...а кој не. Оттука сметам дека доста ги цениш и сакаш слободата и независноста. Имаш некоја интересна интуиција која многупати се покажала како точна..поправи ме ако грешам. Го кажуваш она што го мислиш нема кај тебе вака или онака.
Можеби си посесивен кога се работи за љубов, а можеби и не...не можам точно да кажам. Отворен и секогаш расположен за нови идеи. Од она што успеав да прочитам од тебе сметам дека главна одлика ти е експанзивноста!!!:smir:
 

Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
heh,jas vo realnosta sum mnogu poinakov od narkos,kako alter-ego mi e :P
bas sakam nekoj da go analizira narkos,ako moze
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
I mene i mene i mene use edna analizi4kaaa :vozbud:
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
girlll

Се смета за луда девојка, предодредена да прави работи кои се надвор од нормите на општеството во кое е сеуште заробена, бидејќи е, сепак, многу млада. Иако навидум, искрено, изгледа како сеуште неисковано девојче на кое уште треба да се превземат воспитни мерки, знае да изненади со некои нејзини мислења. Посебно за љубовта, поле на кое е веќе искусна. Врска со партнер од друг град, врска исполнета со љубов, е сега нејзината главна преокупација. Доволно има страдано, а со тоа заклучувам, и доволно научено за животот. Осеќам за некоја година нејзиниот темперамент ќе се смири, но она детското во нејзе сеуште ќе остане. Често сака да избега од проблемите бидејќи едноставно нејзе и е поважно добро да се забавува и секој ден да го живее како последен, иако верува дека тоа нема да биде наскоро. Пламенот кој го има на аватарот, го поврзувам со нејзиниот бурен и неуморлив темперамент, а истовремено со љубовта која ја чувствува за нејзиниот Bowo (?!).

Се надевам дека барем нешто погодив. ;)
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
не е фер,одамна чекам некој да ме анализира али се едни исти се анализираат...:nesum:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
не е фер,одамна чекам некој да ме анализира али се едни исти се анализираат...:nesum:
Да пробам јас ако не се лутиш...
Мери Џејн...бунтовник...аватар и потис ме насочуваат на тоа....сакаш тапани,мојот омилен инструмент,искрена личност до толку што некои го злоупотребуваат тоа,девојка без стоп,девојка што мрази препреки,забрани едноставно ти си некое лајт хипи движење...обична девојка без некои посебни барања во животот едноставно само тоа што е нормално...ах љубовта знам дека боли но тоа е тоа,знаеш да дадеш искрена љубов но твојот сплет на околности во моментов не е таков...но мислам дека таква љубов некој мора да ја почуствува...ти посакувам да останеш позитивна и полна со љубов каква што си...некој мора тоа да го забележи кај тебе...со среќа :smir:
...мислам дека нешто погодив
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
не е фер,одамна чекам некој да ме анализира али се едни исти се анализираат...:nesum:
Еве јас ќе те анализирам...
Ми гледаш како интересна девојка која тврдоглаво го брани својот поглед на работите. Дружељубива и искрена, исто така и вљубеник во уметноста.

Бунтовна и нескротлива по природа, а сепак сакаш едноставни работи. Многу често те задоволуваат и најобични ситници, но сепак ти нема да бидеш ти ако не очекуваш и нешто повеќе барем од оние поблиските. Потајно си романтичар и го очекуваш истото и од партнерот. Знаеш да изненадиш исто како што сакаш да бидеш изненадена. Девојка која сака да се забавува и сака да биде опкружена со позитивни личности како нејзе. Периодов можеби и не ти е нај нај кога се работи за љубовта... но знам дека ти брзо ќе се вратиш во форма зошто не можеш да поднесеш да се гледаш во такви ситуации.

Продолжи да бидеш она што си. Оние кои те сакаат те прифатиле таква и верувај дека сакаат и таква да останеш. Мислам дека нешто ти погодив...понатаму ќе напишам повеќе.:smir:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Да видам дали кики можам да ја откријам...
...одличен аватар уште подобар потпис под никот,кажува дека си самостојна сакаш да правиш работи кои ти ги сакаш па дури и да се забранети...но под тоа диво лице сепак се крие една романтична душа која се би дала за едно романтично доживување со некој што ти значи...љубовта ти е малку чудна,како да не знаеш што сакаш па дури и не кажуваш зашто девојките бараат повеќе пати да се пуштаат машките :pos:...шала на страна интересен склпо на добри карактеристики,нешто што навистина се цени кај тебе од страна на твоето друштво...одлична си продолжи така но мислам дека треба поспонтано да ги решаваш проблемите без многу замарање за твоите 20 години...со среќа :smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
И на барање на BusHav еве една за него...
Како аватар имама ставено едно доста бушаво човече што ми личеше на него до пред извесно време. После реши да менува имиџ изгледа нешто го удри во глава поговорката "Долга коса, краток ум":pos2:
Како и да е тој сепак си остана свој. Постојано насмеан, верен на своите вицови, не е за џабе неговиот прекар подвижна вицотека. До сега не сум приметила дека бил нешто посебно сериозен или пак засегнат со некое прашање. Секогаш проблемите ги решава на смеа и шала..весел тип на човек.

Тоа што лично мене ме нервира е што не можам да му се налутам за ништо. А верувам и со повеќето е така. Ќе ти каже се што мисли на свој начин а тебе ти останува да се подзамислиш што мислел тој со тоа. Знам дека е доста тврдоглав и упорен кога ќе замисли да направи нешто тоа и го прави.
Е па BusHav мислам доста беше. ај сега да ми кажеш некој виц да се насмеам:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom