Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Да пробам со Crazy in love да видам дали сум во форма :pos2:
Заљубено маче...интересно провокативно заедно со аватарот типично за една 18 годишна Скопјанка која се уште е малку збунета од се она што се случува околу неа со голена брзина...одличен баланс на нештата но со големи желби или попросто даваш многу љубов на луѓето но истата и очекуваш да ти ја вратат...Слободна девојка во размислувањата,без онаа типична шмизлост за скопјанка...како и да е внимавај да не изгориш во онаа љубов што ја шириш наоколу затоа што се помалку луѓе има што тоа искрено го ценат
...со среќа :smir:
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ko za kraj bi posakal edna psihoanaliza od ada i od nikoj drug ...

Fala
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Crazy P0Y0L.

Сигурно еден од најинтересните личности кои го посетуваат форумот. Според постовите, лесно се забележува дека од конфликти со други членови не бега, и едвај чека да се соочи со конфликт. Барем така мислев додека не го запознав во RL. :) Тој е сосема друга личност во вистинскиот живот. Мирен, со добра смисла за хумор и можеби е сосема спротивно од тоа што сака другите да мислат за него.
Нема аватар, што може да значи дека неговото вистинско лице си го чува за себе. За Појол не може баш да се каже дека е трпелив. Тоа што го сака, тој и го добива, во спротивно - ќе има последици.:):)
Многу време троши на темите за фудбал, и навива за Интер. Си го брани тоа што е свое. Беше баниран пред неколку месеци, поради тоа што стоеше на неговиот став, и не го менуваше истиот, што е реткост овие денови. Секоја чест за тоа.:)

Како прва анализа, I think I did well. Аnyhow, останува до анализираниот да ме оцени. :smir:
 
Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Било кој,било кој,ако може да напраи една психоанализа.
Пола од мислењата на темава се ја како кукам за анализа,не ви здосадив?:zid::nerfoz:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Било кој,било кој,ако може да напраи една психоанализа.
Пола од мислењата на темава се ја како кукам за анализа,не ви здосадив?:zid::nerfoz:
Ајде,јас ќе пробам...

Мислам дека си упорен човек...кога сакаш нешто,долго се трудиш да го добиеш тоа...Сепак сметам,дека самодовербата не е твоја главна карактеристика...Мислам дека имаш тука мал проблем и страв ти е да се откриеш целосно,можеби за да не бидеш повреден,не знам.
Сликањето е твоја пасија,кога сликаш се осеќаш сигурно и задоволно,влегуваш во твој свет и тогаш ти е најубаво.Иако си позитивен и сакаш да се дружиш,мој совет е малку да се опуштиш,да не се стегаш во комуникацијата со другите.
Имаш добра душа,те интересираат многу работи и мислам дека си пријатен соговрник,бидејќи имаш познавања од повеќе области и не се ограничуваш само на една област.

Не знам многу за тебе,па затоа тука ќе ја завршам анализата.
 
Не кукам више......бар наредниве 2 недели:pos2:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Добро бе и ја ли треба да кукам со саати тука за една асална анализа? Ај сакаааам анализа :se_ molam.
Ама убава една од оние форумџивките шо праат асални анализи, ајт бидет добри форумџивки и една за мене плис ај плис. Ај вуд бе вери грејтфул!
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
Не знам дали спаѓам во форумџиките што прават убави анализи ама ете ќе пробам... :)

Не те имав забележано на форум баш и покрај тоа што имаш над 1000 и кусур мислења. Ми остави впечаток сега во последниов период на темите за музика.
Може да се заклучи дека си човек со голема самодоверба, цврсто се држиш до твоите ставови и се браниш со аргументи, примери и сите работи кои би ти послужиле за да и докажеш на другата страна дека си во право. Ретко признаваш порази, горделив си и тврдоглав. А баш овие особини некогаш знаат да бидат одлична формула за успех.
Не сакаш многу да се трудиш за некои работи, гледаш да си ги олесниш колку што е тоа возможно. Ги сакаш едноставните работи. Ги почитуваш мислењата на останатите, но не можеш да се дружиш со премногу сериозни луѓе, луѓе кои немаат смисла за хумор.
Работите треба да се одвиваат спонтано, не се замараш со големи планови ниту водиш трка со животот. Едноставно оставаш да тече.
Мразиш стереотипи, а сепак се бунтуваш кон она што не ти се допаѓа. Извонредно знаеш да ги кажеш работите директно, лесно, без да вртиш одоколу а сепак тоа да не изгледа навредливо. Понекогаш се прекоруваш самиот себеси заради некои непромислени постапки за кои подоцна се каеш. Љубопитен си доста и сакаш да истражуваш работи што речиси никој не ги знае, а сите имаат голем интерес да ги откријат. Скромен си, немаш некоја желба да бидеш во центарот на вниманието ниту да се истакнеш на некој посебен начин. Делуваш смирено и се однесуваш културно како секој човек со принципи.
Ги цениш вистинските нешта и оние за кои е вложено многу труд. Уметноста е важна за тебе и треба да го достигнува врвот во својата бранша за некое дело да биде достојно да ја има твојата почит.
Не можеш да си го замислиш животот без пријатели но ако навистина некој ја изневери твојата доверба прекинуваш со него засекогаш бидејќи тој навистина не вреди да ги губиш нервите за неговите постапки. :smir:

P.S Останатите не барајте анализи, кога ќе имам инспирација за некого ќе напишам самата.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Fantom Oh

Ох.Фантом Ох.Оној што ми дојде од заседа за анализа.Оваа анализа ја правам под закана.:)
Вака...Фантом е познат по тоа што е весел човек.Сака да се шегува и на своја,а богами и на туѓа сметка.За оваа тема би можела да дискутирам низ целата анализа...ај не.:)
Искрено,па и немам оформено некое мислење за тоа каков си во суштината на тој Фантом во тебе.Немам досега забележано некој твој став или мислење за некоја посериозна тема на разговор,ти си секогаш тука да ја `оладиш`ситуацијата со твојот хумор.
Во иднина те гледам како спортски коментатор или водител на Панкд серијал,што и не е лошо.Демантирај ме ако грешам,тоа е мое мислење.Очекувам,не,сигурна сум дека со текот на времето ќе го променам овој став,сепак,некои работи се вистина што ги велат постариве-за се е потребно време,тоа е клучното кај тебе.
Од оној мал разговор што го направивме,забележав дека покрај тоа што си комуникативен и дружељубив,најчудно е што и покрај целиот тој муабет,не успеав да создадам некоја претстава во главата за тебе.Вешто и откриваш,но и сокриваш.
Фантом е тврдо оревче:)))мислам во конотација на тврдоглавост.Фантом е бунтовник,водач на нашава генерација,упорен дечко што го исполнува тоа што го наумил и го ветил.Ова доведува до заклучок дека е лојален.
Како доблест би ја споменала искреноста.И на моменти претерана.Јас ги ценам таквите,што не га замачкуваат ситуацијата пред очи.Подобро е да се гледа сиво,отколку розово понекогаш.
За крај,еден добронамерен совет кој излезе од сиот тој впечаток што го имам за тебе-незаинтересираноста и рамнодушноста знаат да бидат добри сојузници,но лоши водачи.Некои луѓе се родени да се борат во таа битка,а некои да набљудуваат од далечина,да се смешкаат и да не превземат ништо околу тоа.Јас те гледам како воин,а не како набљудувач од страна.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не знам дали спаѓам во форумџиките што прават убави анализи ама ете ќе пробам... :)

Не те имав забележано на форум баш и покрај тоа што имаш над 1000 и кусур мислења. Ми остави впечаток сега во последниов период на темите за музика.
Може да се заклучи дека си човек со голема самодоверба, цврсто се држиш до твоите ставови и се браниш со аргументи, примери и сите работи кои би ти послужиле за да и докажеш на другата страна дека си во право. Ретко признаваш порази, горделив си и тврдоглав. А баш овие особини некогаш знаат да бидат одлична формула за успех.
Не сакаш многу да се трудиш за некои работи, гледаш да си ги олесниш колку што е тоа возможно. Ги сакаш едноставните работи. Ги почитуваш мислењата на останатите, но не можеш да се дружиш со премногу сериозни луѓе, луѓе кои немаат смисла за хумор.
Работите треба да се одвиваат спонтано, не се замараш со големи планови ниту водиш трка со животот. Едноставно оставаш да тече.
Мразиш стереотипи, а сепак се бунтуваш кон она што не ти се допаѓа. Извонредно знаеш да ги кажеш работите директно, лесно, без да вртиш одоколу а сепак тоа да не изгледа навредливо. Понекогаш се прекоруваш самиот себеси заради некои непромислени постапки за кои подоцна се каеш. Љубопитен си доста и сакаш да истражуваш работи што речиси никој не ги знае, а сите имаат голем интерес да ги откријат. Скромен си, немаш некоја желба да бидеш во центарот на вниманието ниту да се истакнеш на некој посебен начин. Делуваш смирено и се однесуваш културно како секој човек со принципи.
Ги цениш вистинските нешта и оние за кои е вложено многу труд. Уметноста е важна за тебе и треба да го достигнува врвот во својата бранша за некое дело да биде достојно да ја има твојата почит.
Не можеш да си го замислиш животот без пријатели но ако навистина некој ја изневери твојата доверба прекинуваш со него засекогаш бидејќи тој навистина не вреди да ги губиш нервите за неговите постапки. :smir:

P.S Останатите не барајте анализи, кога ќе имам инспирација за некого ќе напишам самата.
Ко буквар ме прочита, ко детски буквар браво
10 за ова:vozbud::vozbud::smir:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Crazy P0Y0L.

Сигурно еден од најинтересните личности кои го посетуваат форумот. Според постовите, лесно се забележува дека од конфликти со други членови не бега, и едвај чека да се соочи со конфликт. Барем така мислев додека не го запознав во RL. :) Тој е сосема друга личност во вистинскиот живот. Мирен, со добра смисла за хумор и можеби е сосема спротивно од тоа што сака другите да мислат за него.
Нема аватар, што може да значи дека неговото вистинско лице си го чува за себе. За Појол не може баш да се каже дека е трпелив. Тоа што го сака, тој и го добива, во спротивно - ќе има последици.:):)
Многу време троши на темите за фудбал, и навива за Интер. Си го брани тоа што е свое. Беше баниран пред неколку месеци, поради тоа што стоеше на неговиот став, и не го менуваше истиот, што е реткост овие денови. Секоја чест за тоа.:)

Како прва анализа, I think I did well. Аnyhow, останува до анализираниот да ме оцени. :smir:
bleh,my young albo....
i still love you :pipi:

ај сега ако сака некој од поискусните во оваа област да ме анализира...така убо широко...:)
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Луди Милојко, а зашо ти не поработиш на слушај малку?

Не заборавајте дека ова би требало да бидат ПСИХОанализи. Не се бара стручност, духовитоста и перцепцијата се на испит, ама гледајте да бидете издржани во вашите трудови. :)

Крејзи Појол, до сабајле да имаш анализирано едно 7 луѓе зашо ќе те банирам од тема и че те запалим :) Доста само бараш анализи....

Почни со мене :)
 
Commando

Единство-Активизам-Сила
Член од
12 јули 2007
Мислења
426
Поени од реакции
2
Ај и мене ако може една опислива(асална) ПСИХОанализа...:smir:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Луди Милојко, а зашо ти не поработиш на слушај малку?

Не заборавајте дека ова би требало да бидат ПСИХОанализи. Не се бара стручност, духовитоста и перцепцијата се на испит, ама гледајте да бидете издржани во вашите трудови. :)

Крејзи Појол, до сабајле да имаш анализирано едно 7 луѓе зашо ќе те банирам од тема и че те запалим :) Доста само бараш анализи....

Почни со мене :)
не бе дуде...лугево немаат почит,јас анализирам тие ми бришат постови...тебе ке те анализирам ама не денес,btw ти ми имаш ветено една психоаналка :) пред мн време...
и да,не пишувам дур не ме анализираат бада,пикасо...ова де Серпико и некој од резорблејд или ада...:helou::back::toe::nesum:
 
зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Ај сега некој мене да ме психолизира:)))),редно беше :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom