НЕ ПОСТОИ ДОБАР РАЗВОД

Дали разведен/разведена е титула или пораз?

  • Титула

    Гласови: 2 5,4%
  • Пораз

    Гласови: 23 62,2%
  • Зависи ( објасни )

    Гласови: 13 35,1%

  • Вкупно гласачи
    37
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 април 2021
Мислења
3.415
Поени од реакции
11.234
Добро ете затоа америчките судови работат на родова еднаквост и таму им давај мат.

Кога ќе ја видам жената цел живот да работи на градилиште да диши бои, цемент, битумен, да биде аутомеханичар со плива со рацете во уље и тоа да го диши, да работи како лакер, молер, да инхалира што ли не.

Тогаш тоа да ми го спиредиш со тие 9 месеца бременост кои не се ни патолошка состојба.

Мат енде!
Па очигледно дека ќе бидат дискриминирани ако работат на градилиште затоа што никогаш нема да бидат доволно добро ко мажите. Како и да ја вртиш нема да ја погодиш. :D
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.862
Поени од реакции
2.076
Ова е само перспектива заснована на твое лично искуство. Искуствата може многу да варираат. Еве во 2024 година во делови од Авганистан имаш сеуште ограничување по прашање на образование на девојчиња и слобода на движење и изразување на жените. Во Саудиска Арабија, жените сеуште мора да бараат "дозвола" од нивните машки старатели за многу активности. Јемен, има една од највисоките стапки на детски бракови, со дури 32% девојчиња кои се венчале пред 18 годишна возраст. Учестовото на жените во работната сила на Индија, според Светската Банка, во 2021 година изнесува само 23%, во Египет околу 22%.

И сега ти може ќе речеш тоа се екстремно уназадени земји на планетава и не се достојни за дискусија. Молам? Зошто? Овие примери ја ислустрираат тековната борба на жените за своите права. Ова што го гледаш во 2024 година, се случувало и на просторите на Европа до скоро врмее.
Ти ги спомна САД, и не се работи само за моето искуство, туку и за фактот дека со закон е загарантирана иста плата во исти услови уште од 1963 година. Што се однесува до земји како Авганистан, Јордан, Саудиска Арабија, Египет, и Индија, жените можат сами да се борат за своите права, без потреба мажите да им објаснуваат како да го направат тоа. Како викаат феминистите, mansplaining.
Телесна автономија е кога бременоста значително влијае на здравјето, иднината и животните избори на жената. Што се однесува до делот кај што и мажите имаат право на збор, вистина е дека и двајцата партнери придонесуваат за зачнувањето дете и имаш и такви жени кои се поинклузивни кога станува збор за ова прашање, па сметаат дека и мажите имаат право на лични чувства и мислење кога е во прашање абортус. Но, на крајот дали мажот треба да се вклучи во донесувањето на конечната одлуката или не, зависи првенствено од жената, пред се поради нејзината физичка инволвираност во сето тоа и потенцијалните ризици по здравјето и нејзината лична иднина. Затоа секогаш е пожелна отворена комуникација меѓу партнерите за личните желби и прашања поврзани со иднината. И двајцата партнери треба се слушнати и почитувани во дискусиите за бременост и планирање на семејство пред да дојде до бременост.
Тоа што го објаснуваш е ризична или критична бременост. Автономијата значи ти да одлучуваш што ќе се случи со бебето во утробата. Тоа е сосема различно. Не ме интересираат празни зборови, туку конкретни закони. Во ниту еден западен закон за абортус не се бара согласност од таткото дали сака бебето да се задржи. Не првенствено, туку единствено. Мора да бидеме прецизни со зборовите.
Можеби жените имаат привилегија да заминат, но не може да кажеш дека не се соочуваат со предизвици кога е во прашање војната. Не е лесно да се селиш од еден на друг крај на светот, а многу од нив се соочуваат и со уште потешки предизвици, како што е распад на семејството, и живеење во екстремно тешки услови за живот. Војната не е убава за никого, и двата пола се соочуваат со тешки последици, иако можеби на различни начини.
Станче социјално на запад во споредба со ров пола закопан во кал без никаква хигиена со недели и месеци, наполнат со вода полу замрзната и пука артилерија околу тебе и голема шанса е да не се разбудиш насабајле. Да не си играме бајрам. Ако не е толку голема разликата што не останат и волонираат жените и да ги пуштат мажите во социјалните станчина.

Ако нешто не е загарантирано со закон, тоа е исто како писмо до Дедо Мраз. Може да го користиш само за да си гo избришеш "задното дебело месо", да го цитирам Ѓорѓи Колозов.
Автоматски споено мислење:

Ок,фер инаф.

Ама да си стфорите сфоју разумну слику,треа да прочитате обичаи од различни културе и цивилизацие,а не да мислите дека само тој што е ваше е правилно и вистинско.
Тој ме наише нервира куде сфи,родиф се на некое место и оп, тој место е библиско,чоузенван пипл,сфе друго е ерес,бла бла.

Бракови,венчање,круне и прстени су постојале у најразлични племиња,помали и поголеми цивилизацие и културе.Маи,Викинзи,Египќани,давање завет,потпис.Не е тој од рано Христијанстфо.

Религија има двоен ефект.
Јес да не апдејтира и усоврши да бидемо тој што смо,едно современо општестфо.Ама па од другу страну не подели на ваши и наши и се дешава судар на религие и културе и ке си извадимо очи меѓу себе за некое си верување у недокажано.
Точно за различни култури и различни обичаи, на пример викинзите практикувале размена на дарови и мечеви, сродување на фамилии и племиња. Во древен Египет, спојувањето на мажот и жената бил со потпишан договор и то, ни церемонии, ни заклетви.

Размена со круни како што е во Православната црква, има неколку што може да се каже слични од древна Индија и Израел (не баш идентични), али не е општо прифатено насекаде.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.415
Поени од реакции
11.234
Ти ги спомна САД, и не се работи само за моето искуство, туку и за фактот дека со закон е загарантирана иста плата во исти услови уште од 1963 година. Што се однесува до земји како Авганистан, Јордан, Саудиска Арабија, Египет, и Индија, жените можат сами да се борат за своите права, без потреба мажите да им објаснуваат како да го направат тоа. Како викаат феминистите, mansplaining.
Ама ти пак тоа. Ти кажав дека законот за еднакви плати од 1963 година е навистина значаен чекор кон постигнување на еднаквост на платите во САД, но важно е да се признае дека имплементацијата и спроведувањето сè уште варираат.

Можеле сами да се борат...Како да се борат кога не смеат на училиште да одат девојчињата? Они имаат законски реперкусии и ограничување на основни права на живот, па за правата можеле да се борат. :unsure:

Тоа што го објаснуваш е ризична или критична бременост. Автономијата значи ти да одлучуваш што ќе се случи со бебето во утробата. Тоа е сосема различно. Не ме интересираат празни зборови, туку конкретни закони. Во ниту еден западен закон за абортус не се бара согласност од таткото дали сака бебето да се задржи. Не првенствено, туку единствено. Мора да бидеме прецизни со зборовите.
Па не е тоа ризична бременост, туку тоа се реални последици од било која бременост. Најлесно е да го направиш детето и да си заминеш. Жената е таа што на крајот останаува со детето, ама тоа ти како маж очигледно дека не го размислуваш. Исклучоци се секако зрели поединци, за кои спомнав погоре дека заеднички треба да размислуваат и учествуваат во планирањето на семејството. Не може да постои закон таткото да одлучува за абортус, затоа што е тоа дискриминација и непочитување на жената и целосно нејзино објективизирање. Е дури тогаш жените ќе се користат како машини за расплод и ништо повеќе.

Станче социјално на запад во споредба со ров пола закопан во кал без никаква хигиена со недели и месеци, наполнат со вода полу замрзната и пука артилерија околу тебе и голема шанса е да не се разбудиш насабајле. Да не си играме бајрам. Ако не е толку голема разликата што не останат и волонираат жените и да ги пуштат мажите во социјалните станчина.

Ако нешто не е загарантирано со закон, тоа е исто како писмо до Дедо Мраз. Може да го користиш само за да си гo избришеш "задното дебело месо", да го цитирам Ѓорѓи Колозов.
Додека дојдат до станчето социјално, исто треба да поминат низ кал, без храна и вода, и низ брдо и решето. Не им паѓа од небо.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Добро ете затоа америчките судови работат на родова еднаквост и таму им давај мат.

Кога ќе ја видам жената цел живот да работи на градилиште да диши бои, цемент, битумен, да биде аутомеханичар со плива со рацете во уље и тоа да го диши, да работи како лакер, молер, да инхалира што ли не.

Тогаш тоа да ми го спиредиш со тие 9 месеца бременост кои не се ни патолошка состојба.

Мат енде!
...вие да имате ПМС и месечно да крварите и тоа со години, нема да издржите психолошки ниту еден месец, а да не се пореметите, земајќи примери како мажот реагира за банална настинка, но ,,машките " работи кои бараат грубост и мускулна маса и треба мажите да ги извршат, а не жената за тоа се сложувам, но не се сложувам да величите дека жената е повластена во животот во однос на мажот.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.853
Поени од реакции
8.398

Колку оф топик глупости на едно место. Тоа е чудо.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Колку оф топик глупости на едно место. Тоа е чудо.
...јебига, с ким си, такав си!

...да се рече ,,глупости" на соговорник на форумско пишување, па одозгора и женско џабе ,,шкоља", ете тие 7 години се мнооогу значајни за да не дојде во иднина ,,Развод" било тој да е добар или лош, јеби га, развод е тужна ствар на непризната грешка од минатото, проголтана кнедла!
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.435
...вие да имате ПМС и месечно да крварите и тоа со години, нема да издржите психолошки ниту еден месец, а да не се пореметите, земајќи примери како мажот реагира за банална настинка, но ,,машките " работи кои бараат грубост и мускулна маса и треба мажите да ги извршат, а не жената за тоа се сложувам, но не се сложувам да величите дека жената е повластена во животот во однос на мажот.
Немаш мочано со надрвен, затоа така збориш.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
558
Поени од реакции
1.092
Koga ja donesov zenata so deteto nagore se imav dobro so 3ca civilizirani turci i mi rekoa dobro da razmislam bidejki.....
Edniot plaka 600 € na zenata i dve deca
Vtoriot 400€ vika imav sreka toa e minimumot se dogovoriv
A tretiot plaka 1000 € mora da vozi kamion bidejki so prosecna plata nemoze da prezivee.....
I do denes slusam site sto gi nosat zenite ovde, zenite se razveduvaat vednas i se dobivaat od drzavata a mazite se ostaveni sami na sebe so visoki alimentacii, ima i slucai kade sto zenite isceznuvaat go ostavaat mazot kaj deteto bidejki sakat da ziveat...
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.862
Поени од реакции
2.076
Ама ти пак тоа. Ти кажав дека законот за еднакви плати од 1963 година е навистина значаен чекор кон постигнување на еднаквост на платите во САД, но важно е да се признае дека имплементацијата и спроведувањето сè уште варираат.
Постигната е еднаквоста, од 1963та. Се останато е тантрум на феминисти.
Можеле сами да се борат...Како да се борат кога не смеат на училиште да одат девојчињата? Они имаат законски реперкусии и ограничување на основни права на живот, па за правата можеле да се борат. :unsure:
Оди ти бори се за нив чим се секираш за нив. Мене ме интересира Македонија и Америка. Се останато нека се секира некој друг.
Па не е тоа ризична бременост, туку тоа се реални последици од било која бременост. Најлесно е да го направиш детето и да си заминеш. Жената е таа што на крајот останаува со детето, ама тоа ти како маж очигледно дека не го размислуваш. Исклучоци се секако зрели поединци, за кои спомнав погоре дека заеднички треба да размислуваат и учествуваат во планирањето на семејството. Не може да постои закон таткото да одлучува за абортус, затоа што е тоа дискриминација и непочитување на жената и целосно нејзино објективизирање. Е дури тогаш жените ќе се користат како машини за расплод и ништо повеќе.
Ако не може маж да каже за абортус, тогаш и не треба да е финансиски обврзан кога жената избира да го има детето. Жените треба да си ги прифатат своите лоши одлуки и да не чекаат на тацне од мажите за се.
Додека дојдат до станчето социјално, исто треба да поминат низ кал, без храна и вода, и низ брдо и решето. Не им паѓа од небо.
Дали стварно споредуваш мажи што умираат на фронт во катастрофални услови со "маките" на жените што комотно може да си излезат од граници. Живееш во илузија.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.113
Поени од реакции
30.180
Еве 3 примери што мажите треба да ги прифатат, а не се исти со жените.
  1. Воена обврска: Во многу земји, мажите се обврзани на задолжителна воена служба, додека жените не се обврзани или имаат ограничени барања (на пр., САД, Израел).
  2. Закони за старателство: Во некои земји, законите за старателство сè уште ги фаворизираат мајките над татковците кога станува збор за малолетни деца, иако ова се развива во земји како САД, каде што судовите се стремат кон родова неутралност.
  3. Возраст за пензионирање: Во некои земји, возраста за пензионирање е пониска за жени отколку за мажи. На пример, до неодамна, многу европски земји имаа различни возрасти за пензионирање за мажи и жени, иако ова постепено се изедначува во ЕУ.
Ова е фаворизација на жените. После феминизмов, јас би да се укинат овие, нели еднаквост.
Првото за Израел баш не ти е точно, а инаку ако зборуваме за некои земји, па, во некои земји жена не смее сама на улица да излезе. Во некои земји немаат жените право на образование.

Не е поентата да играме олимпијада на сиротиња.

На темата, не постои никогаш добар развод, но за жал постојат лоши бракови.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
144
Поени од реакции
247
Не постои добар развод, ко божем некој ги доживеал сите разводи од како постои бракот до денес. Знам луѓе и тоа мажи кои сакале да се разведат и топ им било после. Барем 3-4 примери. Ќе си најдат друга жена и си тераат. Кога не иде не иде.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.933
Поени од реакции
12.328
...

На темата, не постои никогаш добар развод, но за жал постојат лоши бракови.
Не секогаш, на пример богатите и славните неретко се разведуваат претежно поради даночни причини, ако веќе им тропа даночната управа на врата, подобро барем едниот од брачните партнери да се спаси, а со тоа да го спаси и богатството.

Не секогаш, но не е ретка појава.

Дури и познавам пример на брачни партнери кои се разведоа бидејќи открија дека мажот го бендисала една баба од странство богата колку што беше стара, па се разведоа овие двајцава, отиде мажот да живее со бабата таму во странство, ја наследи бабата откако почина и еве го денес повторно си живеат заедно со госпоѓата негова со која се разведоа претходно исклучиво поради материјални интереси.
 
Последно уредено:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.862
Поени од реакции
2.076
Првото за Израел баш не ти е точно, а инаку ако зборуваме за некои земји, па, во некои земји жена не смее сама на улица да излезе. Во некои земји немаат жените право на образование.

Не е поентата да играме олимпијада на сиротиња.

На темата, не постои никогаш добар развод, но за жал постојат лоши бракови.
Ти не си во Израел ни во други земји, така да шлајфоваш на празно со репликава. Одговорот беше на поставено прашање.

Постојат лоши бракови, многу од нив за жал паѓаат на Западна илузија за љубовни бајки и РонКом дизентерија.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.113
Поени од реакции
30.180
Ти не си во Израел ни во други земји, така да шлајфоваш на празно со репликава. Одговорот беше на поставено прашање.

Постојат лоши бракови, многу од нив за жал паѓаат на Западна илузија за љубовни бајки и РонКом дизентерија.
Тоа дали сум/не сум/сум била не можеш да тврдиш за мене, а да изнесуваш примери ти самиот истовремено за примери од некои земји.
Ова е форум, секој може да се надоврзе со реплика.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.862
Поени од реакции
2.076
Тоа дали сум/не сум/сум била не можеш да тврдиш за мене, а да изнесуваш примери ти самиот истовремено за примери од некои земји.
Поблиску сме опшествено со Украина или со Израел?
Ова е форум, секој може да се надоврзе со реплика.
Обично репликантите се во тек со разговорот. Мојот одговор беше насочен кон една корисничка на форумот која не беше запознаена дека од мажите се очекува едно, а од жените друго.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom