И тоа како се (веќе беа) армија.
Военото крило им е поделено на гранки, имаат дури и воздухопловна гранка (летање дронови).
Во составот имаат артилериски оддел, ПВО, морнарички и сл.
Во суштина се (беа) хибридна сила, употребувајќи што каде ќе затреба.
ИСИС иако на располагање имаа тенкови, дури и авиони (не ги искористија), никогаш не беа ни приближно на ниво на армија, ја немаа потребната структура.
Електронските мерки не им можат ништо на крстосувачки проектили како Сторм Шедоу, бидејќи истите се наведувани од внатрешна навигација. Пред да бидат истрелани, им се внесува траекторијата и
мапата и проекилите тераат по тоа. Не може никако да бидат електронски попречени.
Објаснувањето зошто нема или се ретки нападите со Сторм Шедоу е заради што имаат многу мала селекција на мети плус веројатно ограниченоста на истите. Малата селекција на мети е намалена и од Русите заради што се имаат адаптирано да не прават големи и значајни мети. И дури и да ги има, веројатно се добро штитени од point ПВО, како Панцир.
Од друга страна пак, не гледаме ни многу Руски напади со крстосувачки ракети, што го зборува истото и за Украинците. Зголемена ПВО, адаптирани да не имаат значајни мети и сл.
Најидеални против ниско-летечки објекти и мали летечки објекти.
Да правеа Ерменците како што беа советувани од Русите и да набавеја Тунгуска и Панцир, можеби и ќе победеа.
Одлични се за штитење на мала територија.