Новата Влада на ВМРО ДПМНЕ/ВРЕДИ/ЗНАМ

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Не бе народот е будала што седи и ќути! Искочи на улица фати тоа политичарите на клоци, ама не затоа не дриблаат ко што сакаат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.369

Тоа е точно, тие кои се незадоволни од политиките на актуелните власти, а истовремено воопшто не гласале за нив имаат морална обврска да излезат на протест против нивните политики, а тие кои исто така се незадоволни од политиките на актуелните власти, а кои истовремено имаат гласано за нив на последните избори имаат морална, граѓанска и лична обврска да излезат на протести против нивните политики.

Токму ако тој/таа кого/која си го/ја гласал(а) не се придржува до ветувањата поради кои си го/ја гласал, треба да излезеш надвор и да му ги плеснеш твојот гнев и твоето незадоволство директно во негово/нејзино лице.

Тоа е вистинска република, општество во кое тие кои гласале за победниците на изборите не им молчат поради било какво чувство на разочараност, очај или срам на тие кои ги гласале откако ќе почнат да отстапуваат од дадените ветувања, туку не ги оставаат да дишат на раат додека не почнат да го реализираат тоа што го ветувале, а не тоа што после изборите им текнало да почнат да го реализираат.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.438
Поени од реакции
2.441

На кој скали се сопнал и добил диплома?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.162

И што аир од излегување на улица, што ќе се постигне. (Македоснкиот народ многу добро го знае тоа и затоа така реагира.)
Во принцип сите протести служат за празнење на социјалната енергија, со протести ништо никогаш не се променило.
Ако многу забегат протестите ќе ти пуштат полиција ќе искрши од ќотек десетици а може некој и да биде “случајно“ убиен, па потоа ќе ти ги пушата Рускоска и Кацарска во стерео па уште и терорист ќе те прогласат, може протест ама кој има јасно дефинирана цел, кој има јасно дефиниран редослед на чекорите кој има предвидено барем 10 чекори однапред што во дадена ситуација.
 
Е па затоа постои граѓанска непослушност, која во пракса е наредниот чекор после ескалација на задушени протести.

Едното сценарио е празнење на социјалната енергија, другото сценарио е понатамошна ескалација.

Во периодот помеѓу ноември 1999 и април 2000, жителите на Чочабамба - четвртиот најголем град во Боливија, излегоа на улиците и не се вратија дома се` до укинувањето на најавената приватизација на водата во нивниот град од страна на властите, а во корист на приватна надворешна компанија.

Имаше протести, блокади, немири, дури и средношколец беше застрелан од страна на војската која беше испратена на улиците за да ги задуши протестите, но жителите на Чочабамба одлучија дека повеќе немаат што друго да изгубат ако веќе ја изгубат и водата - буквално и водата од дождовите им беше забрането да ја собираат. На крајот војската се повлече, а властите ја укинаа најавената приватизација на водата.

Македонците треба да извлечат поука од жителите на Чочабамба и да се потрудат да го следат нивниот пример доколку воопшто сакаат да се смени нешто кон подобро во Македонија.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.162
Е па затоа постои граѓанска непослушност, која во пракса е наредниот чекор после ескалација на задушени протести.
Не постои такво нешто во услови на окупација.

Едното сценарио е празнење на социјалната енергија, другото сценарио е понатамошна ескалација.
Да само за такво нешто потребно е да се знаат правилата на играта (да речеме шах), за сега нема таков играч кој ќе покаже потенцијал за нешто поголемо.

Во периодот помеѓу ноември 1999 и април 2000, жителите на Чочабамба - четвртиот најголем град во Боливија, излегоа на улиците и не се вратија дома се` до укинувањето на најавената приватизација на водата во нивниот град од страна на властите, а во корист на приватна надворешна компанија.
Секој пример е единствен, не може да се преслика на друга ситуација, постои контекст кој е различен па така и методите треба да бидат соодветни на тој контекст/ситуација.

Македонците треба да извлечат поука од жителите на Чочабамба и да се потрудат да го следат нивниот пример доколку воопшто сакаат да се смени нешто кон подобро во Македонија.
Македонците прво треба да изнедрат таква сила - човек/лидер како би можеле да применуваат такви поуки/методи, за жал состојбите се такви што секој таков обид е под удар на оној што ги управува процесите и би рекол дека многу добро го проучил менталитетот технологиите ги знае па резултатот е видлив.
Ова најдобро се виде пред рефередндумот односно од пред и по самиот државен удар, кога ДПсНЕ беше ставена во улога да го амортизира гневот кај Македонците и на тој начин да оневозможи да се креира таква сила, дали свесно или несвесно ја играше таа улога е ирелевантно, резултатот го гледаме сите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.369
Не постои такво нешто во услови на окупација.

Да само за такво нешто потребно е да се знаат правилата на играта (да речеме шах), за сега нема таков играч кој ќе покаже потенцијал за нешто поголемо.

Секој пример е единствен, не може да се преслика на друга ситуација, постои контекст кој е различен па така и методите треба да бидат соодветни на тој контекст/ситуација.

Македонците прво треба да изнедрат таква сила - човек/лидер како би можеле да применуваат такви поуки/методи, за жал состојбите се такви што секој таков обид е под удар на оној што ги управува процесите и би рекол дека многу добро го проучил менталитетот технологиите ги знае па резултатот е видлив.
Ова најдобро се виде пред рефередндумот односно од пред и по самиот државен удар, кога ДПсНЕ беше ставена во улога да го амортизира гневот кај Македонците и на тој начин да оневозможи да се креира таква сила, дали свесно или несвесно ја играше таа улога е ирелевантно, резултатот го гледаме сите.
Прогласена вонредна состојба од страна на властите и војска низ улиците е отприлика исто што и окупација, па сепак тоа не ги спречи Боливијците во 1999 и 2000 година во Чочабамба.

А токму во окупација не важат правилата на играта бидејќи вообичаено окупаторот ги диктира истите.

Ако Македонците чекаат да им дојде некој лидер за да ги спасува, поголеми се шансите дека ќе откријат како да засадат и да израснат дрво кое ќе раѓа златници. Граѓанското незадоволство - доколку постои - треба да биде масовно демонстрирано надвор на улиците без чекање на лидерство, гневот е единствениот лидер, и тоа колективен, а не индивидуален.

Токму пвеводбениците се поединци, исто како и плавите жолтици, а од поединци не треба ништо да се очекува, единствено може да се бара да не одмагаат кога веќе одлучиле дека нема да помогнат.
 
Како постојано терате една те иста агенда?
Македонците/народот е глуп туп и се чека некој од надвор да го спасува неспособен е, не се бања и....

Ако работите се одвиваа според наративот кој го пласирате, овците уште пред векови/милениуми ќе се организираа и ќе се спасеа од волците, ама гледаме дека не оди така, значи нешто фали во вашата перцепција.
Гледаме дека така не оди, значи обидот за манипулација е фаличен.
Па затоа постојат кучиња и овчар кој се грижи и ги чува.

Демократијата е илузија, истата кој како сака ја дефинира меша баби и жаби и на крајот во главите на луѓето имаме невиден хаос.
Демократија во денешни услови се сведува на: седнале една овца и два волка да расправаат што ќе има за вечера.
Во услови кога имаме блекрок и уште 3-4 (х)еџ фонда само се потврдува дека во борбата помеѓу богатите и сиромашните секогаш победуваа богатите и ти прашуваш зошто е така зошто овие не се организираат и нешто сменат, е па не може, треба знаење и ресурси за такво нешто или да чекаме еволуцијата да си го направи своето.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
И што аир од излегување на улица, што ќе се постигне. (Македоснкиот народ многу добро го знае тоа и затоа така реагира.)
Во принцип сите протести служат за празнење на социјалната енергија, со протести ништо никогаш не се променило.
Ако многу забегат протестите ќе ти пуштат полиција ќе искрши од ќотек десетици а може некој и да биде “случајно“ убиен, па потоа ќе ти ги пушата Рускоска и Кацарска во стерео па уште и терорист ќе те прогласат, може протест ама кој има јасно дефинирана цел, кој има јасно дефиниран редослед на чекорите кој има предвидено барем 10 чекори однапред што во дадена ситуација.
Од вакви мислења си патиме. Како бе што ќе постигнеш со протест? Земи пример во Бразил кога власта го качи јавниот превоз за наши 10 денари , народот искочи на протест и падна владата! Овде ништо не се менуваа и сите сме абе што ако протестираме? До кога ќе се плашиме ние од политичарите? Наместо тие да се плашат од народот и што ќе ги снајде ако не спроведат тоа што ветиле овде се ќути... Се надевам ќе дојдат некогаш генерации кои ќе ги фрлаат политучарите во контејнери ! Ало излегува на прес и вика со мерката есенска кошница граѓаните заштедиле цели 67 денари. Абе јас да бев ќе си поднесев оставка значи мерката не е добра , а тие се фалат , народ ќути и така.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499

Бразил е друго, Македонија е друго. Да ти објаснам зошто ниту еден протест во Македонија никогаш нема да има ефект во сегашен распоред на сили. Зошто политичките партии или поточно нивното раководство ниту примарно ниту пак секундарно зависно од јавното мислење, туку се зависни од други два фактора Странски претставници ( амбасади ) и локални олигарси/криминални групи. Поради и самиот начин на кој се структурирани самите партии внатре, и позицијата внатре во партијата повторно не ти е зависна од мислењето на сопартијците, туку ти е за зависна од странскиот фактор и олигархија/криминални групи.

Другите проблеми се:
  1. Ти не можеш да протестираш вечно зошто мораш да работиш за живот. Они може да чекаат бесконечно, тоа што си на улица не им прави никаков притисок зошто повторно не губат ама баш ништо.
  2. Имаат комплетна контрола врз медиумите и со тоа со јавниот дискурс.
  3. Во последните 33 години успешно ги размонтираа сите не-партиски организации како и институции кои би можеле да пружат отпор. Како во државата така и во странство.
Земав и сега разгледав во бразил, имаат отворени листи за парламент, директно гласање за сенатори, градоначалници, гувернери и претседател. Во старт огромна разлика од Македонија зошто имаш директно гласање за луѓе наместо за партии. Тоа може да го видиш и во Македонија каде што единствената група која од време на време барем знае да се побуни и да проба да се одметне се градоначалниците.

Сакаш да имаш успешни протести, првин ти требаат силни не-партиски организации организирани околу специфични теми кои политичарите ќе знаат дека нема да можат да ги игнорираат, ти требаат јавни медиуми и јавен простор за дебати, да не можат политичари да е кријат без ниту една дебата во живот. И најважно ти треба политички систем и внатре партиска организирност за јавното/внатрепартико мислење да значи нешто.

Ќе го дадам најасниот пример, Тимчо Муцунски, човек кој никогаш никој не го сакал да му биде претставник за ништо, човек изгласан за најлош професор,нема човек во неговата сопствената партија кој би го измочал да гори. Али неговата кариера оди само нагоре во животот и ниту лични неуспеси ниту пак конкуренција може да му ја успори зошто едноставно ја има подршката од двата најважни столба, странци и олигархија и сум сигурен дека во иднина ќе биде и премиер. Истото важи и за Шеќеринска, Макрадули, итн ... .
 
Знаев дека некој ќе каже остај ти сега Бразил... Ајде оставам земи Албанија која имаше тотална диктатура една тв станица, во се беше назад . Моментално Албанија гази економски , вложува во образование , инвраструктурно е пред нас да не зборам. Косово исто . Само овде ние сме еј уште некаде во Југослаавија , ќути има бетер, распуштен криминален баши бозок. Јас на Тимчо овци не би му дал да чува , а не па министер да биде, на Изет Меџити исто би го избркал одма заедно со вечниот фактор во секоја влада Павле Трајанов... Јас сакам да кажам дека има избор и најжално е што народот бега од државата токму заради погубни политики на партите.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.438
Поени од реакции
2.441
Јас сакам да кажам дека има избор и најжално е што народот бега од државата токму заради погубни политики на партите.
Интересно е избегаа од темава и Небањаните шо беа најгласни,кај се сега да ја коментирет Битпазарскава/ИСИС влада
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.162
Од вакви мислења си патиме. Како бе што ќе постигнеш со протест? Земи пример во Бразил кога власта го качи јавниот превоз за наши 10 денари , народот искочи на протест и падна владата! Овде ништо не се менуваа и сите сме абе што ако протестираме? До кога ќе се плашиме ние од политичарите? Наместо тие да се плашат од народот и што ќе ги снајде ако не спроведат тоа што ветиле овде се ќути... Се надевам ќе дојдат некогаш генерации кои ќе ги фрлаат политучарите во контејнери ! Ало излегува на прес и вика со мерката есенска кошница граѓаните заштедиле цели 67 денари. Абе јас да бев ќе си поднесев оставка значи мерката не е добра , а тие се фалат , народ ќути и така.
Ех да е така едноставно, да е моето мислење причината за позицијата на Македонците лесно ќе најдевме решение.

Ти навистина верваш дека во Бразил заради зголемена цена од 10ден направиле силни протести?
Ако верваш во такви спинови тогаш твоево гледање на политиката ми наликува како на онаа на Мали Џокица, туку така заради ху причини тие се “само-организирале“ и оп собориле влада... ако веруваш во такви бајки , во ред.

Само глуп/пијан човек не се плаши од политичари, уште ако се психопати од прв ред тогаш се навистина опасни.
Сите механизми (од уличен насилник до уставен суд полиција и војска) се во нивни раце и ти велиш да не им се плашиме, па имаше еден настан кој беше обид за спречување на државен удар па видовме што се случи, 220 години затвор.

Кога сметаш дека така лесно се организираат протести и дека со истите нешто можеш да смениш, зошто самиот не се обидеш да направиш протест?
Од твоето искуство со колку најмногу лица си водел... бил одговорен за нив или си упоравувал со тој број на луѓе
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.438
Поени од реакции
2.441
БИТПАЗАР владава е бетер од Северна Кореа.

Kajgana Shop

На врв Bottom