Бидејќи новоотворената тема за Маршалот беше споена со друга а потоа затворена, вероватно оваа е едина која се бави со делата на друг Валтер а.к.а Друже Стари а.к.а Јосип Броз, син на Хрват и Словенка, барем официјално. Затоа писанието го преместувам тука со надеж за добра дискусија за оваа спектакуларна личност која обележи добри 50 години на Балканот па и јаче.
Како ретко која историска личност, ликот и делото на некогашниот Југословенски лидер, водач и учител, диктаторот ЈБ Тито предизикува полемики и поделби во балканската историографија и популарна историја. Распонот се движи од некритично одобрување како кај оние југоносталгичари кои секоја година одат на аџилак во Кумровец па се до жестоката омраза на Бугарите кон овој фасцинантен лик.
Роден во 1892 во село Кумровец, Јосип е од хрватско-словенечко потекло. Учи за бравар, бидува регрутиран во австроугарска армија каде за прв пат се среќава со бољшевичка литература, после ратот се приклучува кон КПЈ а користејќи ги врските од Коминтерната успева да се вивне до врвот на југословенскиот комунизам. Позицијата водач на Југословените ќе ја има од 1943-1980 кога умира на 88 годишна возраст. Прилично популарен помеѓу светсиот џет-сет, политичките елити и земјите од третиот свет. Познат по тоа што организира друштво на такви земји растргнати помеѓу двата блока познато и како движење на неврзаните. Употребувајќи ја својата харизма обезбедува бројни лукративни проекти во земјите во развој за југословенските фирми.
Пост ww-2 е славен и по тоа што го одјебува Сталин при што за малку не доаѓа до инвазија на СССР кон Југославија. Приближување до запад, пазарен социјализам и слобода на патување по белиот свет за граѓаните на СФРЈ.
Кое е вашето мислење за Тито? Дали бил добар или лош водач? Каков е односот на Тито кон
Македонците, колку има позитива и колку негатива?
Мојот став е изграден на аргумети и факти. Неспорно е дека бил диктатор и дека градел култ на личност, но исто така е неспорно дека придонел да Југославија па и Соц.Реп.Македонија како рамноправна федерална единка да бидат фактор на светската сцена. Интересно но Движењето на неврзаните сеуште посоти иако е далеку од златните денови на Тито, Нехру и Насер.
Се на се, што се однесува до Македонскиот народ, ако се стави све на кантар, Тито би бил позитивна личност во овдешната историја. Можеби една од најпозитивните.
Што се однесува до репресалиите, Голи Оток и Свети Гргур се најпознати затвори во кои лежеле лица со сецесионистички идеи и информбировци т.е. лица кои застанале на страна на Сталин и СССР за време на периодот кога војната меѓу Југославија и Советскиот Сојуз изгледала неминовна. Нешто као петта колона.
Дедо и на мојата сопруга бил пратен на Голи Оток, иако сега веќе упокоен оставил своерачни писанија за злосторствата на тој остров.
Од книгите би ја препорачал "Ја Информбировац" од Славко Чурувија кој беше подмолно ликвидиран од страна на режимот на Милошевиќ пред очите на неговата сопруга. Во неа се опишува животниот пат на еден закоравен сталинист и русофил и како тоа прошол низ тој опасен период.
Trans rights are human rights️ ️⚧️
www.youtube.com