Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409
Да бе Мбапе е крив што одбраната не знае кај се наоѓа и што Анчелоти мести тактика како уште да го имаме Крос. Демек лани без Мбапе игравме кој знае колку подобро? Освоивме Ла Лига дека Барселона беа преслаби, во ЛШ се на се одигравме 3 добри натпревари. Тоа е истата тактика од лани, само што сега ги немаш Крос и Модрич заедно во средина кои може да ја држат топката до утре. До овој натпревар не видов досега овој тим да одигра квалитетен пресинг, нешто што треба да се очекува со играчи како Валверде, Белингам, Камавинга. Мбапе е флоп според досега прикажаното али според мене тимов има други поголеми проблеми од играњето на Мбапе.
Автоматски споено мислење:

BALON DE ORO VINI JR
Автоматски споено мислење:

Не бе, Родри треба да земе златна топка. :pos::pos::pos:

Најдобар играч во светот моментално
 
Последно уредено:

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.788
Поени од реакции
30.647
Куртоа и Родриго со повреди...нема да играат на Ел Класико.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.788
Поени од реакции
30.647
П'лните ли гаштите Штала Задрид? Ќе тече ли од ногавици во Сабота? Пак шестка со кромид ќе јајте изгледа.
Фориве од 2009 кога хараа по форумот новопечените фанови кои мислеа дека Барса го измисли фудбалот а Гвардиола е избраниот.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.788
Поени од реакции
30.647
Родриго му се смее хаха
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.535
Поени од реакции
2.400
Мора да ги издоминираме на средина. Фермин Лопез им игра. Во втото Гулер мора да влезе печена е текмава за него.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
ае наздравје, писите крст на ваа сезона, за кур не не бива реално.

Виа црнчугите сите се копачи, немаме креативност никаква, се е на сила, јебига.
Автоматски споено мислење:

Белингхам не е ни бледа сенка од ланската сезона.
Автоматски споено мислење:

ВИДИ ГО БЕ ВИДИ ГО ВОА ЛИ Е ТИА МПАБЕ ВИДИ ШО ПРОМАШУВА СЕМКАТА НЕГОВА
 
Последно уредено:
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.535
Поени од реакции
2.400
Инаки Пења му брани зицери. Голман го направи. :toe:
Автоматски споено мислење:

Пичкање како и секогаш на дерби утакмици. Не е ова Дортмунд па да ја свртиш. На 0:2 се виде дека се откажаа и немаа никаков знак на жар и желба за борба. Ова боли повеќе и од 10гола да примија на Бернабе. Со еден нов играч и еден помалку оваква разлика од лани не е нормално. Тоа што не сака да ги инкорпорира Гулер и Ендрик во тимот а го чува Мбапе по 90минути на терен доволно кажува за Карло. Или па за Перез. Сезонава на негова душа ке оди.

А за Мбапе не ми се трошат зборови. Атлета и ништо повеќе. 0 од фудбалер. Овој го чекавме толку време да не спаси. Очекував дека ке биде лош ама до толку не. 7 години чекање за ваква брука, дното е опипано. Новиот Роналдо.
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409

Многу ми е криво што колку и да беше лоша тактиката сепак имавме доволно шанси за поволен резултат. Една да влезеше од овие друга песна ќе се пееше. До примениот гол не бевме воопшто надиграни, Барса немаа ниту една сериозна шанса дотогаш, а највеќе иритираше тоа што после примениот гол се изгубивме, играчите не знаеа кај се наоѓаат што е многу чудно за тим кој се има враќано од негатива милион пати досега.

Пред 2 години со Чави кога изгубивме 0-4(Модрич кога играше лажна 9ка) бевме баш прегазени и надиграни, една ебана шанса не создадовме тогаш. Овој пораз од вчера се сведува баш на што би било кад би било, да беа нашите напаѓачи барем малку поконцентрирани натпреварот можеше да отиде во различен правец. Мислам дека изгубивме поради тоа што сами себе си наштетивме со промашените шанси а не поради некоја си величенствена игра од Барса. Секоја чест за Флик како ги препороди, си ги искористија шансите и победија заслужено али ова вчера не изгледаше бевме баш надиграни, нешто што не беше случај во претходните сезони кога сме губеле со голем резултат.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.535
Поени од реакции
2.400
Тактиката си беше добра. Низок блок и на контри со таа висока одбрана на центар. Само еден играч толку има во главата па не увиде посла вториот офсајд кај треба да стои и што треба да прави. Очигледно нема доволно познавање за фудбал.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.100
Поени од реакции
25.146
И јас мислам дека тактиката си беше добра, натпреварот ни го изгуби слабата одбрана.
Не само овој натпревар, туку општо цела сезона слабата форма се должи на одбраната.
Сите плукаат по нападот и средината дека не креирала доволно шанси, со што не се сложувам, зашто споредбено со минатата сезона до 11то коло во Ла Лига имаме само 2 гола помалце дадено.

Барса вчера не изгледаше ништо посебно, резултатот дефинитивно не ја рефлектира сликата на теренот.
Подобри се од кога беа со Чави тоа е дефинитивно, меѓутоа пак ќе кажам не се ништо посебно.
Офсајд замките ги имаат донесено до перфекција, меѓутоа нашите да беа малце попаметни ќе ги казнеа лесно.
Головите што ги примивме беа катастрофа, Менди не е прв пат да заспие при офсајд замка.
Милитао е не препознатлив, што е и нормално со оглед што го немаше цела сезона, буквално го остави Левандовски за вториот гол тотално не покриен да си шутира со глава од каде сака. Истово му се случи против Дортмунд за време на вториот гол.
Лукас Васкез е Лукас Васкез, десет пати го изгледав четвртиот гол и стварно не разбирам како можеше толку лошо да ја процени топката. Имаше предност во однос на Рафиња и пак успеа да дозволи да биде претрчан.

Не е дека не искреиравме доволно шанси.
Во прво полувреме имавме три одлични шанси, од кои една 100% која што мораше Винисиус да ја реализира.
Дури и во второ полувреме Мбапе имаше две шанси во ситуација 1 на 1 со Инаки Пења.. повторувам со Инаки Пења.. и не успеа ниту една да реализира.
Во ужасна форма е во моментов и не знам како би успеал да ја крене истата. За да се извади неговиот целосен потенцијал ќе треба да се направи екипа околу него, целиот тим да игра за него, а тоа не гледам дали би вредело во моментов со оглед на тоа што го имаме Винисиус.
Едноставно не ми е јасно како не успеа да сфати дека спринтовите треба да ги темпира покасно зашто го ловат во офсат замки, а побрз е од било кој дефанзивец на Барса и било која топка што ќе му ја подадат поголеми се шансите да ја стигне.

Денеска гледам дека се фрла со дрва и камења по Анчелоти, а според мене не е он кривецот за формата во која што е Реал.
Не е он крив што 4 луѓе од одбраната во рок од една година скинаа лигаменти и не се донесе ниту еден дефанзивец.
Не е он крив што две години по ред не му носат класичен напаѓач иако го бараше Кејн, туку му го донесоа Мбапе.
Единствено нешто за кое што е крив е што не може да му најде точна позиција на Белингам и што никогаш не ги научи неговите тимови да играат добар пресинг.
Белингам премногу се троши без потреба, а ја нема кондицијата на Валверде и накај 80та минута е како издижан балон.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.535
Поени од реакции
2.400
Ама па и најдобриот играч на светот прошла сезона да го играш дупли десен бек за да му помага на Васкез, и да му ги намалиш квалитетите на останатиот дел од теренот е исто така за поздрав. Тоа што го прави со Мбапе, Гулер и Ендрик е плус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom