- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.931
- Поени од реакции
- 73.423
Далеку од одлична атмосферата. Добра (повремено одлично благодарение на обичната публика), но далеку од тоа што некогаш било на ракомет, па дури и споредбено со ланските (или преклани, лета времево) неколку навивања во СЕХА лига.Одлична атмосфера денес на Вардар - Порто, на моменти Јане пак грмеше како во старите добри денови, супер најава за утрешниот куп натпревар со Тиквеш каде јасно ќе го кажеме нашиот став.
Падна и запросување, нека му е со среќа на нашиот другар од трибина, среќни и вечни да се!
Прегледај го приврзокот 432982
Веќе се познава дека имаме застој во навивање на ракомет. Навивање на фудбал и на спортови како ракомет и кошарка е различна димензија. Ракометот и кошарката се спортови каде што треба да следиш што се случува на терен и така да водиш навивање. Кај нас се крши утакмица, ние пееме сосема трето. Цела сала свири на противнички напад кога се одлепивме во прво полувеемс и требаше да ја решиме утакмицата, ние пееме фудбалски песни.
Нема некоја филозофија, сакаш тимот да ти победи во клучен натпревар, на секој противнички напад свириш и правиш притисок.
Јас се разочарав од бројката на навивачка трибина. Се плашам дека многу рано ќе се оствари тоа што му го зборев на @kano, а тоа е распад систем на групата по поставувањето на Миленко како алфа и омега во ФК. Нема точно објснување на тоа чувство на беспомошност, кога ем губиш, ем те прават крив, ем се трудиш да смениш нешто, а од другата страна имаш тотален игнор. И тогаш ти преостанува да паднеш во депре моуд и никој веќе да не оди на утакмици. Многу пати сум минувал низ оваа фаза на групата, кога по ваква безизлезна ситуација ќе продолжат да одат на трибина и ќе го одржат навивањето истите 50-тина луѓе како и во последниве тешки периоди низ годиниве плус некоја група на деца. Се додека не се појави некоја нова генерација што ќе реши да го спасува клубот.
Едноставно се гледа огромно разочарување кај луѓето (кое за жал кај голем дел се манифестира со неодење на утакмици) не толку од сите порази туку општо од ситуацијата и тоа што ни по толку многу напори не се најде решение за црвено црните клубови. Што не се препозна борбата за клубот, истата се девалвира и пак се враќаме на времето кога сељачишта изиграваат шерифи.