Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 29.924
- Поени од реакции
- 44.981
Mислам дека си грешка за ова, ко и 90% од нас тука, тој период баш редовно пратев што како зашто додека ја најдат, и тек откако ја најдоа сите беа изненадени дека исчезнувањето на велешанецот и Вања се директно поврзани, до тој момент апсолутно ништо не налагаше на ова, едниот постар човек, секој ден гледаме такви што ги бараат, па толку и не се стави акцент на тоа, и мало девојче ...Сомнително е секако, ама ако се сеќавам добро: човекот (Панче) исчезна, имаше вести дека исчезнал човек и дека му го нема цитроенот. Неколку дена подоцна кога исчезна девојчето, имаше веќе теории по нетов дека е можно двете работи да се поврзани и дека цитроенот можеби бил искористен за ова. Теорија на заговор, која испадна точна. Не се сеќавам дали коментарите беа на форум или на твитер, на форумов пребарувањето е за никаде, се обидов да најдам ама не оди толку назад.
Во секој случај, мала држава сме, не е тешко барем да се претпостави поврзаност, и можно е на крајот на краиштата по некои такви коментари и да се водел и да пребарувал исчезнат црвен цитроен.
Мала е веројатноста за ова, но не е невозможно.
Главните теории беа дека заминала со некој, дури имаше и муабет за некој од Ченто што знаел што се случило ама '' голема била работата '' се плашел да каже, исто имаше и фејк профил наводно од Косово кој прво викаше дека е таму со него, после дека ја убил и фрлил, за ова потоа многумина се сомневаа дека Палчо бил додека патувал у Србија, и дека наводно сакал да направи немири во земјава со албанците. Прелуди теории имаше ама во ниедна не се поврзаа она од Велес и ова со Вања, шок беше за сите епилогот, вклучително и кој бил мозокот на операцијата. До тој ден, никаква поврзаност не беше спомната, лесно може и да се најдат сите вести од тој период пред да се најде, никаде не беше спомната таа опција, вклучително и тука на форумов, така да у ниедна варијанта тоа не било у спотлајт ставено, за да таткото така тера и се сомнева.