Незнам колку е математиката за стар стан да дадеш толку пари... Јас веќе неколку месеци барам поголем стан и се освен некој дуплекси другите забегале со цените па и да речем и многу ретки се огласите со нормален стан. Станови што се продаваа за 1 150 квадрат пред 6-7 години сега ми бара 2 500 евра. Да, ова знам дека толку беа зашто сакав да земам таму тогаш. Има некој падови на стари станови али ништо посериозно. Дури и еден во изградба што кога отидов да го видам бараа 2 200 евра за да гледам на комшијата куќата на 5 метри од прозорот. Сега е 2 050.И официјално Македонија со најмал економски раст у регионот, а становите со цени мислиш економија ко Германија у најјаките години. Е ама почнаа да паѓаат. За еден нереновиран у Центар бараа 2.500 пред 4 месеци за завчера да се јават на 2.000. Со оглед на тоа што треба реновирање а мајстор ни за лек, ќе си ги чекам до нова година на 1.700 чисто пошто под таа граница пак ќе има конуренција.
Се испра што се испра со становите, зјаат празни. Сега останува уште на овие со наследство од ЈНА некој да им каже дека умре времето на 2.500 квадрат.
Настрана пазарна економија, квалитет на живот во Скопјемце оди се надоле. Сообраќајот станува се поднеподнослив, најнеписмена багра во сообраќај после шкип се СК таблици. Па дури и тука некаде и како оди време ќе ги надминат шампионите за сообрајна неписменост и дивјаштво србендите од Белград.
Да не беше жена ми од Скопје и најважно да не ги умреа здравствените установи по малите градови каде и за преврска те препраќаат накај Скопје ќе ја спакував со малите и во родниот град ќе се вратев.