Ама се знаело дека вака ќе заврши ова. Сите очекувале. Па добро бе толку многу пари имате што свесно ставате по 1500 евра на коцка? И тоа го кажуваат онака како да се 1500 денари (а за некој и тие 1500 денари се за цела недела да преживува).
Прати им го речникот на почеток, „вадам нешто ситно 500-600 доларчиња“... Лик што 500-600 доларчиња за 2 недели му се „нешто ситно“ НЕ СПАМА ПО ФОРУМИ ЗА ПИРАМИДИ.
-Етернал или како и да е, самиот домеин регистриран пред 2 месеци,
-Крипто депозит и повлекување како единствен начин асоцира на незаконски чин, нека стават да може да ми испплатат на сметка, или да уплатам со картичка на нивна сметка, па да видиме кој стои позади цела платформа. Јас сум сигурен дека и админот, и менаџерката, и било кој што се претставувал во групата како битно створење, се исти како овие што удираа пропаганда тука, само со поголема вештина за манипулација.
И барем не наседнувајте на овие што ви ветуваат дека ќе си ги вратите парите од контито и ќе ви дојдат кадтад на „бајнерс“ или како ги викате „крипто менувачници“.
П.С. од толку конти експерти не се најде ниеден маж што ќе стави скрин од профилот? толку влог, толку добивка, еве бајненс со поклопени датуми. нешто одвнатре ми вика дека никој не испаднал во плус, максимумот бил влогот или 90% од влогот за оние најпрвите, да не речам основоположници на конти во Македонија.