Кичевчани, што била таа аферата со криминал во JSS?
- Исплата на фиктивни дневнци и плати.
- Вработена во HR си исплаќалa на сопствени сметки. Умрени луѓе се воделе како вработени.
- Директорот што им беше од Охрид и тој го избркаа. Правел проневери со набавки на потрошен материјал.
- Финансов менаџер кој си замина лани после утврдена ревизија на работење се утврдило дека проневерил(а) стотици илјади евра.
- Скоро беа променети 4-5 големи ликови меѓу кои и директор на производство вработен од самото отварање во 2017
- Пред две години им направија фишинг напад каде 2-3 месеци си плаќале фактури на трето лице. Им подметнале трансакциска сметка во мејлови и кога се пожалила компанијата дека не им се платени фактурите увиделе дека плаќале на сосема друга сметка.
Последниве 2 месеци се дојдени 2 вондредни инспекции и направен е аудит на работењето. Повикувани се сите засегнати и некои мислам ќе се гонат за финансиски проневери. Во прашање се стотици илјади евра проневера.
Се збори дека ќе се носи германски plant manager кои треба да воспостави контрола на работењето, ама водејќи се од тоа како помина минатиот германски директор (го наместија затоа што не им одговараше ред и поредок)
Инаку JSS e моментално едно големо хоштаплерско корумпирано дувло со неквалитетна администрација каде состојбата со вработени и поставеноста на работењето е во ужасна состојба. Робовладетелско уредување каде оператории на линии т.е. обични работници се ротираат на секои 3-6 месеци.
А општо гледано - Градот е мртов! 2-3 илјади пензионери и 2-3 илјади административци начукани во сите можни државни сектори се плеткаат по улици.
Приватниот сектор, клиничка слика = Рамна линија. Тоа што е, се одржава од албанското лоби и тоа е воглавно.
Страшна миграција кон Скопје/Германија/Словенија/Хрватска.
Чекаме да истоварат нов контингент кучиња од Прилеп, Гостивар и останатите градови да биде интересно зимава по улици и тоа е.