Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Што ли мислат сега тие што се жалеа поради длабочината на составот пред да почне сезоната :D

Две недели по ред целосно да го смениш составот, да не се осети разлика во играта и да дадеш 9 голови е ептен импресивно, без разлика кој е противникот.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.273
Поени од реакции
5.365
У право си, сме имале проблеми порано со доста слаби екипи да смениме состав и да не може шанса да направиме кога ќе се бункираат позади.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.044
Поени од реакции
1.990
Многу подобра организација за тоа што да се прави со топка помеѓу прва, втора и завршна линија.
Секогаш има слободен играч на кој може да му се додаде и има празни втрчувања од играчи за евентуален пас.
Искрено Мареска ме изненади со фудбалско знаење и најбитно од се барем јас имам таков впечаток дека играчите му веруваат.

Конференцијата или Карабао не се мерило но еве секако имаме ширина но исто играме и со Вега и Касадеи што според мене вчера покажаа перформанс што е за прв тим.
Вега игра многу зрело и доста добри пасови прави во простор за Мудрик за овој само да втрча.

Касадеи исто игра смиремо ме потесеќа на Матич, како лесно се носи со притисок кога е свртен со грб.


Донев пред две недели до завршување на трансфер период Челзи имаше премногу играчи е сега еве најголем дел од нив се решија што со позајмици што со трансфер перманентно но ако еве не се случи тоа ќе беше проблем.
Моментално освен Чукуемека и Чивел балансот е добар, конкуренција е чудо работа, вон форма одма друг влегува нема опуштање.

Баш реакција на Мадуеке при замена за разлика од лани сега прифати измена затоа што тука е Нето, Палмер.
Исто и за други позиции.

Но пак најбитено е тоа како ќе се носиме со повреди.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.853
Поени од реакции
12.940
Штета што не пазарија еден од Омордион или Дуран. И двајцата добро почнаа сезонава.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Штета што не пазарија еден од Омордион или Дуран. И двајцата добро почнаа сезонава.
А буквално сите летото имаа негативни коментари кога беа поврзувани со овие двајца. Многу интересно :D

Цело лето меме форсот беше пуштен на најјако и сите се фатија на орото. Буквално сите се исмеваа и збореа како Челзи е воден од аматери, како поима немаат што прават. Само два месеци покасно, наративот целосно се менува, сега одеднаш на сите им е јасно. А летото никој не можеше малце да застане и да разгледа и размисли подетално за да сфати што точно се гради. Нормално дека уште ништо не е постигнато и има премногу работа додека да се стигне на задоволително ниво, ама знаците цело време беа тука за секој кој што сакаше да разбере.


 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.366
Поени од реакции
1.679
Чекајте малце другари. Резултатите до сега се одлични и играта обеќава, но верувам сите знаете тимов не е за највисоки дострели и неговите мани тек допрва ќе искачаат, ќе има и лоша игра и срање резултати. Да не биде одма плукање по Мареска, јер измислен е за Пичкетино.
@Иван CFC Мислам дека се слагаш дека е боље што го откачија Покетино. Така?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Чекајте малце другари. Резултатите до сега се одлични и играта обеќава, но верувам сите знаете тимов не е за највисоки дострели и неговите мани тек допрва ќе искачаат, ќе има и лоша игра и срање резултати.
Ваљда на сите им е јасно ова. Уште е премлад тимот и на играчите ќе им треба уште сезона - две за созревање.
Најголемата позитива е што освен 3-4 играчи во тимот, другите уште немаат ни 50% од својот потенцијал исполнето.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.366
Поени од реакции
1.679
Ваљда на сите им е јасно ова. Уште е премлад тимот и на играчите ќе им треба уште сезона - две за созревање.
Најголемата позитива е што освен 3-4 играчи во тимот, другите уште немаат ни 50% од својот потенцијал исполнето.
Не мислиш ваљда на Мудрик?!
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.044
Поени од реакции
1.990
@Saka Zulu Моментално сум задоволен од тоа како работи Мареска со тимот.
Дека се подобро организирани на терен се но Мареска има далеку подобар тим од тоа што го наследи Покетино.
Покетино прво наследи тим со атмосвера како на сахрана, имаше убедливо највеќе повредени и секоја утакмица мораше да менува принудно а не да збориме за уигрвање исто така Челзи немаше клупа.

Моментално Челзи нема проблем со повреди освен десен бек позиција од клупа можат да влезат 4 играчи што ќе го сменат текот на натпреварот.

Неблагодарно е да се споредува минатата сезона со оваа и да не збориме дека поголем дел од играчите ја поминаа она прва сезона на адаптација.

Но еве ќе бидам фер и ќе кажам дека фудбалски и тактички Мареска ми изгледа како подобар од Покетино.
Па еве би се осмелил да кажам дека е подобар и од Тухел барем така ветува во моментов.
Но во денешно време малку фали да се преокренат работите.





Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
E

enzo8

Гостин
Мареска горе, долу го има истиот тим на Покетино, тоа што со големиот маг глава не дигнавме од повреди можда имаше врска и со негов начин на тренирање, нешто за кое добиваше критики и од кај нас и од претходни клубови. Дури и кога имаше играчи на располагање, магот играше со Колвил на лев бек, пример ако вие сте забравиле такви акти направени од терористот, јас не сум.

Рано е уште да судиме и да предвидуваме.
До сега од виденото, резултатите се подобри од играта. Евидентни проблеми со изнасање топка под притисок кога играме со голман, проблеми и конфузија во одбрана при брзи контри и прекини. Од друга страна, посед и огранизација на напад и играње од прва ни се за секоја пофалба. Така да пак ќе речам, резултатите се подобри од играта и тоа ме радува, тимов допрва ќе учи и легнува на фудбалот на Мареска.
Лично мое мислење е дека ќе ни треба сезона, две максимум вистински да созреем пред да бидеме во било каква битка за титула, имаме релативно млад тим, релативно млад тренер кој му е прва сезона и уште сме „новина“ која ќе не учат и студираат, ќе почнуваме да наидуваме на тимови и тренери што ќе не прочитаат, тактички ќе не добијат и тука треба да расне тимов и Мареска заедно. Од него највеќе очекувам втора сезона откако ќе го научат како ќе играме и како ќе реагира, дали ќе го има истиот прогрес како што го имаме сега, ако го имаме, имаме долгорочен менаџер пошто од досега тоа што гледам, игра убав и модерен фудбал.
Ме мрзи да пишувам ама досега моите очекувања се надминати, играме многу подобро од што очекував и напредуваме побрзо од што очекував ама допрва не чекаат стресни мечеви и изгубени поени како одминува сезоната пошто и тимовите против нас ќе почнат да се прилагодуваат.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Без разлика на тренерот, очекувано беше да се подобрат затоа што ја имаа минатата сезона како искуство. Било кој тренер лани ќе се мачеше повеќе него оваа сезона. Но, Покетино не е баш тактички тренер и повеќе се потпира на тоа да им дава слобода на играчите на терен, а кога имаш тим само со неискусни играчи, не знам колку е добра идеја тоа. Нив треба да ги научиш и да им дадеш точни инструкции и приметливо е баш тоа сезонава, сите знаат што треба да прават и затоа доста често играта е прилично течна и убава за око.

До сега радува тоа што нема повреди, а и делува дека се доста претпазливи со сите играчи и со менаџирање на минутите. Останува да видиме дали Рис ќе издржи да изигра повеќе од еден натпревар кога ќе се врати. Верувам дека нема да го исфорсираат и ќе го остават колку и да е потребно за да има подобра шанса да избегне дополнителни повреди.

20241005_012037.jpg
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.527
Поени од реакции
2.623
Рис е спремен за пензија, завршена му е кариерата нему, треба да се бара замена за него
 
E

enzo8

Гостин
Имаме ама изгледа и он ништо бољи не е. Таа позиција за жал е таква, увек ќе страда заѓња ложа.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.044
Поени од реакции
1.990
Како бе @enzo8 истиот од лани,
Нето, Санчо и Феликс се нови играчи ајде квалитет е дискутабилен но добиваш на избор и конкуренција кај играчите, Нкунку лани не заиграа тоа ти се 4 играчи.

Колвил играше затоа што Кукуреља на почетокот на сезона не знаеше кај тера, Чивел беше повреден и Чивел не е тој истиот од последниве хронични повреди еве ти го сега дека не е ни во план на Мареска. Значи кога два тренера не сметаат на него а и самиот беше достапен за трансфер летово и ниедна добра екипа не го побара значи има нешто.

Последниве 3 месеци од како Кукуреља се врати што не играше со Колвил.
И самите резултати живнаа од како беше составот поширок.

Дај да не збориме нешто за инает.



Челзи сезонава има повеќе од солиден состав и многу подобар од лани и добро кажа Донев што веќе одиграа една сезона дел од играчите заедно се очекува напредок со било кој тренер.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.853
Поени од реакции
12.940
Низок блок никако да пробиеме. Нека го клаи Нкунку место Џексон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom