Мареска горе, долу го има истиот тим на Покетино, тоа што со големиот маг глава не дигнавме од повреди можда имаше врска и со негов начин на тренирање, нешто за кое добиваше критики и од кај нас и од претходни клубови. Дури и кога имаше играчи на располагање, магот играше со Колвил на лев бек, пример ако вие сте забравиле такви акти направени од терористот, јас не сум.
Рано е уште да судиме и да предвидуваме.
До сега од виденото, резултатите се подобри од играта. Евидентни проблеми со изнасање топка под притисок кога играме со голман, проблеми и конфузија во одбрана при брзи контри и прекини. Од друга страна, посед и огранизација на напад и играње од прва ни се за секоја пофалба. Така да пак ќе речам, резултатите се подобри од играта и тоа ме радува, тимов допрва ќе учи и легнува на фудбалот на Мареска.
Лично мое мислење е дека ќе ни треба сезона, две максимум вистински да созреем пред да бидеме во било каква битка за титула, имаме релативно млад тим, релативно млад тренер кој му е прва сезона и уште сме „новина“ која ќе не учат и студираат, ќе почнуваме да наидуваме на тимови и тренери што ќе не прочитаат, тактички ќе не добијат и тука треба да расне тимов и Мареска заедно. Од него највеќе очекувам втора сезона откако ќе го научат како ќе играме и како ќе реагира, дали ќе го има истиот прогрес како што го имаме сега, ако го имаме, имаме долгорочен менаџер пошто од досега тоа што гледам, игра убав и модерен фудбал.
Ме мрзи да пишувам ама досега моите очекувања се надминати, играме многу подобро од што очекував и напредуваме побрзо од што очекував ама допрва не чекаат стресни мечеви и изгубени поени како одминува сезоната пошто и тимовите против нас ќе почнат да се прилагодуваат.