Ауффф сега идеме на нов левел, од НАТО земја пренесувале пиво, затоа логично е да гаѓаш цивилен транспортен конвој.
Види Ванлок, мене не ми е целта да ја оцрнам Русија, далеку од тоа, ама зашо ти и пар ликови влечете паралели со Израел и Палестина, а по ново Либан и Иран, морам да ти дадам адекватни примери за да видиш дека не е се така како што викаш ти. Друже, ВОЈНА Е, а во војна знаеш и сам дека нема правила. Не ти викам дека Русија гаѓа стрикно цивили и цивилни објекти, ама да не се правиме наудрени дека не рокаат и они такви работи. Ти сакаш да го наметнеш наративот дека Израел праи етничко чистење, геноцид и дека цело време гаѓа само цивилни објекти, што не е точно. Добро, дали мислиш дека ако на Израел им беше целта да ги уништат сите Палестинци немаше да го сторат тоа до сега? Не, најискрено те прашувам. Мислиш ли дека територија со големина на Кочани (одприлика) немаше да ја срамнат со земја и да уништат се што е палестинско?
Мислам дека Јамајка најубаво објасни на другата тема како стојат работите само мое мислење е дека премногу си заслепен од омразата према западот и Америка и некои работи не ги резонираш како што треба. Правиш некои филмови, поврзуваш работи што не треба да се поврзуваат и создаваш наратив овде дека само ти ја знаеш точната вистина и дека сите други се глупи околу тебе, а тоа друже не е убаво. Лани периодот после 7 октомври, а богами и до ден денес тврдеше/тврдиш дека Израел намерно ги пуштил Хамас за да имаат причина етнички да ја исчистат Газа. Ќе може да ми објасниш еве 363 дена (може утнав престапна година е) после тој напад дали Палестинците се иселени од Газа, дали етнички е исчистена Газа? Само те молам без спин како и секој пат, пробај нешто бројки, факти, снимки, слики итн. Еве да не се мачиш јас ќе ти кажам, загинати се 34-40 илјади Палестинци, таа е проценката. Другите 1.960.000 каде се? Си отидоа?
На крајот на краиштата војна никому не одговара, ама што вика Сусаро кога би бирал од две зла секогаш би го избрал помалото, а верувај од радикален ислам поголемо зло не постои во светов. Знам дека сега ќе реплицираш со Ционисти, Ротшилди, курци палци, ама џабе е се кога ништо не се мери со радикален ислам. А тие кои ги сожалуваш конкретно се тие што го практикуваат тој вид на ислам.
И да, цело време заборавам да те прашам, сериозен си бе дека шпоните се про Израел? Си излегол ти вака низ градов, си попраил муабет со некој од нив, си прочитал по социјалниве мрежи што коментираат и што постираат? Или Бујар Османи ако изјави нешто тогаш тоа мора да е така, а ќе занемариме дека МОРА да го изјави да не го караат другарчињата од Америка.
Ај заеби озбилно, џабе губам време кога упорно тераш со глава кроз ѕид, не ми е намера да ти менувам мислење само кога некој ќе те закопа со факти ферски е да кажеш ок во право си и да тераш даље.