Ова истото го дробам со години уназад и само кога Сонцето ќе изгрее на запад, ќе има шанса системот да се смени (акцентот го ставам на "шанса"
). Покорничкиот менталитет е всаден со генерации наназад, некреативноста, мрзеливоста, чекањето на готово, држењето за раче, self-doubt, стравот, некритичкото размислување, отсуството на себе критика, немањето чувство за одговорност, неписменоста, несакањето да се усовршат и подобрат индивидуално и колективно, стравот да се обидеш/згрешиш/и не успееш..... и најголемото -- сите се експерти и стручњаци за се'
Башка тоа, прва работа што се прашува кога треба нешто да се заврши е "дај да видиме кого знаеме таму". Дали од закажување на лекар, запишување во школо, издавање решение, лиценца, па до поголемите каде се инволвирани пари, судии, полиција, итн итн.
И секогаш кога ќе кажам дека заради тој поданички карактер, и Османлиите и комунистите, 'ко што кажуваш, можеле така лесно да не` владеат почнуваат да се вреѓаат. И кога ќе ги прашам дали послениот пат кога им требало нешто се обиделе сами да го завршат, без врски и без 'зови пријатеља', има ред оправдувања па ред изговори, а кај доблесните има само молк. Повеќето не можат да сфатат, или не сакаат, дека системот самите го хранат да биде таков каков што е.
Туку на темата...
Барем со едно можеме да се гордееме, Скопје е меѓу најскапите градови во светот, на ниво со Лондон, а го шијат само Париз, Токио и Хонк Конг. Еве табела колку години се потребни да работи просечен работник кој има вештини (што ќе рече да не се дактилографки) за да купи стан од 60м2 блиску до центарот на градот. Релативен индикатор што ги сведува на иста основа, а зема во предвид локални услови, цени и плати во различни валути.
Тука е целиот извештај:
https://www.ubs.com/global/en/wealth-management/insights/2024/global-real-estate-bubble-index.html
Прегледај го приврзокот 431269