Еве замисли сте друштво од 5 луѓе, горе доле сите со просечни примања, нема некој што се истакнува плус финансиски ама ти си така малце да речеме посиромашен и некој што не сака да троши пари на све и свашта.
Те викаат другарите, еј брат идеме на кафе ние ќе дојдеш? Ти им викаш не бе какво кафе дај ќе прошетаме низ парк глеј што убаво време е надвор. Они ти викаат океј ајде, и искачате се шетате, они си купуваат водички кафенца ти одбиваш све тоа, викаш не ти се пие кафе си пиел прееска, вода си пиеш од фонтана и така поминува денот, све фино убаво сте се дружеле, сте се смееле, сте се заебавале, они потрошиле по 150 денари, ти 0, си викаш не потрошив денар, можело и вака да се дружи.
После тоа те викаат, еј брату вечер кафанче да седнеме на некое пиво нешто да каснеме? Ти им викаш не бе каква кафана доете кај мене у дворче ќе седиме, ќе играме карти нешто ќе се заебаваме. Пак ти викаат добро бабуш чим така ајде ќе дојдеме кај тебе. Они пак ќе донесат пивца, чипс и слично, ти ќе речеш не ти се пие пиво и не ти се грицка те јебел стомакот нешто а и прееска само што си јадел. Ги нудиш со по едно кафе и чешмовача, дружба до касно пар екселанс, све океј, они потрошиле по 200 денари да речеме, ти 0, си викаш не потрошив денар, можело и вака да се дружи.
Иде после утакмица брат да глеаме у кафич да не галамиме по дома? Немаш веќе избор си викаш ај ќе идам што кур, доаѓаш, нарачале нешто похованици пилешки прсти ти викаш еј не сум гладен прееска се убив од јадење дома нешто се праиш дека си јадел бафало и све, пиво не пиеш јер антибиотици ќе измислиш, ете на некој начин пак успеваш да одолееш да потрошиш кеш, утакмицата топ дружба врв, ти 0 денари си потрошил, све ти е океј.
Те викаат за кино, кој филм бе? Тој и тој, па не бе што ќе праам вака така. Ама брат иам гратиси дои само да не ни пропадне. Аааааа епа ајде бе може, кое време? Епа у 9 е филмот ние у 7 доле ќе седнеме на по едно кафенце и 2 реда муабет колку да се видиме и да не галамиме у сала после. Ајде добро. Лажеш. Доаѓаш у 10 до 9 ајде влагате директ на гледање на филм. Секако не си купил и пуцки ни вода ни ништо од тоа глупостите за у кино. Си идете после, пак успеваш да ги одвратиш од намерата да седнете на по едно пивце, пак шетате низ паркот навечер, праите муабет за филмот, све топ си поминувате значи нема збор за вашата дружба.
Уште милион примери имам вакви, веќе може и сте се откажале од читање повеќето.
Кажи ми колку време ќе функционираш вака пред да бидеш дистанциран од друштвото?