Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
16 октомври 2021
Мислења
619
Поени од реакции
1.386
Se smeeme si praime bajki vo umot, seir fakjame dpmne toa napravilo, sds ova napravilo ama nikoj ne razbira deka gotova e rabotata. Mladite treba da se dvizeckata i rabotnata sila za edna zemja da odi napred, bez zdrava mladina nema idnina taa nacija.

Gledam statistika vo 2010ta godina vkupno novorodencinja imalo 23.600 dodeka vo 2023 se namaluva na 16.000 brojka. Za 7.000 pomalce. Od koi da receme deka od tie 16.000, 10.000 novorodencinja se Makedonci. Ami so praime za 30-40 godini od sea?

Vaka ako produzime ima da ne snema, da pocnat da doagjaat od nadvor iranci, izraelci, libanci i drugi izbeglici da si se naseluvaat vo nasite prazni kukji i stanovi. Se povekje lugje odbivaat da pravat deca ovde znaejki kakvo zdravstvo sudstvo i obrazovanie (citaj drzava) iame pa duri i ne ostanaa od ponovive generacii deca sto imaat zelba da ostanat ovde i da napravat nesto za drzavata.

Politicarite seriozno treba da si ja cuknat glavata a ne samo koga ke zemat mandat se da ispokradat i cao koj ve ebe vas gragjanite. Epa se dur e taka i prodolzat taka da bidat, ke se slucuva realnosta a realnosta e namalen broj na novorodencinja, mortalitetot od godina za godina se pogolem od natalitetot. Epa trazili ste sad gledajte.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.737
Поени од реакции
5.670
не треба вентилатор, има на црното знаме Орел :cool:
Не влегувајте во спинот на бугарите, македонско знаме кај Пленковиќ имаше кај Радев немаше, додека Америка да ја споредуваш со умрена црна блгарија е комично.

Додека тоа знаме, колку и да не ни е симпатично затоа е донесено по грчки диктат и несакан автор, тоа знаме итекако како симбол не поврзува со темелот на државноста Гоце Делчев и ВМРО, боите на ВМРО и цела девиза на Делчев дека ќе пукне зората и за нас, дека слободата(сонцето) само што не изгреало е според мене многу добро претставено со тоа знаме, плус ако се земе фактот што најголемите бугараши предводени од секретарката на Ванчо Михајлов Вида Боева највеќе го вејат кутлешот и се прават антички Македонци, се со цел Македонците да се одвојат од своето вистинско минато ВМРО, истото го прават и србите, кај нив е исто битно Македонецот да не е ВМРОвец а и да е закрвен со Грција.
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.964
Поени од реакции
5.822
Официјални информации што се случува моментално во македонски пошти:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332

...не оспоруваме, но ќе беше коректно од твоја страна како „независен“ новинар да ја кажеш и другата страна на „љубовта“ на претходниот Врховен командат и екс председател на ист начин или во продолжеток на твоето флертување со селетивно прикажување, не дека си добар, туку си селективен и по нарачка и губиш бе бате од вредноста!

...ајде да ја поставам споредбата!



...штом тој вели дека Гоце Делчев е Бугарин, тури му пепел, не вреди да го побарам видеото каде се прегрнува и се кажуваат со „срце“ со друг претседател, а може да се потсетиме како Б.О. дозволува свештенско исламско лице што може да му биде татко му дава рака да му ја баци, ова Фуркан за потсетување за „љубовта“ од сите политички партиски страни ако веќе си независен новинар!

436402214_393795726876899_1421233622701162671_n.jpg
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
МВР поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за легализација на бесправен објект
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднел кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Како што дознаваме се работи за градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

„Имено, по поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на место, во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти се времени објекти и не можат да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект“, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3.993 метри квадратни, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.436
Поени од реакции
5.152
Хммммм...

„Решениево„ кое го нудиш (а јас не го гледам...) може да биде применливо, на пример, за потполно новоосновани држави, кај кои „од прва„ се поставуваат „основните начела на игра„ во идната држава.

Армо ама...како веќе напишав, „нашата земјата„ е испрдок од распадот од СФРЈ, па затоа ги „влечеме„ сите системски проблеми, кои СРМ го имаше, а денес ги има и „нашата земјата„. Проблемите се исти, саде пакувањето е троа поразлично...

Прост пример; со која законска регулатива ќе го промениш менталниот склоп од Маќедоне?...
Не нудам решение затоа и не го гледаш, само изнесов начин како до решение.
Инаку сега ми е јасен твојот пристап.
Сметаш дека проблемот за Македонците и Македонија е од идеолошка природа затоа и не можеш да видиш или прифатиш поинаков поглед и пристап на работите. Идеологијата патем како и се друго е механизам/технологија преку која се врши поделба за да се владее.
Во случајот со Македонија успешно се продава таа приказна по се изгледа и ти ја прифати.

И одговор на прашањето: менталната матрица се менува/програмира преку образование и медиумска манипулација.

Se smeeme si praime bajki vo umot, seir fakjame dpmne toa napravilo, sds ova napravilo ama nikoj ne razbira deka gotova e rabotata. Mladite treba da se dvizeckata i rabotnata sila za edna zemja da odi napred, bez zdrava mladina nema idnina taa nacija.
Ма нема врска тоа, само почекај да влегуеме во ЕУропска и дури тогаш нема ниту еден да остане овде млад/стар сеедно.

Добро ќе дочекаме ли да видиме кривична и за Црпе и неговите 40 разбојници или е тој под заштита на стратешките партњори ? !?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Добро ќе дочекаме ли да видиме кривична и за Црпе и неговите 40 разбојници или е тој под заштита на стратешките партњори ? !?
Рано е уште, има време, допрва ќе биде весело. Се надевам ќе дочекаме и за нив. Прво да се досреди новиот Кривичен законик со повисоки казни, па после, дај боже со реформиран судски систем да дочекаме и за нив кривични, иако лично не верувам за Заев, ама тоа е, да се надеваме.

Дотогаш, тивко, пополекичка, што би рекол Заев, ќе се раштрафува машинеријата на СДСМ/ДУИ што им дава моќ и ја граделе изминативе години, ќе се сечат корен по корен, крлеж по крлеж ќе се вадат.

Се „крчкаат“ нови измени на Кривичниот законик
Во Министерството за правда забрзано се работи на измени и дополнување на постоечкиот Кривичен законик, за, како што брифираат оттаму, да се отстранат штетните последици од избрзаните и политичките наменски направени измени во 2023 година.

Контроверзните измени на Кривичниот законик направени во лани во септември, кога власта беше во рацете на СДСМ и ДУИ, ги намалија казните за кривичните дела како што се злоупотребата на службената положба и овластувања и злосторничко здружување. Тоа доведе до застарување и ослободување на повеќе поранешни функционери, како поранешниот премиер Никола Груевски, првиот човек во разузнувањето Сашо Мијалков и нивни блиски соработници кои беа обвинети во постапки од Јавното обвинителство.

За тие измени низа критики упати меѓународната заедница, а последната беше во извештајот за владеење на правото што минатата недела го објави Европската комисија (ЕК).
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.436
Поени од реакции
5.152
Рано е уште, има време, допрва ќе биде весело. Се надевам ќе дочекаме и за нив. Прво да се досреди новиот Кривичен законик со повисоки казни, па после, дај боже со реформиран судски систем да дочекаме и за нив кривични, иако лично не верувам за Заев, ама тоа е, да се надеваме.

Дотогаш, тивко, пополекичка, што би рекол Заев, ќе се раштрафува машинеријата на СДСМ/ДУИ што им дава моќ и ја граделе изминативе години, ќе се сечат корен по корен, крлеж по крлеж ќе се вадат.

Се „крчкаат“ нови измени на Кривичниот законик
:(
Абе да почекаме ама јас немам 20 години!
Ако Црпе не го стават зад решетки се друго е неважно тој со екипата изврши ВЕЛЕПРЕДАВСТВО ја растури Македонија.
Значи сепак има заштита од стратешките партњори.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.522
Поени од реакции
3.659
:(
Абе да почекаме ама јас немам 20 години!
Ако Црпе не го стават зад решетки се друго е неважно тој со екипата изврши ВЕЛЕПРЕДАВСТВО ја растури Македонија.
Значи сепак има заштита од стратешките партњори.
Црпе е под заштита на калето, а гледаме овие на власт колку милуваат да го слушаат калето така да пиши пропало.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.436
Поени од реакции
5.152
Црпе е под заштита на калето, а гледаме овие на власт колку милуваат да го слушаат калето така да пиши пропало.
Добро, ај ќе го почекаме и овој Димче од Левица по наредните избори ако и тој не стори ништо тогаш ставај клучот.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
194
Поени од реакции
271
Не знам дали сте дебатирале за новиот закон за нефер трговски практики. Покрај тоа што демек ќе се намалат цените на 2600 производи, овој закон забранува лепење на производи кои се со при крај со рок а исто така некои дистрибутери нема да ги повлечат производите со поминат рок. Дефинитивно лошо за обичниот народ, посебно сиромашните. Зошто да не си земе 2 работи за 1 цена?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.436
Поени од реакции
5.152
Не знам дали сте дебатирале за новиот закон за нефер трговски практики. Покрај тоа што демек ќе се намалат цените на 2600 производи, овој закон забранува лепење на производи кои се со при крај со рок а исто така некои дистрибутери нема да ги повлечат производите со поминат рок. Дефинитивно лошо за обичниот народ, посебно сиромашните. Зошто да не си земе 2 работи за 1 цена?
Не те разбрав, законот забранува да се врши продажба на артикли со изминат рок ама дистрибутерите немале да го почитуваат законот.
Ова ли го пишуваш? (Заборавете на Црпе сега имаме артикли со изминат рок :jeeee:)
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
194
Поени од реакции
271
Обично кога дојде при крај со рок на кросаните, му кажам на Колид имам 100бр со при крај рок, он ми каже лепи ги. 1+1 гратис. За 50 кроасани Колид ми даде одобрение. Е сега нема лепенки. А и да помине рок, Колид нема да ги врати и да ги одобри. Дали ќе ги лепи или ќе ги фрли тоа одлучува менаџментот на маркет/продавница на нивен трошок.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.844

Kajgana Shop

На врв Bottom