jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.493
- Поени од реакции
- 27.313
Се вртиме во круг. Ова се коси со секој историски факт, за кој има сеуште понекој жив сведок.Балфурската декларација е „обично писмо“ ама потоа Израел бива создаден со целосна подршка па и егзекуција и логистика на Британија... Да баш „обично писмо“.
1. Во Палестина после всв 20К вооружени арапи се редари во служба на Британската Империја. А ниеден евреин.
2. Британија од 1945 до 1948 јавно и отворено и со примери на потонати бродови со еврејски жртви е против населувањето на евреи во тогашна Британска Палестина.
3. Хашомер има вооружени престрелки со Британиската војска и со Арапите под нивна команда од 1945 до 1948.
4. Иргун го дига седиштето на Британското разузнавање (Кинг Давид), каде се чуваат списоците на Хашомер.
5. Британија го спроведува емабргото на оружје на младата Израелска држава од 1948 до 1952, а главни доставувачи на оружје на Израел се комунистичките земји.
Ова ти е исто ко да го потврдиш она Бугарското дека Македонците се комунистички продукт и да го наведеш Мајскиот Манифест како доказ.
Ти пишав горе, не е правилно да напишеш кој го контролира и управува, туку кој го обликува. И нема ништо чудно во тоа што тие што успеале да се инфилтрираат да ја вртат водата на нивна воденица. И јас да сум на нивно место истото ќе го правам за Македонија. Ти тоа го гледаш како некоја си завера против човештвото.Никако да ми одговориш кој ги контролира и управува САД, дали САД се управувани од политичарите кои на избори ги избираат граѓаните? Не знам кој пат те прашувам, културно е да одговориш. Патем кажи и дали си слушнал за AIPAC.
До општеството и за социјалниот инжинеринг сеуште не стигнале. Не може за тоа да се зборува без да се расчисти кој е автор на социјалниот инжинеринг.
Еве да речеме во некоја иднина Македонската дијаспора со силни национални чувства се собере и биде јака како Израелската во некоја си силна држава попут сега што е САД, да речеме еве Русија. Дали мислиш дека Македонија тогаш нема да добива најново оружје да се бавта со своите душмани?
Ако мислиш поинаку, стварно во најмала рака си наивен и не знаеш како функционира светот. Нема фер во светот. Едноставно е тие што се моќни и да не се расипани во моментов, ќе се расипат во иднина. Така било секогаш. Неможеш да кажеш САД лаже највеќе од сите. Отоманците на Русите на почетокот на 19 век после и згубена војна ветиле дека ќе им дадат одредени права на Христијаните во нивната држава, а тоа не се десило никад. Не е од денеска изреката „хартија трпи све“ и „кај што има сила нема правдина“. Неможеш да кажеш ниту дека ова што се случува со олигархијата во САД е нешто што не се случувало во светот. Одсекогаш е така, во даден момент кога Рим стоел на стаклени нозе источните кралеви полека го преместувале центарот на исток (Диоклецијан, Константин). Исто така Монголското царство на Кублај Кан со тек на времето станало Кинеска династија Јуан. Истото се случува со селџучките атабејови кои го превземаат целосно арапското царство. Истото е и со Хазарите во Персија.
Значи не е нешто што не се случило. Не е нешто што треба да се чудиме. Ако видиш наназад, ќе знаеш кон што иде тоа. Сега моментално што се случува е мошне индикативно, после силиконската долина Израел е држава со највеќе стартапи, од кои грото успеваат. Они успеале да го утилизираат Руското образование и да го комерцијализираат. Но генерално го прават америчкиот сон. Тоа значи дека прават тејковер на Америка. Ама не го прават тоа со завери и со тајни планови и со масони илуминати. Туку тоа што го прават е органски.
За да ти кажам со пример кој можеш да го сватиш е носењето на власт на Трамп. Неможам да го најдам натписот за конекцијата на Велешаните со Евреите и со Кембриџ аналитика, секој кој има и малку сенс за информатика, може да каже дека доколку сакале да ги скинат рекламите на ФБ или гугл ако сакале... Но не ги скинале. И на крајот Трамп е донесен на власт со пари од гугл адсенс и мета адс. Значи без никој ништо да вложи буквално. Тука нема тајни друштва нема ништо. Дојден е на власт Трамп, признаен е Ерусалим за главен град и после е тргнат Трамп. Јас ова го имам кажано на форумов најмалце 10 пати. Чему се тоа приказните за Хазарите, за тоа дека Британците го креирале Израел, за тоа дека Сталин бил евреин Елон Маск е евреин или која и да е фантастична приказна што се врти. Моќта на евреите врз општеството во САД е несомнена. Немора да правиме салто мортале и да викаме дека фб, гугл, епл и тие не почнале во гаража (како што вика бафра). Нема потреба, дека ако не биле гугл и фб, ќе биле други еврејски компании кои ќе ја играле нивната улога. Не разбирам зошто е потребата од фантастични приказни, кога све ни е дадено на тацна. Рокфелер и Ротшилд речиси и да немаат никаква улога денеска. Денеска моќта е во Гугл, во Мета, во Оракл, во Амдокс. Не е само во парите, туку и во информациите, во оружјето, еднотавно во науката, која евреите и тоа како ја утилизираат и да создадат уште повеќе пари и моќ.
Затоа викам дека самите теории на заговор кои се шират на форумов се приказни кои можеби и самите тие ги шират, за да обичниот човек не се обиде да успее мислејќи дека неуспехот му е загарантиран ако не си дел од нив.