Катастрофални 3 дена. Кај Динамо Букурешт, поразот беше целосно очекуван, многу сериозен состав имаат тие, ама играта особено во напад беше многу лоша. Ама тоа ќе беше и простено, ако перформансот против Вардар беше различен од она што го видовме.
Едноставно неприфатлив настап. Натпреварот реално го изгубија во првите 20 минути - старт со Кузмановски и Борзаш.... Убиство за екипата и во напад и во одбрана. Кажано е веќе на оваа тема, за Борзаш мора класичен плејмејкер на среден, и да го менуваш во одбрана со дефанзивец (што значи дека другиот дефанзивец ти е на пикер). Претпоставувам идејата беше да се игра со нив кога е Хосни на десен како поподвижен и попробивен десен бек - ама не е доволно, против квалитетната одбрана на Вардар. За овој состав што го има Пелистер, Борзаш може слободно да го заборават на клупа, нема никаква функција освен за во суперлига со послаби екипи, кога Самоил е на пикер (функцијата што практично ја има Ѓорговски во екипата). Ако не грешам 6 гола имаа во 20тата минута, -6 на натпреварот... После тоа тргна некако работата, стигнаа до -1, ама во финишот кога се кршеше резултатот ми се чини дека 2та одбранети пенали ги убија психички. Такви моменти и треба да решаваат големи натпревари, некогаш ќе одат во една, некогаш во друга насока. Проблемот е што во ЛШ не ни можат да стигнат до ваков исход (освен првата со ПСЖ).
Тајник, што да се каже, делуваше дека тргна некако работата откако влезе оти е барем среден бек, ама реално исто како да го немаше на натпреварот. Кога се зборува залагање кон клубот и кон градот, пред се кон него треба да биде насочен прстот (другите мислам играа колку што можат, со стандардното повремено недисциплнирано однесување на Борзаш и Манасков ама тоа мислам е дел од нивниот карактер, а не е резултат на залагање). Повеќе би рекол, тоа што Кузмановски беше на лев бек помогна, отколку што Тајник беше на среден. По којзнае кој пат изминатата година, Кузмановски на свој грб ја влечеше екипата - ама сам не може.
Структурниот проблем во екипата за немање централен дефанзивец што игра во напад, повлекува лоши тренерски одлуки за да се компензира, и од таму тргнува надолен домино ефект што ја растура екипата.
Загрижувачка е и формата на Абутовиќ. Делува дека ова темпо на 2 натпревари неделно, уште во Септември не може да го издржи. Во години е, и не е ни шокантно. Реално разочарувачки лош настап и од него. Ако него не го вратат во некоја нормална форма, титулата може да ја заборават, тоа е веќе нерешлив проблем што во одбрана Алкалоид ќе го експлоатира до максимум...
Се знаеше однапред дека Омтомври месец е клучен за Пелистер (периодот од крај на Септември до репрезентативната пауза во Ноември). Лош е стартот, ќе видиме како ќе продолжат, ама според мене, ако дојде Декември и вакви се перформансите, не е срамота да се крени рачна, да се ослободат постепено од Тајник, Борзаш, Манасков, па дури и Радивојевиќ откако ќе се врати Костески, и посепено да почнат да градат екипа за идните сезони, дури и ако тоа значи гарантирано 3-4то место во лигата.
П.С. Малку несфатливо ми е зошто мечот се играше во Сабота, а не во Недела, со оглед дека во Четврток имаа гостување во Букурешт, ама тоа не смее да биде изговор. Слична е ситуацијата со Алкалоид во Октомври, ама тој мислам е одложен заради истата причина...