Ги пратам шпекулациите околу MTUR и имам мислење дека нема превземање таму . Доне не го продал кучата! Добра понуда која не може да се одбие за MTUR е 12.000 и плус денари по акција. Како може 25 милиони евра да е добра понуда кога MTUR во КЕШ ги има тие пари на сметка ? Каде е тука имотот од хотел Холидеј Ин , х. Турист Бест Вестерн , х. Карпош , х. Водно , х. Сарај , х. Белви , х. Бристол ,х. Јадран , Пивница ... Каде е во понудата цирка 50.000 акции ( педесет илјади акции со букви ) што компанијата ги поседува во KMB , во TNB , ALK , Цементарница ...
Превземање има терк , има процедура . Превземање беше тоа на ЗОИЛ , процедурата на превземање на SBT , повторувам процедурата е ОК за SBT. Написите на Фактор се чамче муабети за пред кооперација, а шпекулација не е криминал. До сега нема објава на берза со ЦЧИ за писмо со намери за превземање на MTUR .
МТUR не е Шабанска компанија па да ги прескокне процедурите и преку објава да не ги информира своите акционери ! Колку проценти од написите на т.н. новинар Зоран Божиновски се оствариле ??? Дека нешто се случува во компанијата , се случува . Акцијата е поликвидна , има повеќе гости во споредба со ковид пандемијата и енергетската криза. MTUR не краде струја ,како повеќето компании од услужните дејности во Скопје. Се случуваат блокови , трансакции , но писмо со намери за превземање како прв чекор до сега не е објавено ! Значи Доне НЕ ГО ПРОДАЛ КУЧАТА !
п.с. Компанијата ги има исплатено сите наследници што со денационализација се појавија во х. Бристол и има уредни дозволи за градба на нов хотел Бристол . Можеби е тоа причина за растот на акцијата на MTUR , а не написи на уличари и квазипортали !