Кој факти? За мене ти кажав дека сликата не е релевантен доказ.
Нас егото не ни дава да признајме нешто?
Јас обратно ќе речам а еве и зошто:
1.) Не идиме Струга "не ни е битен турнирО" (Синкир ние за турнирот одевме, да се мочам во него. Сами се лажите)
2.) Не ни е битен турнирО. (Битен ни е МЗТ, ќе дојдиме таму да ве "нападниме" со чакмаци оти турнирО не ни е битен струга)
3.) Знамето Струга го носеа татко и ќерка. (На ОФИЦИЈАЛЕН профил на Комити Драчево има стори на инстаграм моменто кога е земено знамето а слика пред знамето излезе кај шо седат возрасни луѓе со дуксери)
4.) Не носиме нигде ладно оружје не е точно дека Битола на ракомет излеговме со пендраци, ножој итн. (Одземени ножој на влез во сала Битола, исто и на гостувањето во Бгд)
5.) Не е Ж*ти поќе дел од Комити (Јади ќотек во Кавадарци со екипата, клава слика од на трибина со Комити и неговото знаме)
6.) Не фрламе ние со камења слушаме последните 3-4 години кај шо неколку пати ни се искршени автобусите. (Последно кршење од воџа на Комити и дел од прва екипа)
7.) Битен ви е Вардар(Касните 60 минути намерно се со цел да избегните напад а без полиција идите. Планот беше да се сликате и кидавела после, лудила на форумо многу сме јаки)
8.) Не бегавме Новаци, држевме црта. (Едитирате клип кај шо наше дете се враќа кон бакла шо ја фрливте за да ви ја врати назад а вие то го прикажвате демек бега(има видео) Излезе клипот од вас кај шо бегате, ве немаше 20 сати да пишите, не знаевме дали сте уште живи)
Ова се само дел од работите кај шо се служите со манипулации и лаги за да ја извртите вистината во очите на другите и да се прикажите пак како тие најдобрите, наједуцираните навивачки со кодекси со се. Жими стапот. Единствено фер сте испаднале секогаш кога имало инциденти и имало потреба од помош, исто како и ние кога имало потреба за вас.
Така да немам потреба поќе апсолутно ништо да ви вервам, ако пишите "Добар ден" треба да излези чоек надвор да види вистина дали е ден.
И да ми реплицирате на овие работи нема да враќам, оти немам шо да кажам поќе, ваше е да гледате на нив како сакате а јас пишав која е реалноста.
За то шо било добро секогаш јавно имам пишано и пофалено, држете се до кореографиите таму барем ве бива, а за другото...
Поздрав, одам да одморам оти не чекат многу "обврски" овие дена