Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Возачките услови за велосипедисти сега за разлика од пред 20 год. коа почнав да го користам точакот за превоз се 100 пати подобри иако се далеку полоши од некој развиени земји сепак за наш менталитет и некултура се прифатливи. за растојанија до 4-5 км далеку побрзо се стигнува со точак одколку кола без да се земат во предвид паркирањето и трошокот околу тоа. Така да за градски услови и секој кои би сакал да купи точак за до работа или слично било кој точак да го земе топ ќе му врши работа, нека си го гледа само буџетот дали му одговара.
Se sekavam koga ziveev vo Skopje , ne znam kako e sega , 15+ godini ne sum pominal povise od dve nedeli vo Makedonija, ama od toa sto pamtam skopje e uzas , a isto znam kaj nas nisto ne se menuva samo se doebuva.
Ovde kaj sto sum velosipedistite imaat pogolemi prava od bilo koj na vnatregradski pateki, ama jas vozam niz suma i cuvstvoto e nesto najosloboduvacko, zelenilo cvekinja, raj na zemja, samo.koga vrne vozam po pat za koli...
 
Сакам да купам точак, го гледав kros hexagon 5.0, ми одговара во рамки на буџетот. Дали е ок за цената 26к ден?

Најмногу се плашам за издржливоста на лагерите на осовините на тркалата, затоа што со досегашните точаци тие беа редовен сервис. Најверојатно поради тежината, скоро 90 кила сум.

И гумите, планирам да го возам низ град најмногу, на асфалт, и поради неколку сериозни паѓања со лизгање на кривина сакам да се осигурам дрка димензиите и дебелината на гумиве се ок.

Ама освен асфалт низ град, планирам и возење по 30тина километри на тура и по земјен пат, а и на планински патеки. Значи дали одговара и за нив?

Или некој предлог?

Лагерите не откажуваат туку така на тркалата,попрво ќе пукне шуплива осовина и тоа на најевтините како Max отколку да отиде лагер и не ми е јасно како ти откажувале но не е поради тежината во никој случај.Јас со Max возам низ Скопје просек по 40,45 на ден и никогаш лагери немам сменето.Гумите за асфалт се пумпаат предна минимум 3 бара а пожелно 3.5 додека позади 4 до 4.2 доколку се работи за МТБ без разлика дали е26,27,5 или 29 под услов ако гумите се пумпаат до 65PSI или 4.5 бари.Се под тоа не е за асфалт возење.За низ град е во ред точаков и евентуално до кај 7,8% угорница како онаа до средно водно додека за пострмни угорници не е затоа што на поголемо напнување амортизерот ќе ти игра горе долу цело време бидејки не се заклучува и со тоа дел од силата која ја даваш за качување ти оди во бунар башка и погонот не е соодветен за пострмни угорници како онаа после детското да речеме.Ќе бараш МТБ 29 со Suntour XCT или XCM,преден погон 36/22,задна касета 11-34 или 11-36 9 брзини и гуми што се пумпаат до 4.5 бари или 65psi марка небитна.
 
бидејки не се заклучува
ауу не забележав, фала шо спомна, јас никако не можам да возам со амортизер. инаку не знам дали се кршеа лагерите, или што се случуваше, ама ќе почнеше да шалта тркалото. инаку не ми се даваат повеќе од 25к денари. гледав половни, ама и таму цените се високи на добрите примери.
а за погон за угорници и така воопшто не гледам, не ни знам како да споредам, не ми е ни битно, баш сакам да ми е понапорно, со какви крш точаци имам возено.
гледав ос тринкс исто така, но таму има малку примери со големина на рам поголема од 18, а јас сум 188цм и тие ми се мали.
 
Последно уредено:

Лани со субвенции за 25000 се купуваше српски Polar Mirage Pro 29 комплет со се што ти е потребно но оваа година не барај за тие пари.Евентуално ако има заостанато парче во Интерспорт од Nakamura 29 во спротивно од тоа што се нуди во Скопје за 26000 нема шанси да најдеш ново.
Автоматски споено мислење:

ауу не забележав, фала шо спомна, јас никако не можам да возам со амортизер. инаку не знам дали се кршеа лагерите, или што се случуваше, ама ќе почнеше да шалта тркалото. инаку не ми се даваат повеќе од 25к денари. гледав половни, ама и таму цените се високи на добрите примери.
а за погон за угорници и така воопшто не гледам, не ни знам како да споредам, не ми е ни битно, баш сакам да ми е понапорно, со какви крш точаци имам возено.
гледав ос тринкс исто така, но таму има малку примери со големина на рам поголема од 18, а јас сум 188цм и тие ми се мали.
Еве во Bikecenter е на попуст уште 7 дена и оди зимај го:
 
Последно уредено:
Па зошто профактура?Зошто не одиш во продавница и од таму на лице место да го платиш?
Бидејќи не сум во скопје, а не наплаќале преку карго, имале проблеми. Само преку профактура. И ништо
 
Па нека ѕи го купи некој друг па после ќе се раздолжиш со него во спротивно ќе испуштиш ретка прилика и ќе останеш без точак.Ако си од друг град ќе извадиш карта во еден правец со воз или автобус и до дома со возење.
 
Какви се вашите искуства со користење на гармин ХРМ? односно ме интересира колку ви траеле?
Пред две години купив хрм про и уште тогаш мислев дека ќе си тера барем едно 10 години и попрво би се "истрошил" ластикот неголи да се расипе хрм-то, меѓутоа се случи обратното наеднаш хрмто престана да работи, а не е користено ни секојдневно во овие 2 години, прв пат му менав батерија февруарито.
Сега сум во дилема дали да земам Полар Х10 или да ризикувам со Гармин ХРМ про плус, повеќе сум за поларот особено поради тоа што му се вади ремчето и може да се пере во машина. Знам дека ќе немам Running Dynamics на поларот меѓутоа ако траат повеќе од гарминот зошто да не...
 
Koристам од Али Експрес и осеќам дека е при крај, така да не би знаел што да ти кажам. Пријател ми предложи малку подобар од овој кој го користам, малку е поскап. Мада и искрено не го одржував, т. е. подоцна дознав како се одржувало.
 
Какви се вашите искуства со користење на гармин ХРМ? односно ме интересира колку ви траеле?
Пред две години купив хрм про и уште тогаш мислев дека ќе си тера барем едно 10 години и попрво би се "истрошил" ластикот неголи да се расипе хрм-то, меѓутоа се случи обратното наеднаш хрмто престана да работи, а не е користено ни секојдневно во овие 2 години, прв пат му менав батерија февруарито.
Сега сум во дилема дали да земам Полар Х10 или да ризикувам со Гармин ХРМ про плус, повеќе сум за поларот особено поради тоа што му се вади ремчето и може да се пере во машина. Знам дека ќе немам Running Dynamics на поларот меѓутоа ако траат повеќе од гарминот зошто да не...
Polar H10 дефинитивно. Скоро сите професионалци го користат.

Алтернативни прецизни уреди ти се продуктите на Apple и Huawei. Гармин за прецизност на пулс е просечен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom