Гликемискиот индекс (ГИ) - Glycemic index (GI)

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Гликемискиот индекс (ГИ) е систем за храна која содржи јагленохидрати и ни покажува колку брзо секоја храна влијае на нивото на шеќерот (гликозата) во крвта кога таа храна се јаде, а тоа го создал Д-р Дејвид Џенкинс наменски за рангирање на јаглехидратите за луѓето со дијабетес, наместо да ги категоризира јаглехидратите како олигосахариди, моносахариди, полисахариди ги ја рангирал храната на скала од 0 до 100 како Гликемиски индекс (ГИ) - Glycemic index (GI).

Screenshot 09-20-2024 21.41.51.png glycaemic-index-1-high-low-graph-copy.png

низок (ГИ) помалку од 55, среден (ГИ) 55-69, висок (ГИ) над 70

... храната која брзо го зголемува нивото на гликоза во крвта има повисок ГИ број од храната која побавно го зголемува нивото на гликоза во крвта, а ние реагираме на скоковите на гликозата во крвта со производство на повеќе инсулин ( хормон кој е одговорен за гликозата од крвта да се складира во клетките).

... ако имаме отпорност на инсулин како велиме „инсулинска резистентност“, брзите скокови на шеќерот во крвта по извесен период може да ги исцрпи нашиот панкреас што доведува до намалување на инсулинот со што се зголемува ризикот од болеста дијабетес.

...ако јадиме храна со понизок ГИ, ги избегнуваме скоковите на гликоза во крвта и може да ја контролираме и телесната тежина, а со тоа и нашето здравје.

Screenshot 09-20-2024 22.07.24.png

...како што секогаш еден и еден не се два, така и овде, храната со висок ГИ не мора да е секогаш нездрава, а исто ни храната со низок ГИ се секогаш здрави, на пример, лубеницата и пашканатот се храна со висок ГИ, додека чоколадната торта има помала ГИ вредност.

...храната која се готви во масти ја забавува апсорпцијата на јаглехидратите, намалувајќи го нивниот ГИ, така да чипсовите имаат помал ГИ од компирите варени без маснотии, ама пак чипсовите се богати со масти и треба да се јадат поумерено, така да ако јадеме еден оброк во текот на денот во кој се вклучени протеини и масти, варењето на храната што има висок ГИ се забавува, на пример, ако сакаме печен компир за вечера, задолжително оброкот го комбинираме со храна која има низок ГИ, како што се брокула и риба.

... ако јадеме само храна со низок ГИ,истата може да биде неурамнотежена и богата со масти, така да не сите намирници со низок ГИ се здрави, така да не можеме да се базираме на примена на храна според ГИ и не е баш сигурен начин да се одлучи дали храната или самите комбинациите на храна се здрави.

Screenshot 09-20-2024 22.39.00.png

Screenshot 09-20-2024 22.37.43.png

...инаку ефектот на бананата врз шеќерот во крвта зависи од нејзината зрелост, жолтите или зрелите банани содржат помалку отпорен скроб од зелените банани, како и повеќе шеќер, кој побрзо се апсорбира од скробот, што значи дека целосно зрелите банани имаат повисок ГИ и ќе предизвикаат шеќерот во крвта да се зголеми побрзо од зелените незрели банани, гликемиското оптоварување на 100 грама банана е околу 10,1, што се смета за умерено., иако бананите може да имаат умерен до висок гликемиски индекс (ГИ), тие сепак обезбедуваат релативно ниско гликемиско оптоварување по порција (80 грама), а истите се добар извор на влакна, витамини и минерали, што ги прави здрав и хранлив избор на храна за повеќето луѓе кои се навикнати да конзумираат секојдневно по една банана.

...инаку кога споредуваме гликемиски индекс (ГИ) на едно исто овошје, кога е суво овошје има многу повисоко ниво во шеќер, а со тоа и повисок гликемиски индекс (ГИ) во споредба со истото овошје кога е свежо, ЗОШТО? затоа што со сушење на овошјето се остранува водата со што се концентрира целиот шеќер и калории во многу помало пакување.

Листа на храна со низок гликемиски индекс (ГИ) Тука!

Листа на храна со среден гликемиски индекс (ГИ) Овде!

Листа на храна со висок гликемиски индекс (ГИ) Тука!
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Гликемиски индекс нема допирна точка со дебелеење, тоа се зависи стрикно од калориски внес. Самата идеја за ваков индкес кога се работи за слабеење е тотално губење време и псевдонаука.

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Се' океј, ама како еден и еден не се два?
...иако не коментираме во тема за образование, но верувај дека и во математиката има неколку ситуации кога еден и еден не се два, а камо ли во медицинско објаснување со изрека дека еден и еден не се секогаш два.
зависи стрикно од калориски внес.
...не се сложувам,
не секогаш високиот калориски внес значи и апсорбција на истото во организмот како фактор за дебелење, дури и комбинација на храна кои се високо калорични меѓусебе не значи влез или пак целосна искористеност на тие вкупни калории.
 
Последно уредено:
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
Гликемиски индекс нема допирна точка со дебелеење, тоа се зависи стрикно од калориски внес. Самата идеја за ваков индкес кога се работи за слабеење е тотално губење време и псевдонаука.

Дали е можно
Сусам да има GI 35 исто како и смоква?
Сува банана да има GI од 48 а свежа 45?

Дали ако се внесуваат сите микро нутриенти и сме во calorie restriction а се јаде производи од животинско потекло.
(Skinless chicken breast, whole eggs, yoghurt, sardines,tuna,cheese) дали ова би правело голема штета?
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.428
Поени од реакции
13.514
иако не коментираме во тема за образование, но верувај дека и во математиката има неколку ситуации кога еден и еден не се два
Кои? Слаб сум по математика, молим те објасни. Еве ако сакаш у пм објасни ми ако не сакаш темата да ја трупаме.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.707
Поени од реакции
21.219
Кето режим на исхрана со контролиран внес на јагленихидрати (20 грама) + дневен внес на здрави масти и протеини и 3 литри вода + фастинг (16:8) = ниско ниво на гликемиски индекс, здраво тело, чист разум, енергија и немање на вишок масни наслаги !!!
Голем внес на јагленихидрати го покачува гликемискиот индекс, и делува да се останато што внесуваме се складира во организмот како резерви (сало) итн, што делува на здебелување, висок крвен притисок, лош холестерол, поспаност, немање енергија немање здрав разум итн.
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
300 грама чоколадо и 300 грама пилешко не е исто во смисол на количина на калории, а ниту калории од чоколадо се исти со калории од пилешко. Едните директно се апсорбираат во крвта и предизвикуваат инсулински спајкови и потоа директно се складираат ко сало, другите се потешки/поспори за дигестија а и се богати со разни минерали и витамини кои му се потребни на организмот да функционира.
 
Да но ако се изеде повеќе калории

Ако
BRM+NEAT+EAT+TEF > TOTAL CALORIES
Што сакаш јади слаб ке бидеш и ке слабееш а тоа колку ке си здрав не може да знаеме.
Дека може да имаш инфламација итд...

А кога внесуваш масти директно иде во сало.

И од мастите телото зема да ги користи како шеќер, ако не внесуваш јх/шеќер или како и да ги викаш.

А кога јадеш јх/шеќер телото си ги троши за работа а вишокот се складира во џигерот како гликоген и кога и тој ке се засити тогаш редиш сало.

И по потреба ке си црпи од "салото" и ке го претвара за да го троши како шеќер, заработат на телото
А ако немаш ни "сало" тогаш ке трошиш мускул.

Така да исто ти е.

А од аспект на здравје масти се поштетни.

ПС. Како и да е ако не изедеш повеќе калории од тоа што ти треба нема да се дебелееш и да имаш сало

Ако не јадиш масти не може да трошиш масти...а тоа што трошиш масти не значи дека слабееш....

Ако јадеш јх редиш гликоген трошиш гликоген.

Ако јадеш масти редиш масти трошиш масти....а и мастите ги конвертирааш во шеќер за да ги трошиш..

Пак ке ти речам до калориите е.
 
Оф мори мајко. Ако јадеш шеќери складираш масти. За ЛДЛ/ХДЛ холестерол по биологија си читал некогаш или слабо?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
Оф мори мајко. Ако јадеш шеќери складираш масти. За ЛДЛ/ХДЛ холестерол по биологија си читал некогаш или слабо?
Ако изедеш повеќе калории да.
Значи според тебе ако јадеш кровни,милка нема сало ниту дебелеење ?
300 грама чоколадо и 300 грама пилешко не е исто во смисол на количина на калории, а ниту калории од чоколадо се исти со калории од пилешко. Едните директно се апсорбираат во крвта и предизвикуваат инсулински спајкови и потоа директно се складираат ко сало, другите се потешки/поспори за дигестија а и се богати со разни минерали и витамини кои му се потребни на организмот да функционира.
:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
И да јадеш крофни ако не јадеш доволно калории пак ке бидеш слаб.
Инаку протеините трошат најмногу енергија за преработка
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
И да јадеш крофни ако не јадеш доволно калории пак ке бидеш слаб.
Инаку протеините трошат најмногу енергија за преработка
Што дополнително допринесува до трошење калории.

Да, само со крофни секад ќе бидеш гладен и дебел плус, со месо и јајца нема да бидеш ниту гладен, ниту дебел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom