- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.513
- Поени од реакции
- 37.352
Гликемискиот индекс (ГИ) е систем за храна која содржи јагленохидрати и ни покажува колку брзо секоја храна влијае на нивото на шеќерот (гликозата) во крвта кога таа храна се јаде, а тоа го создал Д-р Дејвид Џенкинс наменски за рангирање на јаглехидратите за луѓето со дијабетес, наместо да ги категоризира јаглехидратите како олигосахариди, моносахариди, полисахариди ги ја рангирал храната на скала од 0 до 100 како Гликемиски индекс (ГИ) - Glycemic index (GI).
низок (ГИ) помалку од 55, среден (ГИ) 55-69, висок (ГИ) над 70
... храната која брзо го зголемува нивото на гликоза во крвта има повисок ГИ број од храната која побавно го зголемува нивото на гликоза во крвта, а ние реагираме на скоковите на гликозата во крвта со производство на повеќе инсулин ( хормон кој е одговорен за гликозата од крвта да се складира во клетките).
... ако имаме отпорност на инсулин како велиме „инсулинска резистентност“, брзите скокови на шеќерот во крвта по извесен период може да ги исцрпи нашиот панкреас што доведува до намалување на инсулинот со што се зголемува ризикот од болеста дијабетес.
...ако јадиме храна со понизок ГИ, ги избегнуваме скоковите на гликоза во крвта и може да ја контролираме и телесната тежина, а со тоа и нашето здравје.
...како што секогаш еден и еден не се два, така и овде, храната со висок ГИ не мора да е секогаш нездрава, а исто ни храната со низок ГИ се секогаш здрави, на пример, лубеницата и пашканатот се храна со висок ГИ, додека чоколадната торта има помала ГИ вредност.
...храната која се готви во масти ја забавува апсорпцијата на јаглехидратите, намалувајќи го нивниот ГИ, така да чипсовите имаат помал ГИ од компирите варени без маснотии, ама пак чипсовите се богати со масти и треба да се јадат поумерено, така да ако јадеме еден оброк во текот на денот во кој се вклучени протеини и масти, варењето на храната што има висок ГИ се забавува, на пример, ако сакаме печен компир за вечера, задолжително оброкот го комбинираме со храна која има низок ГИ, како што се брокула и риба.
... ако јадеме само храна со низок ГИ,истата може да биде неурамнотежена и богата со масти, така да не сите намирници со низок ГИ се здрави, така да не можеме да се базираме на примена на храна според ГИ и не е баш сигурен начин да се одлучи дали храната или самите комбинациите на храна се здрави.
...инаку ефектот на бананата врз шеќерот во крвта зависи од нејзината зрелост, жолтите или зрелите банани содржат помалку отпорен скроб од зелените банани, како и повеќе шеќер, кој побрзо се апсорбира од скробот, што значи дека целосно зрелите банани имаат повисок ГИ и ќе предизвикаат шеќерот во крвта да се зголеми побрзо од зелените незрели банани, гликемиското оптоварување на 100 грама банана е околу 10,1, што се смета за умерено., иако бананите може да имаат умерен до висок гликемиски индекс (ГИ), тие сепак обезбедуваат релативно ниско гликемиско оптоварување по порција (80 грама), а истите се добар извор на влакна, витамини и минерали, што ги прави здрав и хранлив избор на храна за повеќето луѓе кои се навикнати да конзумираат секојдневно по една банана.
...инаку кога споредуваме гликемиски индекс (ГИ) на едно исто овошје, кога е суво овошје има многу повисоко ниво во шеќер, а со тоа и повисок гликемиски индекс (ГИ) во споредба со истото овошје кога е свежо, ЗОШТО? затоа што со сушење на овошјето се остранува водата со што се концентрира целиот шеќер и калории во многу помало пакување.
Листа на храна со низок гликемиски индекс (ГИ) Тука!
Листа на храна со среден гликемиски индекс (ГИ) Овде!
Листа на храна со висок гликемиски индекс (ГИ) Тука!

Последно уредено: