Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    725

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.612
Поени од реакции
33.761
Najtragicno e so imase epten podgrevanje na atmosvera za dolg dostrel na raketite i Rusite najmalce so mozea e da gi razdvojat ovie skladista.
Да ги „поттргнат“ на 1000+ километри од фронт?
За после „Украинците“ да ги гаѓаат и таму?

Не, сега за жал ќе гледаме циркус. Извесно трагичен циркус.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Najtragicno e so imase epten podgrevanje na atmosvera za dolg dostrel na raketite i Rusite najmalce so mozea e da gi razdvojat ovie skladista.
Не дека е добро за Русите да им рокнат ваков магацин на 700 километри од граница, но...
At night, Ukrainian UAVs attacked the 107th arsenal of missile and artillery weapons of the russian army in the city.

Иначе 30К тони се трошат за еден месец или нешто повеќе во Украина.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
178
Поени од реакции
442
Тоа што никој не ги сфаќа сериозно е проблем за Русија и Путин?
Ете, никој не ги сфаќа сериозно и им рокнаа складиште. Ќе има беседи од Медведев и пак некој закани за нуклеарка. И ќе си стане нова нормалност и ќе си продолжи војната.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
ne lupaj... rusite si napreduvaat kade treba i sto zimaat veke nema vrakanje. urkite neznaat kaj teraat samo vakvi sperodicni napadi moze da izvedat i toa e se.

neznam sto gledas ama u sad veke se vlezeni 8M + "migranti". sad gubi iljadnici luge mesecno od drogata sto im ja isturija i se toa bez eden ispalen kursum.
Ете и Харков и Одеса се руски, само кај нас доцнат вестите изгледа, и пред портите на Киев се стигнати Русиве, за некој ден ќе падне.
Можеби и пред Берлин се, ама кој да знае :pijanco:.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Ете и Харков и Одеса се руски, само кај нас доцнат вестите изгледа, и пред портите на Киев се стигнати Русиве, за некој ден ќе падне.
Можеби и пред Берлин се, ама кој да знае :pijanco:.
Берлин веќе го освои Саладин..
 
Член од
23 август 2024
Мислења
399
Поени од реакции
774
Ете и Харков и Одеса се руски, само кај нас доцнат вестите изгледа, и пред портите на Киев се стигнати Русиве, за некој ден ќе падне.
Можеби и пред Берлин се, ама кој да знае :pijanco:.
Каква пресмешна досетка, секоја чест. Неверојатно оригинално.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
239
Поени од реакции
339
Ете, никој не ги сфаќа сериозно и им рокнаа складиште. Ќе има беседи од Медведев и пак некој закани за нуклеарка. И ќе си стане нова нормалност и ќе си продолжи војната.
Значи според тебе исто е од почетокот на војната до сега, не гледаш некоја траекторија на ескалција ?
Тоа што ти си седиш дома и ти е исто како од почетокот на војната, не значи дека нема континуирина ескалација на настаните,
поврзана во исто време со останатите настани во светот
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.048
Поени од реакции
9.393
Ете, никој не ги сфаќа сериозно и им рокнаа складиште. Ќе има беседи од Медведев и пак некој закани за нуклеарка. И ќе си стане нова нормалност и ќе си продолжи војната.
Да почекаме да видиме што точно се случило и која е штетата, да не правиме муабет на бафтана.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
178
Поени од реакции
442
Значи според тебе исто е од почетокот на војната до сега, не гледаш некоја траекторија на ескалција ?
Тоа што ти си седиш дома и ти е исто како од почетокот на војната, не значи дека нема континуирина ескалација на настаните,
поврзана во исто време со останатите настани во светот
Ти велам дека оваа ескалација што ја викаш ќе си стане нова нормалност во војнава. За мене уништување на ваков огромен склад не е ескалација и е најнормално во војна. Не очекувам и дека само на овој уништен склад ќе се остане.
Ескалација за мене ќе е ако испадне дека е проектил, а не дрон од Украина. Од тоа што колку толку се информирам сеуште немаат украинците со толку долг дострел проектили што значи дека е дојден од друга земја. Ако пак веќе се снабдени со поголем дострел и е истрелан од Украина тоа е тоа, ќе гледаме горење на вакви складови и на поголемо растојание.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.825
Поени од реакции
36.860
pa razdvoeni se... aj sega zamisli uste kolku imaat :D
Кано ова е стратешко складиште изградено од советско време и проширувано и отваранп со церемонии. Вакви складишта низ Русија немаат многу.

Ја се кладам да се расчепка на интернет, ова ќе испадне дека е едно од најголемите складишта за муниција што ги имаат, ако не и најголемото.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.253
Поени од реакции
18.201
Не дека е добро за Русите да им рокнат ваков магацин на 700 километри од граница, но...
At night, Ukrainian UAVs attacked the 107th arsenal of missile and artillery weapons of the russian army in the city.

Иначе 30К тони се трошат за еден месец или нешто повеќе во Украина.
Pa i 100 i 200 da se, ova e za tesenje? golema zemja e rusija, sig nema 20 sklada. Megjutoa fakt e deka imalo golema kolicina na edno mesto. Ne veruvam iskanderi i tn, ama municija za artilerija i fabovi sigurno.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Сигурно имало вредни работи во магацинот но тоа не е толку важно, нема значајно да влијае на способноста на Русија да војува, може би ке и треба некое време да ја надомести таа муниција. Моментот е што Русија покажува ранливост, слаби точки, не може да спречи такви напади да и се случуваат 700км во нејзина територија. Па тоа е напад од прилика како од овде па на румунска граница. Што е следното? Украински дрон да стигне до Црвениот плоштад? Ако овој напад го ставиме во корелација и со нападот и завземањето на руска територија, Украина покажува голема жилавост и праќа порака дека војната нема да се води само на нејзина територија, дека на нападот ке одговорат не само со одбрана туку и со напад.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.383
Поени од реакции
5.016

Украинците веќе се здобијаа со капацитет да враќаат на Руските напади со крстосувачки ракети длабоко на Украинска територија, реципрочно. Иако капацитетот е далеку од тоа што го можат крстосувачките ракети, дроновите што ги имаат направено се идеални за меки мети. Гаѓаат воени бази, авиони, складишта, рафинерии и сл.
Или како во случајов на пример, може да бираат каде да нападнат и нападите им поминуваат скоро непречено.

Долго пред војната Украинците веќе работеа на крстосувачки проектили и ракети, до каде им е тој напредок покрај војната не се знае. Но изгледа дека е прашање на време кога ќе почнат да летаат Украински ракети накај Русија.
 
Нептун ракетите до сега неколку пати успешно ги имаат искористено за напади на Крим ама изгледа ги имаат во мал број или производството им оди тешко па затоа тие напади се ретки.

Од друга страна ова е веќе трет напад со преку стотина дронови во еден месец, и ако се земат предвид и дроновите што ги користат на фронт, очигледно Украина има големи капацитети за производство на дронови со краток и долг домет. Капацитети кои Русија не може да ги неутрализира.

Русите во последните напади успеваа да спасат голем дел од авионите, зашто знаат кога ќе влезат дроновите на нивна територија и бидејќи истите се спори, овие ги креваа сите авиони во воздух. Но фиксни мети како магацини за оружје не можат да кренат во воздух па затоа Украинците ги креваат во воздух. Ваквото штитење драстично ќе се смени кога Украинците ќе почнат со користење на крстосувачки ракети за овие мети што се гаѓани од дронови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom