Deksi
Локал патриот
- Член од
- 16 март 2010
- Мислења
- 909
- Поени од реакции
- 1.209
За сега, слабо оди продажбата на картите за првиот натпревар од ЛШ, а искрено очекував полна сала, ама најверојатно покрај неносењето играчи, па поразите од Загреб и Алкалоид, причина е фудбалската Лига на Шампиони, лани кога ќе се поклопеше исто како утре, салата беше појќе од пола празна. Исто така слаб маркетинг на клубот, абе треба да излезат неколку ракометари низ Широк Сокак вчера/денес, да течи рекламата, да се зближат шо појќе со публиката, не со нас шо сме биле в сала и пред 10-15 години ќе бидиме пак и утре а и секоја наредна пак за 15-20 години, туку оние кои се колебаат, оние кои сеуште незнаат што значи ЛШ ракомет во Битола, да наречам неутралните. Подигање на интересот не се прај преку спонзорирано пуштање на Инстаграм објавата за натпреварот. Тука заостануваме многу зад другите клубови од ова ракометно елитно друштво. Беше шо беше со Димитар и после него некако не само шо тапкаме в место, туку и назад се враќаме ама ај има време да се ОПРАЈ работата, за две години ехеехеее и нова сала ќе напрајме.
За утре искрено не очекувам ништо посебно иако секогаш сум оптимист, ама разликата е евидентна во квалитетот, се шо треба е максимална борба, Павле Атанасијевиќ некако Гитсел да проба да го запри пошто само тој и Петар се брзи на нозе, а воедно и снажни, ако него го следиме на 3-5 гола од игра и со високо излегвање на него да не му се дозволи лесно да асистира, мислам дека ќе имаме некакви шанси, во спротивно лошо ни се пиши.
Sent from my SM-G998B using Tapatalk