Дали Истокот е реална алтернатива за Македонија?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
дали таква алтернатива навистина постои и ако постои дали РМ треба да се заврти натаму или не?
Како прво таква алтернатива не постои со оглед на силата која ја имаат америкаците во светот.
Дали ќе биде Русија, Америка или Бангладеш, го забораваш фактот дека на ниедна од овие наведениве нема да дојде и да ти го среди дворот ако ти си мрзлив и по цел ден скролаш на телефон.
Автоматски споено мислење:

Еве зошто мислиш ти дека кога е тука Горан од Прилеп фрла ѓубре итн. а истиот Горан кога ќе појди во Франкфурт на лето на сезонска работа, таму не го прави тоа, туку се понаша погермански од Германецот? Зошто Горан не се однесува така и во Прилеп? Искрено, немам одговор на тоа прашање.
Одговорот е толку очигледен, а ти немаш одговор на прашањето?

Чувство на неказнивост се вика тоа!

Не дека во Франкфурт ќе биде казнет ако фрли ѓубре, но мајндсетот е друг во Германија кога станува збор за правила. Така Горан по навика почнува да ги почитува.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Еве зошто мислиш ти дека кога е тука Горан од Прилеп фрла ѓубре итн. а истиот Горан кога ќе појди во Франкфурт на лето на сезонска работа, таму не го прави тоа, туку се понаша погермански од Германецот? Зошто Горан не се однесува така и во Прилеп? Искрено, немам одговор на тоа прашање.

Инаку, да се согласувам, особено со соросписките Нго-а, дека нивната агенда е таа што ја спомна.. Макар што на некои работи и ние Македонците мора да поработиме за да биди првенствено подобро за нас. Далеку сме од глупи и прости како народ, туку баш напротив, секаде важиме за мирен и трудољубив народ, кај и да има наша дијаспора.

Значи, не ми треба мене нго да ми кажи дека ако фрлам ѓубре кај што стигнам, тоа ќе ми се врати исто дома, дали преку водата за пиење, дали преку земјата со зеленчукот и овошјето. Не треба нго да ни кажи дека законот треба да важи подеднакво за сите итн...
Мојата теорија е дека негрижата се јавува како резултат на револт и немоќ да се смени нешто.

Ако сакаш да извлечеш паралела, гледај ја војната 2001, кога со добиена утакмица службено не тепаа 3:0. Све што се случува во последните 33 години ни е наметнато на сила. Македонија на почетокот на независноста 90% беше прозападно ориентирана. Ние сме растени со Американски и Европски филмови, на школо сме учеле Англиски, Германски и Француски. Сме слушале западна музика, сме идеализирале западни пејачи и глумци... Еве, ако си ти млад, прашај некој близок повозрасен, кои Руски глумци или пејачи познава.

Све што се правеше во Македонија буквално се правеше со сила и со притисоци, баш од западните земји. Денеска Македоинскиот народ во големо мнозинство со тотално антизападен сентимент. Тој револт кај народот, према неправдите што ни се нанесоа, се изразува со некаква тивка пакост кон државата која западот ја отуѓуваше од народот уште од првиот ден на независноста, а сега веќе е комплетно туѓа.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Високо образувани луѓе на запад од Македонија бегаат последната деценија, Претходно има секакви струки. Како и секој во Македонија и јас имам еден куп пријатели и роднини во странство, не секој отиден сега, во последните 10 години. Има Македонци кои се со децении, , па дури и пред 2светска војна на запад, од најнеобразовани селани, до луѓе со највисоко образование. И секогаш важи истото за Македонците, значи исклучоците се незначителни. Кроток народ, работлив, прилагодлив кон системот во којшто се наоѓа и така натака.

Објасни ми како може во голема мера Македонскиот народ да е паметен и ук на запад а глуп и неук во Македонија ? Или ти е најлесно да пљукаш по сопствениот народ по инерција?
Кроток да ама останатото не баш.

Не е плукање. Јас би сакал да не е така ама реалноста е поинаква. Во странство сме малцинство не сме ние тие кои го водат орото.

Попаметни од нас направиле систем и правила.

Друг муабет е што во тој систем може и да се просперира. Кај нас и тие што се паметни немаат шанса да прават промени пошто глупите луѓе други глупаци на власт ставаат.

Пак ќе кажам само идиот со исти постапки може да очекува различни резултати.

Ова е тоа што го зборувам. 30 години исти ропаци се ротираат на позиција на власт, обичниот македонец гласа за партија не за особа или за идеали.

Може ти имаш среќа и си во поинакво опкружување. Јас познавам многу паметни луѓе ама за жал не се мнозинство.

Јас ја гледам реалноста таква каква што е, не што би било кога би било.

Не е муабетот дека немаме потенцијал ама со одлуките што ги правиме пропаста е неизбежна.

За да биде колку толку поинаку треба да имаш популација со основни познавања на економија, финансии, здравје и ред други работи.

Пола од луѓево кај нас уште веруваат во гатачки, бајачки и надри лекари, а другата половина наседнува на шеми од типот на ТАТ.

Факт е дека 90% од популацијата нема една книга прочитано цел живот, а тие што им се прочитани е пошто морале во средно да ги прочитаат ако воопшто и тогаш не забушавале.

П.С. Во склоп на темава доколку немаш елементарни познавања тогаш ќе те манипулираат и сите тие заебанции што се случија во 90-ите, па 2001, 2004, 2006, 2011 и сега ваљда 2016/17 се неизбежни.

Самиот Македонец гласаше за систем каде што е зависен од политичари и други посредници.

Во суштина имаме право на референдум ама не го користиме значи сме глупи или неспособни или/и двете.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Чувство на неказнивост се вика тоа!

Не дека во Франкфурт ќе биде казнет ако фрли ѓубре, но мајндсетот е друг во Германија кога станува збор за правила. Така Горан по навика почнува да ги почитува.
Само една страна поназад го има али ајде пак, франкфурт да го видиме и која е тоа чувство на неказнивост:


Или сепак не е...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Gjubreto e najbos mubet. Koa sve ti e reseno normalno kje se zamaras za gjubre, vozduh. Vidi i vo Makedonija koj se zamara za ekologija, sigurno ne e Trajce molerot tuku Trajce od IT. Lugjeto se selat vo pogolemi zemji se povekje pari i moznosti. Gradovite vo Amerika (pa i delovi od Evropskite gadovi) se polni so gjubre, pa eden kup lugje migriraat tamu.

Nie od site narodni vo Jugoslavija imame najmalce vina za raspadot na Jugoslavija i vojnite so sledea. Nitu bevme naivni, nitu podgrevavme, nitu sakavme da se raspadne. Sea cel region e sranje. Site zemji vo regionot imaat nizok standard, masovno iseluvanje na mladite, politicki se nebitni, pratkicno feeder drzavi na golemite zemji. I ti mislis Makedonija tuku taka kje stane Svajcarija ako pocneme da selektirame gjubre. Pa ova e iluzija vo rang na dedo mraz.
Имаш утнато поента намерно или случајно. Заблуда е дека проблемите магично се решаваат од горе надолу во реалноста промените секогаш се посуптилни од периферија кон врвот.

Муабетот со ѓубрето е дека кога ќе го исчистиш ѓубрето, ќе бараш да работи уличното, кога ќе го средиш тоа ќе бараш, спортски терени, училишта итн.

Прво среди си го домот/семејството, после заедницата, после наредно ниво т.е општина итн.

Најголема разлика помеѓу запад и нас е што имаат функционални заедници. Не се чека од некој друг да ги среди проблемите туку се решаваат локално.

@jamajka

Најголемо отворање на очите ми било присуствување и членување во месна заедница. Пред тоа имав неутрален став меѓутоа се запрепастив како луѓе на 45+ години имаа однесување и интелегенција како деца на осум годишна возраст.

Искрено имам многу надеж за следниве генерации мислам дека барем дупло се попаметни од нивните родители.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Кроток да ама останатото не баш.

Не е плукање. Јас би сакал да не е така ама реалноста е поинаква. Во странство сме малцинство не сме ние тие кои го водат орото.

Попаметни од нас направиле систем и правила.

Друг муабет е што во тој систем може и да се просперира. Кај нас и тие што се паметни немаат шанса да прават промени пошто глупите луѓе други глупаци на власт ставаат.

Пак ќе кажам само идиот со исти постапки може да очекува различни резултати.

Ова е тоа што го зборувам. 30 години исти ропаци се ротираат на позиција на власт, обичниот македонец гласа за партија не за особа или за идеали.

Може ти имаш среќа и си во поинакво опкружување. Јас познавам многу паметни луѓе ама за жал не се мнозинство.

Јас ја гледам реалноста таква каква што е, не што би било кога би било.

Не е муабетот дека немаме потенцијал ама со одлуките што ги правиме пропаста е неизбежна.

За да биде колку толку поинаку треба да имаш популација со основни познавања на економија, финансии, здравје и ред други работи.

Пола од луѓево кај нас уште веруваат во гатачки, бајачки и надри лекари, а другата половина наседнува на шеми од типот на ТАТ.

Факт е дека 90% од популацијата нема една книга прочитано цел живот, а тие што им се прочитани е пошто морале во средно да ги прочитаат ако воопшто и тогаш не забушавале.

П.С. Во склоп на темава доколку немаш елементарни познавања тогаш ќе те манипулираат и сите тие заебанции што се случија во 90-ите, па 2001, 2004, 2006, 2011 и сега ваљда 2016/17 се неизбежни.

Самиот Македонец гласаше за систем каде што е зависен од политичари и други посредници.

Во суштина имаме право на референдум ама не го користиме значи сме глупи или неспособни или/и двете.
Михајло,
Можеби во твоето село таму негде демирхисарско или од каде и да си, луѓето не читале книги и за нив кафаните биле библиотеки. Јас од моја генерација речлиси и да не познавам Македонци кои не читале книги.

Пирадималните шеми попут ТАТ и браќата Кариќ, се нешто испробувано и реалност на западот децении пред да дојде кај нас (а и сеуште). Гатачки и бајачки во Скопје, а Скопје е повеќе од пола Македонија, се предмет на исмејување, Референдумот, не го користиме, затоа што видовме дека нема баш фајде од истиот, пошто тоа што е намислено (од западот), се направи и без наша дозвола и без успешен референдум.

Генерално за тебе можам да кажам, дека ако си ти тука, во Македонија, реалноста е во Нов Зелнад. Зошто имаш таков дефитистички став спрема сопствениот народ, можам само да нагаѓам, ама најчестата причина е таа лажна надменост, како психичка самозаштита од тешка исфрустрираност од детството, каде што не си бил прифатен од другите. Но можеби ако погледенш кон себе ќе ја најдеш и вистинската причина.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
Само една страна поназад го има али ајде пак, франкфурт да го видиме и која е тоа чувство на неказнивост:


Или сепак не е...
Муабетот е за "Горан" од Прилеп, а не за Нголо Алаканте од Уганда!

Ја промашуваш поентата.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Муабетот е за "Горан" од Прилеп, а не за Нголо Алаканте од Уганда!

Ја промашуваш поентата.
Како Горан од Прилеп во таа околина ќе ги види тие правила во Франкфурт, како ќе го осети тој мајндсет. Кои правила ќе ги следи а? Тоа што се случува на видеото не е во Уганда, туку во Франкфурт.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.935
Поени од реакции
5.074
Мојата теорија е дека негрижата се јавува како резултат на револт и немоќ да се смени нешто.

Ако сакаш да извлечеш паралела, гледај ја војната 2001, кога со добиена утакмица службено не тепаа 3:0. Све што се случува во последните 33 години ни е наметнато на сила. Македонија на почетокот на независноста 90% беше прозападно ориентирана. Ние сме растени со Американски и Европски филмови, на школо сме учеле Англиски, Германски и Француски. Сме слушале западна музика, сме идеализирале западни пејачи и глумци... Еве, ако си ти млад, прашај некој близок повозрасен, кои Руски глумци или пејачи познава.

Све што се правеше во Македонија буквално се правеше со сила и со притисоци, баш од западните земји. Денеска Македоинскиот народ во големо мнозинство со тотално антизападен сентимент. Тој револт кај народот, према неправдите што ни се нанесоа, се изразува со некаква тивка пакост кон државата која западот ја отуѓуваше од народот уште од првиот ден на независноста, а сега веќе е комплетно туѓа.
Првата реченица баш не ти ја разбирам, а остатокот од дописот ти е точен.

Арно ама...

Тоа што (во склоп од) СФРЈ, и Македоинија беше проамериканско-проевропски настроена (образование, медиуми, забава, патувања, туризам...) не не‘ „направи„ да бидеме Американци или Европјани (иако во реалното живеење ги глумиме Американците и Европјаните, ама со празни џебови...), оти историски гледано, од кога постојат поимите „Македонија„ (територија) и „Македонци„ (народ), никад не (сме) биле “запад„ туку „исток“, така да и по менталниот склоп, како (денешни) Македонци, немаме ништо слично со „западот„, туку со “истокот„. Под „исток„, не подразбирам исламско-азијатски менталитет, туку менталитет на немање осет за потребата од „поседување„ национална држава и почитување на нејзините регулативи, туку сакаме да ни биде скината казната ако цајканот ни пише казна за преминување улица „на црвено„.

Сакаме западен стандард, ама (да) не работиме, сакаме западен правен поредок, ама и постоечкиот не го почитуваме, сакаме чиста околина, а фрламе ѓубре покрај контејнерот, сакаме промени на подробро, ама самите да не се промениме (во умот, пред се‘)...

Тоа што „нашата земјата„ како општество не е поместена од место со децении па последнично, сме послаби споредено со времето од „комунизмот„, тоа само по себе покажува дека како народ, одлично се „снаоѓаме„ и во систем во кој корупцијата, шупаците и криминалот ја водат власта, ама нам пак ни е добро...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
Како Горан од Прилеп во таа околина ќе ги види тие правила во Франкфурт. Кои правила ќе ги следи а? Тоа што се случува на видеото не е во Уганда, туку во Франкфурт.
Пак не разбираш.

Горан оди во фабрика и таму се учи на правила. Кога ќе излезе и на улица во Франкфурт германскиот мајндсет му е во глава.

Во МК кој мајндсет да го има кога насекаде во секој едем сегмент е хаос?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Пак не разбираш.

Горан оди во фабрика и таму се учи на правила. Кога ќе излезе и на улица во Франкфурт германскиот мајндсет му е во глава.

Во МК кој мајндсет да го има кога насекаде во секој едем сегмент е хаос?
Аха, во Македонија кога ќе отидеш во фабрика, и во фабриката можеш слободно да фрлаш каде стигнеш, немаат правила таму. Дај кажи ми една таква фабрика кај што толерираат да се фрла ѓубре насекаде...
Автоматски споено мислење:

Првата реченица баш не ти ја разбирам, а остатокот од дописот ти е точен.

Арно ама...

Тоа што (во склоп од) СФРЈ беше проамериканско-проевропски настроена (образование, медиуми, забава, патувања, туризам...) не не‘ „направи„ да бидеме Американци или Европјани (иако во реалното живеење ги глумиме Американците и Европјаните, ама со празни џебови...), оти историски гледано, од кога постојат поимите „Македонија„ (територија) и „Македонци„ (народ), никад не (сме) биле “запад„ туку „исток“, така да и по менталниот склоп, како (денешни) Македонци, немаме ништо слично со „западот„, туку со “истокот„. По „исток„, не подразбирам исламско-азијатски менталитет, туку менталитет на немање осет за потребата од „поседување„ национална држава и почитување на нејзините регулативи, туку сакаме да ни биде скината казната ако цајканот ни пише казна за преминување улица „на црвено„.

Сакаме западен стандард, ама (да) не работиме, сакаме западен правен поредок, ама и постоечкиот не го почитуваме, сакаме чиста околина, а фрламе ѓубре покрај контејнерот, сакаме промени на подробро, ама самите да не се промениме (во умот, пред се‘)...

Тоа што „нашата земјата„ како општество не е поместено од место со децении па последнично, сме послави споредено со времето од „комунизмот„, тоа само по себе покажува дека како народ, одлично се „снаоѓаме„ и во систем во кој корупцијата, шупаците и криминалот ја водат власта, ама нам пак ни е добро...
Не зборев за тоа каде ни е местото историски, него од аспект на каква културна асимилација сме имале во СФРЈ. Тоа е несоборлив, очлигледен и добро документиран факт.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.935
Поени од реакции
5.074
Не зборев за тоа каде ни е местото историски, него од аспект на каква културна асимилација сме имале во СФРЈ. Тоа е несоборлив, очлигледен и добро документиран факт.
Што се „издеси„ со Македонците во СФРЈ, не е спорно и е познато, така да по тоа прашање не ти спорам ништо.

Муабетот ми беше поврзан и со насловот од темава па затоа и посочив дека по ниту еден „наследен„ основ, вклучувајќи го и искуството како федерална единица во СФРЈ, како народ немаме ништо заедничко со Западот. Тоа што географски сме на европско копно, не значи дека Европа (континентот) отсекогаш ги имала овие граници, ради кои (ние) би требало да се стремиме кон Запад (ЕУ), оти, како веќе напишав, менталитетот не ни е европски (римо-католичко-протестанско-поданички, каде поединецот свесно па и насилно се потчинува на одредбите од власта), туку ни е „слободарски„, каде сакаме да правиме што ќе ни текне, како ќе ни текен и каде ќе ни текне, со максимално и свесно заобиколување на прописите од власта...
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Кога не оставиле да ја водиме државата, па да се види дали сме сподобни или не? Уште од одма почнаа со бадинтерови комисии, ембарга, услови… и оп најрелевантен фактор постанаа странските агентури преку нго-ата
Izumiv da ti repliciram.

Kako sto pisav, nesposobnosta okolu vodenje drzava proizleguva od pristapot i sfakjanjata nasi okolu drzava i drzavnost. Toa sto go opisa ti e od edna strana posledica, od druga strana nas univerzalen izgovor deka sekogas drugite se krivi ama nie ne.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.648
Поени од реакции
4.272
Мојата теорија е дека негрижата се јавува како резултат на револт и немоќ да се смени нешто.

Ако сакаш да извлечеш паралела, гледај ја војната 2001, кога со добиена утакмица службено не тепаа 3:0. Све што се случува во последните 33 години ни е наметнато на сила. Македонија на почетокот на независноста 90% беше прозападно ориентирана. Ние сме растени со Американски и Европски филмови, на школо сме учеле Англиски, Германски и Француски. Сме слушале западна музика, сме идеализирале западни пејачи и глумци... Еве, ако си ти млад, прашај некој близок повозрасен, кои Руски глумци или пејачи познава.

Све што се правеше во Македонија буквално се правеше со сила и со притисоци, баш од западните земји. Денеска Македоинскиот народ во големо мнозинство со тотално антизападен сентимент. Тој револт кај народот, према неправдите што ни се нанесоа, се изразува со некаква тивка пакост кон државата која западот ја отуѓуваше од народот уште од првиот ден на независноста, а сега веќе е комплетно туѓа.
Па и не сум сигурен баш за ова @jamajka. На пример јас го памтам Скопје пред казните за плукање/фрлање ѓубре/фрлање пикавци кои се воведоа 2006та/2007ма година некаде. Цел плоштад, Партизанска, Центар воопшто, да не зборам за другите места, беше со зелени шлајмови на секои десетина метра, да пазиш каде газиш. 'Ркање во јавност или секнење мрсули беше најнормална работа и тие генерации си го влечеа тоа од најсреќните денови на Југославија кога никој не и командал на државава каква политика да има нели? Не беше тоа навика на младите и разочараните. Тие закони и казни кои се донесоа, како со нож одеднаш ги пресекоа тие гнасни навики кај народот. Еден од најдобрите закони било кога донесени во Македонија. Постар си од мене и колку што имам запамтено си Скопјанец, не сум грешка за тоа како изгледаше градов порано нели?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Сакам да кажам дека немаш потреба од целиот цитат за тоа каков сум јас, а за идеите можеш да ги демантираш.

Не се навредив за да се навредам треба да е нешто вистина од тоа што го кажуваш. Едноставно губиш време.

Во Македонија има ѓубре на улица. Факт
Во Македонија не се почитуваат закони. Факт
Во Македонија не се плаќа данок. Факт.
Во Македонија сите сакаат привилегии. Факт


Комшијата не е крив ако јас пијам, се дрогирам или правам било што деструктивно за мене.

Има случаеви каде комшија со секира ќе убие комшија ама ова се случаеви еден на 100 илјади.

Јас пак си стојам на инцијалниот муабет колку што можеш сам за се зезнеш не може некој друг да те заебе.

Тоа што го зборувам е како целина. Не е муабетот дека кај нас нема паметни луѓе ама битен е размерот.

Освен тоа ова не е нешто што не може да се промени т.е за една до две генерации може 100% трансформација да направиме.

Во врска со Данска или Швајцарија до скоро време имаше ситуација каде што само на паметни и учени луѓе им беше дозволено да се преселат кај нив. Сега има промени со избеглициве ама во овие две држави сепак има закон и ред за разлика од Шведска или Германија да речеме.

Еве и во европа тоа што се случува е заради џганот од африка/блискиот исток.


Немање избор е изговор. Сме можеле, не сме сакале ниту сме биле паметни/способни.

Таа генерација била толку способна реално. Во тоа време реално успех било 4-то одделение ако имаш завршено.

Александар да ги слушал генералите најверојатно немало подалеку од Египет да стигне.

Менталитетот ни е таков лозерски. Наместо „можеме“ муабетот е ќути си може и полошо.

Не знам дали е резултат на 500 години турско ропство или која и да е причината ама реалност е таа.

Инаку да се согласувам ќе беше многу полесно да немавме никакви пречки ама муабетот дека нам ни било потешко од други земји не е баш вистина.

Со другиот форумџија ја начнав таа тема. Еве пак ќе јас спомнам Данска пред 100 години смрзната земја кај што луѓето едвај успевале да се прехранат за разлика од нас каде 2/3 од годината е сончево време и реално имаме скоро се што ни треба локално.

Луѓето почнале со бродоградба, па логистика, па енергетика, па финансии и се ова е резултат на имање свест и соработка,.

Искрено мој субјетивен поглед е дека кај нас иако сме имале мачна историја никогаш не било толку лошо за да створиме единство како народ.
Што требаше да направиме за сега да бидеме во ЕУ како Бугарија и Романија?

Тоа е логичното прашање откако некој ќе се изјасни дека до нас е тоа што не сме во ЕУ.
Автоматски споено мислење:

Попаметни од нас направиле систем и правила.
Систем имале?

Кај пишуе у нивниот систем дека треба да се помилуваат воени злосторства?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.
Кај пишуе у нивниот систем дека народ не смее да има национални симболи на знаме, грб...?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.
Кај пишуе у нивниот систем дека за да се зачлениш у НАТО, треба да смениш име?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.
Кај пишуе у нивниот систем дека апартхејд треба да биде?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.

и да не набројувам понатаму
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom