Дали Истокот е реална алтернатива за Македонија?

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.157
Поени од реакции
30.291
Една работа ќе ти кажам не е случајно што Данска и Швајцарија се државите какви што се, а Македонија е она што е денес.
Точно, не постојат случајности.
Ниту пак е случајно што на овој регион владеела затуцана религија која го закорави полуостровов.
Но, нашето оправдување е тоа што ние немавме избор. Данска и Швајцарија и цел запад имаа избор и своеволно дозволуваат таа судбина да ги стигне.
Иднината ќе биде интересна.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496

Немање избор е изговор. Сме можеле, не сме сакале ниту сме биле паметни/способни.

Таа генерација била толку способна реално. Во тоа време реално успех било 4-то одделение ако имаш завршено.

Александар да ги слушал генералите најверојатно немало подалеку од Египет да стигне.

Менталитетот ни е таков лозерски. Наместо „можеме“ муабетот е ќути си може и полошо.

Не знам дали е резултат на 500 години турско ропство или која и да е причината ама реалност е таа.

Инаку да се согласувам ќе беше многу полесно да немавме никакви пречки ама муабетот дека нам ни било потешко од други земји не е баш вистина.

Со другиот форумџија ја начнав таа тема. Еве пак ќе јас спомнам Данска пред 100 години смрзната земја кај што луѓето едвај успевале да се прехранат за разлика од нас каде 2/3 од годината е сончево време и реално имаме скоро се што ни треба локално.

Луѓето почнале со бродоградба, па логистика, па енергетика, па финансии и се ова е резултат на имање свест и соработка,.

Искрено мој субјетивен поглед е дека кај нас иако сме имале мачна историја никогаш не било толку лошо за да створиме единство како народ.
 
Последно уредено од модератор:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
акам да кажам дека немаш потреба од целиот цитат за тоа каков сум јас, а за идеите можеш да ги демантираш.

Не се навредив за да се навредам треба да е нешто вистина од тоа што го кажуваш. Едноставно губиш време.

Во Македонија има ѓубре на улица. Факт
Во Македонија не се почитуваат закони. Факт
Во Македонија не се плаќа данок. Факт.
Во Македонија сите сакаат привилегии. Факт

Комшијата не е крив ако јас пијам, се дрогирам или правам било што деструктивно за мене.

Има случаеви каде комшија со секира ќе убие комшија ама ова се случаеви еден на 100 илјади.

Јас пак си стојам на инцијалниот муабет колку што можеш сам за се зезнеш не може некој друг да те заебе.

Тоа што го зборувам е како целина. Не е муабетот дека кај нас нема паметни луѓе ама битен е размерот.

Освен тоа ова не е нешто што не може да се промени т.е за една до две генерации може 100% трансформација да направиме.

Во врска со Данска или Швајцарија до скоро време имаше ситуација каде што само на паметни и учени луѓе им беше дозволено да се преселат кај нив. Сега има промени со избеглициве ама во овие две држави сепак има закон и ред за разлика од Шведска или Германија да речеме.

Еве и во европа тоа што се случува е заради џганот од африка/блискиот исток.
Ало Франкфурт оди провери си ја интелегенцијата Ти поставив едноставно прашање одговори го.... Еве го пак прашањето со предтекст.

Во западна Европа има стотици илјади Македонци кои живеат и работат таму. Кажи ми колкав процент од нив фрлаат ѓубре на улица, возат пијани, нудат мито, се бутаат преку ред и сл. За да го генерализираш Македонскиот народ е глуп и необразован за тоа што го имаме, треба да видиме како се понаша народот надвор од тука.

Јас го знам одговорот и ќе ти го кажам пошто ти очигледно си со посебни потреби. Во западна Европа, Македонците во глобала се примерни граѓани, целосно интегрирани во општеството во коешто живеат. Не фрлаат ѓубре, не возат брзо, не се бутаат преку ред, не нудат мито. Целосно ги следат законите и претежно се ценети таму кај што живеат и работат, и во генерала се доста успешни луѓе. И сега објасни ми како може да е до народот? Како може таков народ да е глуп и неук ?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.157
Поени од реакции
30.291
Сакам да кажам дека немаш потреба од целиот цитат за тоа каков сум јас, а за идеите можеш да ги демантираш.

Не се навредив за да се навредам треба да е нешто вистина од тоа што го кажуваш. Едноставно губиш време.

Во Македонија има ѓубре на улица. Факт
Во Македонија не се почитуваат закони. Факт
Во Македонија не се плаќа данок. Факт.
Во Македонија сите сакаат привилегии. Факт

Комшијата не е крив ако јас пијам, се дрогирам или правам било што деструктивно за мене.

Има случаеви каде комшија со секира ќе убие комшија ама ова се случаеви еден на 100 илјади.

Јас пак си стојам на инцијалниот муабет колку што можеш сам за се зезнеш не може некој друг да те заебе.

Тоа што го зборувам е како целина. Не е муабетот дека кај нас нема паметни луѓе ама битен е размерот.

Освен тоа ова не е нешто што не може да се промени т.е за една до две генерации може 100% трансформација да направиме.

Во врска со Данска или Швајцарија до скоро време имаше ситуација каде што само на паметни и учени луѓе им беше дозволено да се преселат кај нив. Сега има промени со избеглициве ама во овие две држави сепак има закон и ред за разлика од Шведска или Германија да речеме.

Еве и во европа тоа што се случува е заради џганот од африка/блискиот исток.

Немање избор е изговор. Сме можеле, не сме сакале ниту сме биле паметни/способни.

Таа генерација била толку способна реално. Во тоа време реално успех било 4-то одделение ако имаш завршено.

Александар да ги слушал генералите најверојатно немало подалеку од Египет да стигне.

Менталитетот ни е таков лозерски. Наместо „можеме“ муабетот е ќути си може и полошо.

Не знам дали е резултат на 500 години турско ропство или која и да е причината ама реалност е таа.

Инаку да се согласувам ќе беше многу полесно да немавме никакви пречки ама муабетот дека нам ни било потешко од други земји не е баш вистина.

Со другиот форумџија ја начнав таа тема. Еве пак ќе јас спомнам Данска пред 100 години смрзната земја кај што луѓето едвај успевале да се прехранат за разлика од нас каде 2/3 од годината е сончево време и реално имаме скоро се што ни треба локално.

Луѓето почнале со бродоградба, па логистика, па енергетика, па финансии и се ова е резултат на имање свест и соработка,.

Искрено мој субјетивен поглед е дека кај нас иако сме имале мачна историја никогаш не било толку лошо за да створиме единство како народ.
Да бевме исклучиво ние единствени во регионот ќе беше изговор.
Но цел регион излегол од тој јарем со странска помош бидејќи толку имале капацитет сами нешто да направат. Сите ќе биле Илинден без странски играчи.
Данска никогаш немала забрана за училишта или високи даноци кои завршувале во крв.
И затоа имале академии од каде излегле и многу литерати, инжињери, архитекти.
Па имале кралство кое секако и спонзорирало такви проекти.

Малку реалити чек.
Македонија е подобро место за живеење од 90% од државите во светот.
Имаш апсолутна слобода на движење низ Скопје во рани часови безбедна.
Како што спомна, има доста добра почва за храна.
Не е честа мета на терористички напади, и не е во воена состојба.
Веќе секое семејство си купува 2 стана или куќи.

Да, има некои работи кои можат да се усовршат навистина, се надевам што побрзо. Но толку црно гледаш што не си објективен воопшто.
Ти не си отпатувал во земји каде на луѓе им е ограничено движење, слобода, и храна.

Тоа дека Америка не е фактор... па прочитај и за Либија не само за Данска.
 
Последно уредено:

Напротив. Не гледам црно гледам реално. Јас сум благодарен за тоа што го имаме и се согласувам дека сме подобри од голем број држави.

90% сигурно не. Реално на скоро сите листи сме или на средина или во долниот дел со некои афрички земји.

Јас би рекол 50/50 подобри сме од половина полоши сме од половина. Реално е тешко да бидеш објективен.

Мене баш тоа ме копа што имаме потенцијал да бидеме баш во тие 10%, а сме далеку подоле и не само во светски рамки туку и во самиов регион.

Србите, Грците, Бугарите се пред нас. Албанците беа далеку зад нас сега се доста блиску или еднакви со нас. Само Босна и Косово се најверојатно зад нас.
 
Кој снегулка муабет.... Ме подсеќа на моментот „не знаем јас у подрум сум бил“

Ајде да се вратиме на генерализирањето на Македонците и навредата што ја искажа...

Како тоа истиот народ не фрла ѓубре и така натака во Данска и било каде во западна Европа ? Или и ти се истилтува.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Ало Франкфурт оди провери си ја интелегенцијата Ти поставив едноставно прашање одговори го.... Еве го пак прашањето со предтекст.

Во западна Европа има стотици илјади Македонци кои живеат и работат таму. Кажи ми колкав процент од нив фрлаат ѓубре на улица, возат пијани, нудат мито, се бутаат преку ред и сл. За да го генерализираш Македонскиот народ е глуп и необразован за тоа што го имаме, треба да видиме како се понаша народот надвор од тука.

Јас го знам одговорот и ќе ти го кажам пошто ти очигледно си со посебни потреби. Во западна Европа, Македонците во глобала се примерни граѓани, целосно интегрирани во општеството во коешто живеат. Не фрлаат ѓубре, не возат брзо, не се бутаат преку ред, не нудат мито. Целосно ги следат законите и претежно се ценети таму кај што живеат и работат, и во генерала се доста успешни луѓе. И сега објасни ми како може да е до народот? Како може таков народ да е глуп и неук ?
Веќе ти одговорив ама те мрзи да читаш. Поединците не се целина, а тие што имаат едукација и финансии да идат на запад се луѓе што имаат нешто да понудат барем тоа беше така години наназад.

Светски познато како браин-драин т.е излив на мозоци.

До скоро на запад земаа само дефицитарни струки доктори, инжењери, а не Митре и Петре што во живот повеќе од една книга немаат прочитано.

Друг муабет е што на запад самиот систем те насочува и да си забеган.

Во Швајцарија имаше пример кај што некој од козое*ачите не сакал ќерката на пливање да ја пушти бум бам полиција цели институции динг донг проблем солвед.

Сакаа минариња да прават имаше референдум не им дадоа.

Јас зборувам едно ти нешто сосем друго ме разбираш.

Цел проблем со избеглициве во поново време е што целиот џган од африка и блискиот исток отиде во Европа.

Така е и кај нас. Не дека нема паметни поединци напротив имаме многу паметни луѓе ама битен е размерот и просекот.

Јас лично проблемот кај нас го гледам што имаме голем процент прост народ што не е свесен колку е прост.

Ако си глуп и знаеш дека си глуп не е толку страшно, најди некој паметен и шлепај се со него.
Ако си паметен не ти треба никој сам ќе се снајдеш.

Заебана ситуација настанува кога мислиш дека си паметен, а не си е тогаш имаш ситуација како кај нас каде што имаш експерти за се и сешто, а на крај сите се изманипулирани од некој попаметен од нив.

Ова е мој поглед на ситуацијата кај нас. Може и ти си во право, може сме паметни ама сме немале среќа.

Јас лично верувам дека среќата е концепт измислена од слабите луѓе да си ги објаснат своите неуспеси ама ова е мој субјективен поглед и не барам да се водиш по мои убедувања.
Автоматски споено мислење:

Кој снегулка муабет.... Ме подсеќа на моментот „не знаем јас у подрум сум бил“

Ајде да се вратиме на генерализирањето на Македонците и навредата што ја искажа...

Како тоа истиот народ не фрла ѓубре и така натака во Данска и било каде во западна Европа ? Или и ти се истилтува.
Точно генерализација е ама не е навреда. За другиот дел имаш објаснување во постот што го пишував во меѓувреме.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Веќе ти одговорив ама те мрзи да читаш. Поединците не се целина, а тие што имаат едукација и финансии да идат на запад се луѓе што имаат нешто да понудат барем тоа беше така години наназад.

Светски познато како браин-драин т.е излив на мозоци.

До скоро на запад земаа само дефицитарни струки доктори, инжењери, а не Митре и Петре што во живот повеќе од една книга немаат прочитано.

Друг муабет е што на запад самиот систем те насочува и да си забеган.

Во Швајцарија имаше пример кај што некој од козое*ачите не сакал ќерката на пливање да ја пушти бум бам полиција цели институции динг донг проблем солвед.

Сакаа минариња да прават имаше референдум не им дадоа.

Јас зборувам едно ти нешто сосем друго ме разбираш.

Цел проблем со избеглициве во поново време е што целиот џган од африка и блискиот исток отиде во Европа.

Така е и кај нас. Не дека нема паметни поединци напротив имаме многу паметни луѓе ама битен е размерот и просекот.

Јас лично проблемот кај нас го гледам што имаме голем процент прост народ што не е свесен колку е прост.

Ако си глуп и знаеш дека си глуп не е толку страшно, најди некој паметен и шлепај се со него.
Ако си паметен не ти треба никој сам ќе се снајдеш.

Заебана ситуација настанува кога мислиш дека си паметен, а не си е тогаш имаш ситуација како кај нас каде што имаш експерти за се и сешто, а на крај сите се изманипулирани од некој попаметен од нив.

Ова е мој поглед на ситуацијата кај нас. Може и ти си во право, може сме паметни ама сме немале среќа.

Јас лично верувам дека среќата е концепт измислена од слабите луѓе да си ги објаснат своите неуспеси ама ова е мој субјективен поглед и не барам да се водиш по мои убедувања.
Високо образувани луѓе на запад од Македонија бегаат последната деценија, Претходно има секакви струки. Како и секој во Македонија и јас имам еден куп пријатели и роднини во странство, не секој отиден сега, во последните 10 години. Има Македонци кои се со децении, , па дури и пред 2светска војна на запад, од најнеобразовани селани, до луѓе со највисоко образование. И секогаш важи истото за Македонците, значи исклучоците се незначителни. Кроток народ, работлив, прилагодлив кон системот во којшто се наоѓа и така натака.

Објасни ми како може во голема мера Македонскиот народ да е паметен и ук на запад а глуп и неук во Македонија ? Или ти е најлесно да пљукаш по сопствениот народ по инерција?
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610

Moj drugar od Svedska so sin mu si idat vo Makedonija, i gi precekuvam na aerodrom, vleguvaat vo kola, i tatkoto mu vika na sinot vrzi se, i ovaj mu vrakja so zborovite „Abe aman Makedonija sme“....Ne znam dali sme prokolnati ili vo vozduhot ima nekoi aromati, ama i strancive koga ke si dojdat tuka se ponasaat isto ko nie so se ponasame :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Moj drugar od Svedska so sin mu si idat vo Makedonija, i gi precekuvam na aerodrom, vleguvaat vo kola, i tatkoto mu vika na sinot vrzi se, i ovaj mu vrakja so zborovite „Abe aman Makedonija sme“....Ne znam dali sme prokolnati ili vo vozduhot ima nekoi aromati, ama i strancive koga ke si dojdat tuka se ponasaat isto ko nie so se ponasame :)
Зошто не се понаша така во Шведска, кое е твоето мислење ?

Јас имам познаници 4 германци поточно фолкдојчери од Војводина, дојдени тука после вв2 и не гледам дека се понашаат поинаку од сите тука што се понашаат, напротив, бетер се понашаат, а нивните дедовци и образовани и германци, по сите тертипи и со сите салтанати...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Зошто не се понаша така во Шведска, кое е твоето мислење ?

Јас имам познаници 4 германци поточно фолкдојчери од Војводина, дојдени тука после вв2 и не гледам дека се понашаат поинаку од сите тука што се понашаат, напротив, бетер се понашаат, а нивните дедовци и образовани и германци, по сите тертипи и со сите салтанати...
Зошто таму владее закон и ред, за разлика од тука, каде законот важи селективно. Овде за 150 ќебапи се окапува 2,5 години в затвор, а за 2 милиони евра тенковски делој се добива условна казна. А не гледам искрено и волја кај нас сите тоа да се промени.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Зошто таму владее закон и ред, за разлика од тука, каде законот важи селективно. Овде за 150 ќебапи се окапува 2,5 години в затвор, а за 2 милиони евра тенковски делој се добива условна казна. А не гледам искрено и волја кај нас сите тоа да се промени.
Хмм сериозен си? Ајде да видиме:

Како што гледаме не е до редот и законот. Туку пак е до народот. Си слушнал некој Македонец да го прави ова што го прават овие ? Да силуваат, да убиваат, да се организираат во банди и да тероризираат ? Збориме за селективни закони... знаеш ли колку мигранти силувачи шетаат слободни во западна Европа?

Гледаш ли колку плитко се размислува. Најлесно е да се каже не го бива народот, глуп е и прост, па уште тоа било факт (малоумна работа). Тоа е тој НГО наратив што се следи веќе 30 години, каде што отпорот за смена на знамето и името се интерпретира како шовинизам, каде што премиер може да го покажува „грдото лице на македонецот“ и така натаму. Затоа сите што го користат тој наратив треба да се покажат со прст и да се плукаат. Тие се најголемото зло што не ни дава да мрднеме од мртва точка.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.265
Поени од реакции
18.225
Ѓубрето е почеток. Не дека тоа само по себе е решение ама е знак за свесно опшество.

Југославија се еба сама себе. Како еден куп „млади“ држави не успеа да се инстутиционализира.

Да, на почеток имаш силен лидер што ја води државата, но што по неговата смрт?

Доколку Југославија успееше да се децентрализира т.е некоја варијанта на Швајцарскиот систем тогаш ќе бевме еден од главните играчи во Европа.

За мене е факт и реалност дека никој не може да ти наштети колку што можеш самиот да се заебеш.

Не ми е поентата дека надворешниот фактор е небитен ама тој фактор е константа и на Американците им се мешаат Кинезите и на Русите им се мешаат Американците итн.
Автоматски споено мислење:

Не го релативизирам свесно тврдам дека колку што можеш да се заебеш самиот не може никој да те заебе.

Не негирам дека во минатото се направени грешки ама за тоа пак сами сме криви.

Прошетај се низ Македонија прави муабет со луѓе и ќе сфатиш колку е неук, прост и краткогледен просечниот Македонец.

Читам историја, запознаен сум и со сегашноста, знам како се „гради“ држава.

Не мора да ми веруваш, а и не очекувам конструктивен муабет од човек што од сам почеток омаловажува и испраќа навреди.

Една работа ќе ти кажам не е случајно што Данска и Швајцарија се државите какви што се, а Македонија е она што е денес.
Gjubreto e najbos mubet. Koa sve ti e reseno normalno kje se zamaras za gjubre, vozduh. Vidi i vo Makedonija koj se zamara za ekologija, sigurno ne e Trajce molerot tuku Trajce od IT. Lugjeto se selat vo pogolemi zemji se povekje pari i moznosti. Gradovite vo Amerika (pa i delovi od Evropskite gadovi) se polni so gjubre, pa eden kup lugje migriraat tamu.

Nie od site narodni vo Jugoslavija imame najmalce vina za raspadot na Jugoslavija i vojnite so sledea. Nitu bevme naivni, nitu podgrevavme, nitu sakavme da se raspadne. Sea cel region e sranje. Site zemji vo regionot imaat nizok standard, masovno iseluvanje na mladite, politicki se nebitni, pratkicno feeder drzavi na golemite zemji. I ti mislis Makedonija tuku taka kje stane Svajcarija ako pocneme da selektirame gjubre. Pa ova e iluzija vo rang na dedo mraz.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Хмм сериозен си? Ајде да видиме:

Како што гледаме не е до редот и законот. Туку пак е до народот. Си слушнал некој Македонец да го прави ова што го прават овие ? Да силуваат, да убиваат, да се организираат во банди и да тероризираат ? Збориме за селективни закони... знаеш ли колку мигранти силувачи шетаат слободни во западна Европа?

Гледаш ли колку плитко се размислува. Најлесно е да се каже не го бива народот, глуп е и прост. Тоа е тој НГО наратив што се следи веќе 30 години, каде што отпорот за смена на знамето и името се интерпретира како шовинизам, каде што премиер може да го покажува „грдото лице на македонецот“ и така натаму. Затоа сите што го користат тој наратив треба да се покажат со прст и да се плукаат. Тие се најголемото зло што не ни дава да мрднеме од мртва точка.
Еве зошто мислиш ти дека кога е тука Горан од Прилеп фрла ѓубре итн. а истиот Горан кога ќе појди во Франкфурт на лето на сезонска работа, таму не го прави тоа, туку се понаша погермански од Германецот? Зошто Горан не се однесува така и во Прилеп? Искрено, немам одговор на тоа прашање.

Инаку, да се согласувам, особено со соросписките Нго-а, дека нивната агенда е таа што ја спомна.. Макар што на некои работи и ние Македонците мора да поработиме за да биди првенствено подобро за нас. Далеку сме од глупи и прости како народ, туку баш напротив, секаде важиме за мирен и трудољубив народ, кај и да има наша дијаспора.

Значи, не ми треба мене нго да ми кажи дека ако фрлам ѓубре кај што стигнам, тоа ќе ми се врати исто дома, дали преку водата за пиење, дали преку земјата со зеленчукот и овошјето. Не треба нго да ни кажи дека законот треба да важи подеднакво за сите итн...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom