ANIME (Генерална дискусија)

Член од
1 ноември 2017
Мислења
79
Поени од реакции
56
Синхронизација или само преведен?
Оригинално на јапонски е, а преводот и постерот на македонски. Во Синеплекс го гледав и сум задоволен од преводот. Ако не се лажам, синхронизација на мкд од студио Гибли засега има само Мојот сосед Тоторо (стара синхронизација, не верувам да ја има на интернет), а Порко Росо и Авантурите на малечката Чихиро беа со македонски превод, а англиска синхронизација. Барем од детството што се сеќавам, братучетка ми ги имаше овие на ДВД ама стари се.

Треба да почнат почесто со синхронизации како порано, барем за анимирани филмови. Ама поевтино и побрзо им се фаќа превод од еден човек, отколку глас за секој лик. :)
 
Последно уредено:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.276
Поени од реакции
9.393
Оригинално на јапонски е, а преводот и постерот на македонски. Во Синеплекс го гледав и сум задоволен од преводот. Ако не се лажам, синхронизација на мкд од студио Гибли има само Мојот сосед Тоторо и Порко Росо, можеби и Авантурите на малечката Чихиро. Барем од детството што се сеќавам.

Треба да почнат почесто со синхронизации искрено, барем за анимирани филмови. Ама поевтино им се фаќа превод. :)
Сакам да ги заразам внуките, ништо ќе почнам од тоа што има. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom