Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.704
- Поени од реакции
- 33.914
На сонувањето ретко кога се сеќаваме освен веднаш после будењето, или ако не нешто како аларм не не пробудило. Обично веднаш после рем фазата и сонувањето следи кратко будење а потоа презаспиваме уште малку, и толку е од памтењето на сонот. На луцидните сонови луѓето обично повеќе се сеќаваат заради х причини, ги спомнав пошто се честикога се пуши мара пред спиење што па е честа навика за многумина.Јас немам изгубено осет и одма ме фаќа после дим два бидејќи пушам без тобако.
Моето искуство со спиењето е никогаш не сум имал проблеми и повремено сонував пред да почнам да пушам и уште спијам минимум 8 часеви без преговарање. Кога пушам никогаш не сонувам но кога паузирам тогаш повремено имам сонови но не луцидни туку како претходно во животот (читај гејмал до 2 сабајле и сум престимулиран), и само ми смета оти сум нежен околу сонот, не сакам ништо да ми го наруши освен жена ми. Јас вежбам да се будам без аларм, природно, а додека спијам да биде длабоко и без прекини од било што.
Генерално никој не може објективно (научно/емпириски) да си го процени сопствениот сон. ОК, освен ако спиењето му е скроз сјебано па работите се очигледни. Има доктори специјализирани за тоа, и мерна опрема, се ставаат (лепат) сонди на делови од черепот а воедно се мери и работата на срцето. Всушност повеќето аспекти може да се проверат и во Македонија, иако веројатно нема таква специјализација.
На пример имаш на пример куп луѓе кои мислат дека можат и неколку кафиња да испијат и веднаш потоа добро да спијат. Уствари само успеваат да заспиваат, а каков квалитет на сонот имаат тоа е друга работа. Марата исто има лош ефект на квалитетот на спиењето и ова е научен факт. Лесно проверлив факт со пар минути истражување на нет.
Сонот/спиењето се многу потценета работа за општото здравје а истовремено живееме во култура која промовира и велича неспиење.
Автоматски споено мислење:
Инаку добра работа е спиење без сметање, ама будење без аларм е можно само ако се легнува на време и во редовни времиња на легнување/станување... Па некогаш пак е можно да се успиеш и алармот е добар бекап.
Телефони/таблети/лаптопи не би требало да им е местото во спална соба, или барем секако не треба да има вклучени нотификации и слични сметала.
Последно уредено: