Не може да се социјализира само тој што не ја почитува земјата во која престојува, односно не го знае јазикот, нивната традиција, навики, обичаи и слично. Од тие што мене ми се жалат за социјализација во земја во Западна Европа се истите тие што пцујат што се утредента на работа, што не го знаат јазикот (германски, холандски, англски, италијански, сеедно).
Ако мислите дека социјализацијатат на запад се сведува на лупање апарати во казино, делкање пиво пред маалска продавница и пиење до 3 сабајле, за да станете на работа во 8 е ваш проблем.
Има толку кино сали, театри, концерти, различни спортови, планинарење, кампување, и секакви други хобија и занимации, што да праите секој ден по нешто, ќе ви треба 2 години да испробате сѐ. Нормално, ако живеете надвор од населени места (поголеми градови) ќе бидете ограничени со социјализацијата. Нешто како во Пехчево, што ќе правиш ако си нов таму?
Не се сите германци добри, ама се далеку подобри ако го зборите јазикот, ако знаете да направите муабет. Генерално може се позатворени кон дојденци, ама и ние сме такви. Немој да ми кажете дека вие ако видите црнци низ Скопје ги поздравувате и ги викате на пиво. Сега со непалциве ако почнат повеќе да доаѓаат, бетер ќе биде.