Моментална ситуација во ИТ индустрија, вработувања

Член од
17 февруари 2010
Мислења
30
Поени од реакции
11
Каква е ситуацијата со вработувања во ИТ индустријата во Македонија моментално?

Прочитав на LinkedIn дека пред некој ден отпуштиле пола од 80 вработени во Web Factory.

Има масовни отпуштања во УСА и Канада, а не е сјаен ни пазарот во ЕУ за ИТ.

Ме интересира дали има некој слушнато за отпуштања или затварња на фирми во ИТ.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.642
Поени од реакции
42.187
индустријава изгледа полека замира. Таман почнаа на финки децава и ги пресекоа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.642
Поени од реакции
42.187
Како и другите гранки, колкав процент работи на струка?
Абе разбирам, но сепак за тоа се запишале. Ова делува ИТ како да ќе се намали и само најдобрите ќе останат. Годинава до сега 130к има испуштено на глобално ниво.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.431
Поени од реакции
3.503
Како и другите гранки, колкав процент работи на струка?
Да ама нема логика да штанцаш професионалци ако нема потреба. Примаат по 1000 нови студенти, нема смисла џабе да се мачат.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
324
Поени од реакции
666
Нема да им е џабе зашто и други индустрии си бараат технички/ИТ кадар, највеќе ќе го јадат ниво 0 поддршки поради генератив АИ, ама за таа работа и не ти треба некое школо или искуство. Тоа што сега отпуштаат е само како реакција на пандемијата коа и ќоро и сакато влезе у ИТ индустрија на светско ниво, ќе се стабилизираат работите. А за МК не знам, ние сме увек сат што касни.
 
Член од
2 септември 2016
Мислења
863
Поени од реакции
1.944
Тоа што сега отпуштаат е само како реакција на пандемијата коа и ќоро и сакато влезе у ИТ индустрија на светско ниво, ќе се стабилизираат работите.
2+ godini go slusam/me istoto iskreno jas nemam nekoja nadez za stabilizacija.. rabota se potesko se naoga skoro i da ne pisi nikoj na linkedin pa i za pusteno cv retko nekoj da ti odgovori tvoja prognoza koga ocekuvas spored tebe “stabilizacija” ? jas iskreno krenav race to e duri tera neka tera
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.868
Поени од реакции
2.090
C-suite не одобруваат нови проекти, се е на lean operations и одржување на софтвер/хардвер.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.957
Член од
17 февруари 2010
Мислења
30
Поени од реакции
11
Не се само факултетите што се фактор за нови ИТ кадри, во Македонија почнаа и многу “академии“ за ИТ, како Брејнстер, Сивус и слично и од таму излегува доста кадар. Гледав летово во Брејнстер немаше слободно место за запишување цел месец или два.
Автоматски споено мислење:

2+ godini go slusam/me istoto iskreno jas nemam nekoja nadez za stabilizacija.. rabota se potesko se naoga skoro i da ne pisi nikoj na linkedin pa i za pusteno cv retko nekoj da ti odgovori tvoja prognoza koga ocekuvas spored tebe “stabilizacija” ? jas iskreno krenav race to e duri tera neka tera
Имам исто искуство, порано не можеше ден да помине а да не те пингне некој регрутер имаше денови и по два три се јавуваа. Во последно време многу ретко.

Во странство читам дека дел од отпуштањата се последица на аут-сорсинг на проекти, ама изгледа тој аут-сорсинг оди во Индија или негде Азија, Маедонија станува скапа аут-сорс дестинација.
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.518
Поени од реакции
29.000
Работам на едно истражување за број на активни студенти во МКД, па еве еден sneak peak од состојбата на ФИНКИ. ФИНКИ е единствен факултет со раст во последниве 10 години, кај сите други има опаѓачка тенденција.
Прегледај го приврзокот 428871
Ова и не е некое мерило. Ко нас на времето што ни викаа по дома доктори да станеме, денес така е за ИТ. Идеш на кафе и ако се знаеш со келнерот, ти почиња муабет за некоја академија како сакал да се запише затоа што имало пари во ИТ.

На мрежни технологии смерот на ФИНКИ на прв семестар памтам бевме група од 100 луѓе. Во втора стигнаа 49 студенти. И од тие пола заминаа странство, останатите немаат допирна точка со ИТ.

Не е баш така розево, ама па не е ни до толку лошо.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Тука фалат луѓе

Не го пишав како лошо, туку како генерален тренд што студираат во моментов луѓето. Инаку да, голем дел се откажуваат релативно брзо, а и веројатно факултетиве водат шкаклива евиденција, па дел од активните студенти, ни самите не знаат дека се се уште активни. Тоа што порано беа правен и економски, сега е финки, додека пак претходниве доживуваат огромен пад (соодветно на пазарот на трудот).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom