Би те замолиле да се присетиш колку пресврти во наша корист имавме од негатива и да ни помогнеш да разбереме како се прави тоа на контри. Играше на контри против посбособните тимови (кои ги имаше доста) ама па и скорот тогаш не беше така лош.
Баш имаше благе везе од фудбал, единствено беше тактички недозреан знаеше да потфрли а тоа е нешто што се стекнува со искуство. Да му се дадеше време,ресурси и поддршка како на ЕТХ сега ќе бевме на мнг повисоко ниво од ова.
Најмногу добиени утакмици во гости, еден куп пресврти (одлика на тим со карактер и желба за борба и игра за клубот, нешто што го нема сега), Пеп го доби 4 пати мислам од кои неколку пати на Етихад (пред тоа само на само два пати ни се случи со Мурињо и ЛВГ), завршување на сезони како втор и трет и 6ти (подобра би била позицијата да ја водеше екипата цела сезона), даваше шанси на младината и беше интересен за гледање оверал, иако во тимот немаше играчишта (со исклучок на Бруно и Погба).
Може тренер / клуб да се протне у турнирско натпреварување и да освои нешто (зборам за Тен Хаг и Мурињо), ама не можеш да ја лажираш конзистентноста на тимот, што е најголема одлика на состојбата. Да завршиш второ и трето место, со средина составена од МекФред и полу умрен Матич, позади нив Мегваер, Линделоф и пропратно доста слични фаци, е за пофалба.
Да не заборавиме кои беа неговите барања за играчки засилувања и колку од тие се реализираа. Му требаше офанзивен везњак, го бараше Грилиш, му го носат Ван Де Бик. Слична ситуација е со Халанд, Камавинга, Рајс и ред други. ДМ очајно ни фалеше, они носат се освен тоа.
*Сезоната кога дојде Роналдо не ја коментирам.
Страшно потценет тренер.