Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.134
- Поени од реакции
- 12.112
Еве ги најважните филозофи во последните 3 века. Кант во 18от, Ниче во 19от и Хајдегер и Витгенштајн во 20от век. Те молам објасни каква врска имаат овие четворица со било каква езотерија.П.С. Се доаѓа од тајните учења. Секоја философија, секое уредување, секој ритуал што си го видел - потекнува од езотеријата. Некој авторитет дозволи дел од нештата да бидат јавни...
Ма како ми дојде едно морам да објаснувам не си свесен... Ставрогин, брату - мене тие работи?
Морам да спомнам, ничим изазван, чисто само поради интересниот момент езотерија vs филозофија. Иако сум крајно некомпетентен да коментирам за филозфија, за жал, немам посветено доволно време и покрај тоа што ми е посебно драга и при срце, морам да спомнам дека ми се причинило да забележам суптилна езотерија кај дијалозите на Платон, а некако ми изгледа дека за нијанса е поочигледна, барем според мене, во ,,Политеја".Еве ги најважните филозофи во последните 3 века. Кант во 18от, Ниче во 19от и Хајдегер и Витгенштајн во 20от век. Те молам објасни каква врска имаат овие четворица со било каква езотерија.
Биле некаде иницирани, имаат нешто позајмено (ако да, што?) од езотериските учења?
Чувствувам дека ова ќе биде забавно, затоа што наместо да пливаш во матни води како и обично, ќе мора да објаснуваш работи кои не ги знаеш.
Значи имаат многу, но нема да објасниш што? А ти кога сакаш бараш објаснувања од другите?Ма како ми дојде едно морам да објаснувам не си свесен... Ставрогин, брату - мене тие работи?
Имаат многу со езотерија овие философи и кога се појавуваат со нивните философии...
Исто како што и Телема и новата езотериска мисла што се појавува пред двете светски војни си има своја причина и ќе има последица...
Но, нели ти не си по матното, философија заврши и сега тоа е големата вистина за тебе? Нек ти биде, што има да ти објаснувам кога се ти е јасно?
Забава ќе мора со другите да си бараш...
Ти можеш да тепаш муабети за филозофија иако не знаеш многу за темата а другите ги прозиваш?Кои се тие членови на разни езотериски друштва и кога и зошто се вртат кон кукастиот крст? И од кога пак кукастиот крст е врзан само со нацизам и Германија? Имаш идеја од каде потекнува кукастиот крст?
Или забавни ти се нацистичките истражувања по Индија што ги даваат на History Channel па сега миабети ќе тепаме?
Ne se zamaraj neka si teraat sekoj si ima svoe veruvanjeЗначи имаат многу, но нема да објасниш што? Се кладам во што сакаш дека еден ред немаш прочитано од Хајдегер, Витгенштајн, Кант. Од Ниче можеби си прочитал некоја реченица, како и повеќето адполесценти, но не си разбрал многу. Езотерија во делото на Кант?
Или го замислувам Витгенштајн, со целата негова иронија и сарказам, како го иницираат во некое езотерсико друштво. Па во фаца има да им каже колку се забегани.
Срамота е да се бламираш на овиј начин, дури и за шарлатан е премногу дилетантски.
Одлично. Ајде дај да видиме за кој цитат, за кој сегмент од Заратустра ти се причинило дека има врска со повикување демони, со дрва на животот, со седум цркви и слични тракатанци.Другото причинување на езотерии ми беше кај Ниче во безвременското, феноменоменално, маестрално, боженствено ремек дело ,,Така Зборуваше Заратустра."
Поетично може, но езотерија никакоОдлично. Ајде дај да видиме за кој цитат, за кој сегмент од Заратустра ти се причинило дека има врска со повикување демони, со дрва на животот, со седум цркви и слични тракатанци.
Случајно, само случајно велам, да не мешаш поетско со езотериско?
Но сите се заморуваме со сечие верување бидејќи кај многумина верувањето води кон дејствување.... а знаеме како дејствуваат оние кои се наклонети кон егзотерија.Ne se zamaraj neka si teraat sekoj si ima svoe veruvanje
Чекај сега, ти мислиш дека нешто докажа со овие неколку реченици? За потполни различни работи се мисли и зборува тука. Блага врска нема со никаква езотерија. Ниче зборува за два различни видови на морал, за поделба на обични и надлуѓе, не на профани и упатени во езотерија. Вака ако почнеш да си наоѓаш врски, ќе најдеш веска помеѓу езотерија и правење ајвар."The exoteric and the esoteric, as they were formerly distinguished by philosophers — among the Indians, as among the Greeks, Persians, and Mussulmans, in short, wherever people believed in gradations of rank and NOT in equality and equal rights — are not so much in contradistinction to one another in respect to the exoteric class, standing without, and viewing, estimating, measuring, and judging from the outside, and not from the inside; the more essential distinction is that the class in question views things from below upwards — while the esoteric class views things FROM ABOVE DOWNWARDS.
There are heights of the soul from which tragedy itself no longer appears to operate tragically; and if all the woe in the world were taken together, who would dare to decide whether the sight of it would NECESSARILY seduce and constrain to sympathy, and thus to a doubling of the woe?...
That which serves the higher class of men for nourishment or refreshment, must be almost poison to an entirely different and lower order of human beings. The virtues of the common man would perhaps mean vice and weakness in a philosopher...“
Колку и да не ти се допаѓа идејата дека неговата философија доаѓа од езотериските школи и учења, тоа е тоа... и сега за да јас ти кажам каде се поклопува Ниче со тајните учења и иницијаторски струи ќе треба книга да напишам... а и само ќе се гребме површината на сето тоа. Самиот Ниче ти е врвот како што велиш, а замисли што стои зад него... за кое што ти велиѓ дека е матно и некако не сака никој да го објасни
Ниче е патоказ кон иницијација.
Така де, сега доаѓаме до она, философирање - ама он ова сакаше да каже...Чекај сега, ти мислиш дека нешто докажа со овие неколку реченици? За потполни различни работи се мисли и зборува тука. Блага врска нема со никаква езотерија. Ниче зборува за два различни видови на морал, за поделба на обични и надлуѓе, не на профани и упатени во езотерија. Вака ако почнеш да си наоѓаш врски, ќе најдеш веска помеѓу езотерија и правење ајвар.
Ти кажав, можеш некого да интерпретираш како сакаш, тоа нема да ја направи твојата интерпретација вистинита. Секоја реченица изречена од било кого може да ја интерпретираш во насока на езотеријата, што не значи дека е така. Тоа едноставно значи дека полето на шарлатанството е безгранично. Ако некој кој знае повеќе од тебе почне да те шутира наоколу, тоа поле ти дава шанса да се скриеш зад двосмислености, О реченици и баснословни глупости.Така де, сега доаѓаме до она, философирање - ама он ова сакаше да каже...
Да, тоа што мислиш тоа сакал да каже Ниче, ок е со мене ... баш тоа што мислиш дека сакал да каже, тоа е - за тебе, пробај да најдеш практична примена од тоа што сакал да каже...
Јас ти велам дека зад неговите учења и ставови стои езотериски тајни учења и јас никако не ти велам да ми веруваш дека е така... како што си седнал Кант да читаш, седни научи нешто истокот, среден исток, Индија... ама тоа се верувања за тебе, задоен си да имаш омраза и не сакаш да истражуваш ништо што тебе не ти се допаѓа - а токму тоа треба секој да го прави!
Она што ти е најодбивно да му најдеш нзс со истражување, не со читање луѓе кои имаат ист став како твојот и да си уживате како се е како што вие мислите дека е... и јас не сакам да читам книги за Кроули каде што го оцрнуваат без врска човекот, ама морам да читам и барам врски. Бидејќи...
Од тракатанците што ги наведе повеќе од очигледно е дека имаш темелно непознвање или крајно погрешна претстава за езотеријата.Одлично. Ајде дај да видиме за кој цитат, за кој сегмент од Заратустра ти се причинило дека има врска со повикување демони, со дрва на животот, со седум цркви и слични тракатанци.
Случајно, само случајно велам, да не мешаш поетско со езотериско?
Не знам ти што се вознемири, не мислев воопшто да те навредам. ОК, може да објасниш каква врска има оваа реченица ,,Човекот е мост помеѓу Животното и Натчовекот" со било какво езотерсико учење? Целата филозофија на Ниче е околу идејата на надминување на чивекот, но сигурно не го мислел тоа со помош на магии, повикување на демони, гледање во папокот и читање О реченици.Од тракатанците што ги наведе повеќе од очигледно е дека имаш темелно непознвање или крајно погрешна претстава за езотеријата.
За разлика од тебе, јас барем имам доблест да признам кога имам минимално, или никакво знаење т.е. увид на некаква дадена тематика.
Фактот дека не си забележал езотерија кај Заратустрата на Ниче навестува дека си заглавил во стапицата наречена ,,причинување" од страна на Платон, и тажниот факт дека причинувањето има тенденција да ја максимизира ароганцијата, која пак има тенденција таквите фантазмагории да ги претставува како некакво знаење, како некакво познавање или увид во комплексните сфери на човечката душа.
Ако си вистински љубител на филозофскиот збор, ама вистински, она баш вистински, би ти препорачал да стартуваш со висинските Mac Daddies т.е. The Real motherfucking G's односно Sugga Daddies на филозовската мисла па потоа да се занимаваш со овие помодерниве.
Иако нема поента, сепак, еве, ќе те удостојам со една реченица (меѓу изобилиието) од Зарафакинтустрата на Ниче која барем мене ми делува езотериски, а не мора да биде се разбира: ,,Човекот е мост помеѓу Животното и Натчовекот." Ама што има пак јас да кажувам коге ти си знаеш сè, додека јас се борам со бескрајни претпоставки и симболики на вакви деликатни теми.
Не знам ти што се вознемири, не мислев воопшто да те навредам. ОК, може да објасниш каква врска има оваа реченица ,,Човекот е мост помеѓу Животното и Натчовекот" со било какво езотерсико учење? Целата филозофија на Ниче е околу идејата на надминување на чивекот, но сигурно не го мислел тоа со помош на магии, повикување на демони, гледање во папокот и читање О реченици.
Секој може да види се каде и да посака, но тоа не значи дека ја гледа вистината.
Сега видов, сериозно ми препорача меодологија за проучување на филозофијата?