- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.133
- Поени од реакции
- 6.627
- Возраст
- 46
Зборуваме за езотерија... треба да се учиме пак што значи тоа?
Кои се тие членови на разни езотериски друштва и кога и зошто се вртат кон кукастиот крст? И од кога пак кукастиот крст е врзан само со нацизам и Германија? Имаш идеја од каде потекнува кукастиот крст?
Или забавни ти се нацистичките истражувања по Индија што ги даваат на History Channel па сега миабети ќе тепаме?
Абе батали ги нацистите ти си добија што си заслужија, ти реков...
Кроули бил премногу нешта. Тоа што полека се крева маглата околу него е бидејќи почнаа да излегуваат на виделина нештата кои ги правел, но весниците и оние на кои им смета слободниот дух на човекот го оцрнувале без врска, сатанизирале и слично - сега полека исчезнува со пристапот на информации, како и од луѓето кои го проучуваат делото на Кроули во однос на езотеријата и окултните науки.
Не постои друг човек кој што може да го надмине Кроули во неговата работа за упростување и давање на луѓето грст злато што го содржи езотериската пракса!
Едноставно сеуште никој не го надминал... сите го прераскажуваат, се што се знае за езотерија денес е од него и неговите книги...
Дион Форчн го споменува во нејзините книги (иако не се сложува со некои негови философии) но се на истата страна... Блаватска исто Кроули ја споменува дека е една од тајните поглавари на организација која е толку тајна што „нема име меѓу луѓето“...
Така да, овие работи не може да им бараш аргументи и факти... знаеш зошто? Бидејќи оние што знаат барем нешто повеќе за овие работи, за да не издадат нешто што не треба, ќе остават да бидат во грешка и без аргументи.
Така оди тоа...
Што со свастиката? Таа е глобален симбол но онаа форма кај нацистите е резултат на окултната страна на таа идеологија. Не гледам Дискавери пошто го неам тој канал па не би знаел какви тоа емисии прават, постојат сосема добри книги кои дискутираат за тоа.
Рудолф Хес кој дотерал во Нирнберг е највисок по ранг, тука е и Хајнрих Химлер, споменатиот фон Лист, основачот на нацизмот (не е Хитлер) Антон Дрекслер, Лудендорф, Вилигут (најзабеган од сите), фон Либенфелс, Шефер, докторот кој го лечел Хитлер пред да се зачлени во партијата не ми текнува сега името и многу други.
Интересна појава кај СС било нивното обожавање на Црното Сонце кое било резулатат на тогаш свежите научни теории за постоење на антиматерија. Па така црната дупка во центарот на нашата галаксија била сметана за нешто вредно за обожавање како антисонце, триумф на темнината над светлоста.
Секако просечен војник на Вермахтот не бил воопшто упатен во тоа, се работело за мањина претежно во СС и остали паравојски.
Автоматски споено мислење:
Веројатно ова го знаеш. Било составен дел на на наци војската и во првата и во втората светска војна.
Прегледај го приврзокот 428686
Немало наци војска во првата светска војна, тоа доаѓа подоцна, а што е овој натпис Бог е со нас или?




Бос турчин не ги стига овие лол