Ако гледаме кој како каде, Крим пре им припаѓа на Кримските татари поточно на Турција, него ли на Русија. Сталин 1944год. ги депортираше Кримските татари заедно со сите малцинства (Грци, Ерменци итн), и насели совети. Веќе кога гледаме чив е Крим.
Еве сега, да земеме дека на Крим живеат мнозинство Руси. Ајде кога е таква работата, утре нека влези Албанија нека си ги земи Тетово, Гостивар, Арачиново, Кумановските села, Дебар итн. и да ги анектира освен Кумановските села, под изговор дека Албанците се угнетени и тоа се Албански територии оти таму живееле Албанци. И, после анектирањето да бара неутралност од нас, и да ги признајме Тетово, Гостивар и Дебар за дел од Албанија, а Кумановските села за автономна територија. И ако не го признајме тоа, да почни војна за Кумановските села. Би се согласил ти на тоа? Реално кажи...Ок, јасно е дека Зелениот е марионета и подлизурко на западњаците океј е, стана јасно, но неутралноста што ја бара Русија од Украина е онаа, „Слушни ме како треба, прави што сакаш...“