Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
14 октомври 2018
Мислења
388
Поени од реакции
519
Абе нуклеарни подморници кружат околу секој континент во секое време, каква Москва какви бакрачи. И во MAD ситуација и Москва и Вашингтон нема да постојат па кај сакаш стави антиракетен систем. Нема страв Русија од антиракетен систем ни во Украина ни на Балтички земји, никогаш НАТО нема да ја нападне Русија фронтално затоа што неможе и затоа што ќе дојде до крај на светот. Ни со промената на политиката на Украина, истата немаше да ја нападне Русија никогаш.
Па што тогаш фрлаат трилиони на антиракетни штитови, напуштаат договори за балистички ракети од среден и краток дострел? Уште и развиваат стратегии на прв удар, демек да ги изненадат русите и да потаманат се за да овие не можат да вратат. Тоа што до вчера важеше за нуклеарна рамнотежа и крајот на светот, утре може нема да важи затоа што едната страна вложува огромни ресурси за да стекне апсолутна супериорност во однос на другата. Незначи дека ќе успее но таква им е политиката, натаму се движат работите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.428
Затоа што се суверени држави признаени и од самата Русија и можат да одлучат што сакаат што е и факт.
Не иде тоа така. Меѓународното право е ништовно пред интересите на супер-силите. Прашај ги Ирак, Афганистан, Гватемала, Сомалија, Сирија, Гранада и многу други.

Македонија дали можеше да рече - Еј не сме ние за Голема Албанија?
Не. Тоа е интерес на Западот и еве кај сме.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Малку посложени се работите од ова. Ако може НАТО да им постави ракети и офанзивни и дефанзивни во Украина, тие би биле значитено помали, а од друга страна им треба многу помалку време за до Москва. А Русија за да лансира на Вашингтон, на другата страна на светот, за тоа треба некои други ракети, интерконтинентални ... И практично се поништува балансот. Е тоа ти е. Може уште и да кажат, не сме ние, фрлајте нуклеарки по Киев, Украинците ве нападнаа со нуклеарки. И денес тоа го прават со Химрас, Сторм Шадоу, Актсамс, итд, утре тоа со нуклеарки ќе го прават. Е затоа неможе Украина или Балтичките држави што сакаат да прават. Ако сакаат така да играат, ќе добијат војна. Ете тоа ти е вака најпросто објаснето.
јави кога ќе разбере што си напишал!:)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Види навистина малку знам. Геополтика до пред оваа војна и не ме интересираше, ме немаше на форумов, можеш да провериш. Јас сум типичен ИТ овец кој по цел ден е над компјутер и си ја гледа работата.
Геополитика илити глобална политика не е ниту внатрешна ниту надворешна политика која ја водат државите (се разбира оние кои имаат моќ) гео-гло-политика тоа се .... кои управуваат со глобалните процеси (да речеме наредните 10-20 илити 30 години) и не е се работи за држави туку за структури кои имаат знаења и ресурси да управуваат со глобалните процеси.

Само што не сакам војни.
Никој не сака, барем јас така мислам.

Затоа што добро знам дека кога е војна има убивање, губење ноѕе, раце, глава, здрав разум. Се уништуваат куќи, коли, ево пред некоја година купив стан и сега некој да ми, дипломатиски и економски мерки само да не додјде до војна.
Војните се дел од цивилизацискиот развој, понекогаш спротивставеностите (нееднаквоста) зема такви размери што единствен начин истите да се ублажат/разрешат е преку радикални мерки а тоа е војна, токму за тоа се работи во овој случај.
Силите кои доминираат/управуваат и го експлоатираат светот се донесенои пред избор или ќе се трансформираат или ќе има војна, по се изгледа избраа војна.

Па реков да виам за што се работи. Ај, тоа војна на блискиот исток и кај арапите многу многу не ме потресуваше, тие се научени, ама во Европа веќе да.
Никако не е грешка, секоуј има право да се обиде да ги разбере и согледа процесите кјои имаат директно/индиректно влијание на неговиот (и на неговите најблиски) живот. Проблемот е кога се обидуваш тие процеси да ги анализираш низ произмата која преку Оливуд ти ја инсталира да ги антиципираш.
Инаку во право си, војната на БИ нема потенцијал за WW3, а ова во Украина ги има сите потребни елементи да прерасне во WW3, дали тоа ќе се случи за сега никој не знае, а проекциите се дека истата следува без оглед што и да преземе едната или другата страна.

Исто и Пољаците, Литванците, Финците, на Маѓариве изгледа не им пречи, германциве сакаат ефтин гас, итн.
Правиш заклучок без целосно познавање на работите, односно на пропагандата реагираш “добро“ (ја прифаќаш, што е твој проблем).

Русиве, Србиве, и овде на форумов велат дека некој сака да ја растури Русија и дека она има право да напдне и да направи војна.
Лажат се тоа е српска/руска пропаганда, па сите гледаме како РФ се доближи до границитре на САД, нели?;)

Дали Украјина треба потполно да се освои, дали тука ќе се застане или ќе се оди на Берлин?
Нема потреба од освојување на Украина туку на протерување на влијанието на демократите, така почна како ќе заврши ... па ќе видиме.

И како една држава така голема како Русија може да се растури со помош на Украјина. Ето тоа објасни ми. А и не мораш.
Не може ама оние преку барата и (Наполеон, Черчил, Хитлер) сметаат дека ќе можат, ... еве го вицот, а ти самиот пресуди.

Одлучиле каубоите да ја нападнат РФ!
Па отишле кај Франките да бараат совет, кога е најдобро да ја нападнат?
Овие им рекле ние пробавме со наполеон и да ви речеме, само немојте на лето...
Потоа отишле кај Германите со исто прашање...
Гертманите им рекле, ние пробавме и добивме воспитна ......, само немојте во зима...
Потоа отишле кај Кинезите со исто прашање....
Кинезите им одговориле:
Можете кога сакате Путин-РФ само што започнаа со крупни инфраструктурни проекти и потребни им се работници!
:)
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
На кој начин би се спровела “демонтажа” на Русија? Како може било каква позиција на Украина политичка или воена да влијае на внатрешните состојби во Русија? Со војнава се докажа дека руското население е или хомогено или живее у уплав, и такво општество нема шанса да се раскринка со промена на власт и политила во соседна држава.
Па во никое сценарио ни во ладната војна ни сега не постои земјата после нуклеарна војна, па сепак трка во нуклеарно вооружување постоела и постои и нуклеарни стратегии за прв удар сепак постојат.

Иначе Украина е стратешко место кај што Русија со еден удар може да се пресече од излез на Црно и Касписко море, што дефакто е стратешки проблем на Русија кој ќе и врзува премногу одбранбени ресурси на таа линија, одбранбената линија на Русија е бајаги порозна и тешко одбранлива од прв удар. Едноставно е дека геостратешката позиција на Украина е доста важна за Русија. Најс то хев би било и Полска под Русија, али коа не може Украина е маст.
 

filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
336
Поени од реакции
398
Не иде тоа така. Меѓународното право е ништовно пред интересите на супер-силите. Прашај ги Ирак, Афганистан, Гватемала, Сомалија, Сирија, Гранада и многу други.

Македонија дали можеше да рече - Еј не сме ние за Голема Албанија?
Не. Тоа е интерес на Западот и еве кај сме.
Немачка,Франција,Саудиска Арабија,Бразил,Египет исто им диктира Америка
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Малку посложени се работите од ова. Ако може НАТО да им постави ракети и офанзивни и дефанзивни во Украина, тие би биле значитено помали, а од друга страна им треба многу помалку време за до Москва. А Русија за да лансира на Вашингтон, на другата страна на светот, за тоа треба некои други ракети, интерконтинентални ... И практично се поништува балансот. Е тоа ти е. Може уште и да кажат, не сме ние, фрлајте нуклеарки по Киев, Украинците ве нападнаа со нуклеарки. И денес тоа го прават со Химрас, Сторм Шадоу, Актсамс, итд, утре тоа со нуклеарки ќе го прават. Е затоа неможе Украина или Балтичките држави што сакаат да прават. Ако сакаат така да играат, ќе добијат војна. Ете тоа ти е вака најпросто објаснето.
Не е баш така.
Балтичките земји се релативно поблиску до поголемите населени центри во Русија отколку Украина, проектили со нуклеарно полнење можат да бидат поставени и таму, плус сега и Финска.

Од друга страна, Америка доста се потпира на авијацијата.
Така, стелт бомбардери, недетектирани може да лансираат крстосувачки проектили со нуклеарно полнење без воопшто да бидат детектирани и бомбардерите и проектилите, бидејќи стелтот на големо растојание е невозможно да се детектира, а крстосувачките проектили нема да остават топлински одраз (единствен начин да се детектира лансирање кога се работи за сите останати ракети). Со нив можат да изведат релативно масивен напад, имајќи предвид дека по неколку проектили можат да бидат товарени во бомбардерот.
Американците имаат и доста гравитациски не-наведувани нуклеарни бомби, каде бомбардерот би летал директно над целта.
Имаат и бомбардер кој лета ниско (не може да биде детектиран) и може да навлезе длабоко во непријателска територија и изненадувачки да ослободи неколку нуклеарни бомби или проектили.
Русите исто доста се потпираат на слична тактика. Имаат суперсоничен бомбардер, кој може да лансира крстосувачки проектили со голем домет.
Да не зборуваме за тоа дека можат да вршат напади и со подморници и сл.

Значи има многу повеќе начини да се изврши изненадувачки нуклеарен напад, со екстремно мало време на детекција, отколку да се поставуваат ракети со краток дострел, кои и онака може да бидат поставени во други земји (балтикот).

Главната причина заради која Русија тргна во војна со Украина е оваа:
Иначе Украина е стратешко место кај што Русија со еден удар може да се пресече од излез на Црно и Касписко море
Е сега Јамајка, обезбедувањето на тој дел Русија може да го изведе на 3 начини:
Физичка бариера, каде преминот на војски би бил тежок а Русија би имала огнена контрола над таа бариера (реката Дњепар е идеална),
или воспоставување марионетска влада која Русија би ја контролирала,
или демилитаризација на Украина, или доволно ослабување на Украина воено, да кога би тргнале повторно да се вооружуваат, Русите да можат повторно воено да реагираат.

Засега Русија е далеку од остварување на било која од горенаведените цели.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.373
Слободоборци, ако сте во Украина, за ваше добро имајте добар план за фаќање џаде како украинската зеленика, или добра финансиска заштеда во странство од платите кои ги примате од воено-профитерските крвожедници за кои говори Роберт Кенеди помладиот.

Бидејќи убаво вели човекот, кога ќе заврши крвопролевањето сиромашните ќе станат уште посиромашни, а воено-профитерските крвожедници ќе си наплатат за "помошта" која му ја пружиле на украинскиот народ.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/za-amerika-i-ukraina-vo-tri-minuti

За Америка и Украина, во три минути

2 септември 2024 - 11:12

Роберт Ф. Кенеди Јуниор (син на сенаторот РФК кого го уби Сирхан Сирхан), иако има проблеми со гласните жици, нема проблеми со логиката, аналитиката и здравиот разум. Добро упатен во игрите на моќните во политиката но и надвор од неа (како адвокат важи за ноќна мора на големата фармација), многу јасно ја сумира целата приказна за американската загриженост за Украина.



Ова е војна која никогаш не требаше да се случи. Војна која Русија повеќекратно се обидуваше да ја спречи, под услови кои беа многу поволни за Украина и за нас. Главната работа што ја бараа од нас беше да го држиме НАТО настрана од Украина.

Големите воени контрактори постојано сакаат да додаваат нови земји во НАТО. Зошто? Затоа што тогаш тие земји ќе мора да ги усогласуваат набавките на воена опрема со стандардите на НАТО. Тоа значи дека компании како Нортроп, Рејтеон, Боинг и Локхед добиваат освоен пазар.

Во март 2022 година, одвоивме 113 милијари долари. Да ви дадам само еден пример: со тие пари можеше да се изгради дом за речиси секој бездомник во САД. Потоа одвоивме уште 24 милијарди долари а претседателот Бајден бара уште 60 милијарди.

Но, големите трошоци ќе дојдат после војната, кога ќе треба да го изградиме уништеното. Мич МекКонел беше прашан (види: Лажеа за Авганистан. Лажеа за Ирак. Сега лажат за Украина. а богами и „Не ве слушам, стар сум“) дали може да си дозволиме да потрошиме 113 милијарди на Украина? Тој рече, тие пари всушност и не одат во Украина туку кај американските производители на оружје.

Човекот призна дека се работи за шема за перење пари.

А што мислите, кој ги поседува сите тие компании? Да, БлекРок. Сенаторот Тим Скот, за време на републиканска дебата за Украина, рече „ Не се секирајте, не е тоа подарок за Украина. Позајмица е “.

Нека дигне рака тој што мисли дека таа позајмица некогаш ќе биде платена. Се разбира дека нема. Зошто тогаш ја викаат позајмица? Затоа што можат да се наметнуваат услови за позајмицата. Кои се условите кои ние им ги наметнуваме?

Како прво, екстремна политика на стегање на каишот, што значи дека ако си сиромашен во Украина, ќе бидеш сиромашен засекогаш. Второ и најважно, Украина ќе мора да понуди за продажба сè што поседува државата на мултинационални корпорации, вклучително и целата обработлива земја, најголемиот капитал на Украина. Илјада години се водеа војни за таа земја, најплодната земја на светот која може да ја храни цела Европа.

Речиси 500.000 украински млади загинаа таа земја да остане украинска. Речиси сигурно е дека не знаат за условите за позајмицата. Тие веќе имаат продадено 30% од неа. Купувачи се Дупонт, Каргил и Монсанто. Што мислите кој ги поседува тие компании? Да, БлекРок. Оние на кои Бајден им даде договор за обнова на Украина.

Сево ова го прават пред наши очи. Не им е ни гајле дека знаеме бидејќи знаат дека ќе им помине. Како го знаат тоа? Затоа што имаат стратегија. Стара, прастара стратегија (раздели па владеј - н.з.): нè држат во војна едни против други, да се мразиме меѓусебно, демократи и републиканци бесконечно да се караат, црнци да се свртат против белци и обратно, секакви поделби....


***********

Види и:

Само неколку мигови по давањето поддршка на Трамп
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.835
Поени од реакции
36.865
@Ron Burgundy Рони, коа се договоривме да ги вадиш бушоните тоа беше за Украина а не за рускиве електрани.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Путин си стигна во Монголија на официјална посета. Пукнете душмани и Зелени укронацисти. Ништо не му можите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.428
Путин си стигна во Монголија на официјална посета. Пукнете душмани и Зелени укронацисти. Ништо не му можите.
чекај, рано е, може ќе го уапсат попосле
пред идење назад
 

Kajgana Shop

На врв Bottom