Како функционира Пензиски/Социјален фонд

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.866
Се разви добра дискусија на друга тема, па ја отворам оваа за да дискутираме тука. Знам дека многу нема да им се допадне, ама кога има дискусија е најдобро за сите и се развиваат добри идеи.

Како моментално работи Пензиски/Социјален фонд:

Тековните работници придонесуваат:
  • Данок на плати: Додека работите, дел од вашата плата автоматски се одбива како данок за пензиско/социјално осигурување (познат како FICA данок во Америка).
  • Финансирање на системот: Овие даноци веднаш одат во системот за пензиско/социјално осигурување.
Плаќање на сегашните пензионери:
  • Непосредна распределба: Парите собрани од денешните работници се користат за исплата на бенефиции на луѓе кои се моментално пензионирани, со попреченост или семејства на починати работници.
  • Нема лични сметки: Социјалното осигурување не ги чува вашите придонеси на лична сметка, туку ги користи веднаш за поддршка на сегашните корисници.
Идните работници ги финансираат денешните придонеси:
  • Меѓугенерациска поддршка: Работниците што придонесуваат денес ги поддржуваат пензионерите од сегашната генерација.
  • Идни придонеси: Во иднина, следната генерација на работници ќе плаќа даноци за социјално осигурување за да ги поддржи вашите бенефиции кога ќе се пензионирате.
Поедноставен тек на парите
  • Денешните работници(ние, вработени 18 год - 65 год) -> Плаќаат пензиско осигурување -> Финансираат бенефиции за сегашните пензионери (нашите родители)
  • Утрешните работници (нашите деца) -> Плаќаат пензиско осигурување -> Финансираат бенефиции за денешните работници кога ќе се пензионираат (ние)
Клучни точки за паметење
  • Меѓугенерациски систем: Социјалното осигурување работи на база на „плаќај додека одиш“, што значи дека секоја генерација на работници ја поддржува претходната генерација на пензионери.
  • Одржливост: Системот се потпира на постојан прилив на работници што плаќаат даноци за поддршка на пензионерите.
  • Заедничка поддршка: Тоа е колективен напор каде што секој придонесува за да се осигура дека пензионерите ќе ги добијат своите бенефиции.
Пример сценарио
  • Јован работи денес: Тој плаќа даноци за социјално осигурување од неговата плата.
  • Марија е пензионирана денес: Таа добива бенефиции од социјалното осигурување финансирани од даноците на Јован.
  • Кога Јован ќе се пензионира во иднина: Следната генерација на работници ќе плаќа даноци за да ги поддржи неговите бенефиции.
Кога нема деца (утрешни работници) тогаш нема што да земаме ние (денешните работници).

Во Шведска, ја земам како пример, возрасната граница за добивање полна јавна пензија е моментално 66 години (од 2024 година). Сепак, оваа граница постепено ќе се зголемува, и до 2026 година се предвидува да се зголеми на 67 години. И овие бројки ќе одат нагоре и нагоре.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.734
Поени од реакции
4.485
Доколку некој е повеќе запознаен со деталите може да сподели порелевантни точки од законот.

Како дополнување на иницијалниот текст:

- Сумата за пензиско е 18.8% ако не се лажам последен пат процентот е корегиран некаде во 2019.
- Системот се состои од три столба прв, втор и трет од кои првите два се задолжителни, а третиот е доброволен

Мои мисли:

Било кој систем треба да биде така структуиран за да биде што е можно повеќе отпорен на злоупотреба, а воедно да биде приспособлив за можни идни предизвици.

За да може ова да функционира во пракса потребна е транспарентност и поделба на ингеренции.

- Пензискиот систем треба да се состои од два дела лична и социјална контрибуција.

- Системот треба да ги земе во предвид т.н крајни случаеви. ( Прост пример нема логика да штедиш за старост ако знаеш дека за две или пет години ќе умреш од канцер т.е овие луѓе би биле ослободени и/или дополнително поддржани)

- Системот не треба да биде манипулиран од трети лица т.е власта или опозицијата не би можеле да купуваат гласови со ветувања за повисоки пензии.

Моменталниот систем е пирамидална шема каде за секој пензионер се потребни тројца работници. Оваа шема беше изводлива од проста причина што во последните сто години светската популација скокна од 1 милијарда на 8+ милијарди луѓе.

Денес не само што има стагнација туку и негативна бројка на родени луѓе што е фенси збор да се каже повеќе умрени од родени.

Друг предизвик е масовната миграција од сиромашни земји во богати земји.Интересно е што ова е проблем и за нас и за богатите земји.

Резултат на моменталниот систем е огромна дупка во пензискиот систем која станува се поголема, а воедно ако имаш систем каде сите пари се собрани на едно купче не е толку тешко да „исчезнат“ неколку милиони.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
314
Поени од реакции
271
@YuZe
Ова што го имаш пишано, важи само за првиот столб кој е општ, државен.
Вториот столб (фонд) е приватен и е задолжителен (види детали на слика) ама таму секој осигуреник има своја индивидуална сметка за пензиска заштеда..
Третиот столб е приватен и доброволен.

1725024154137.png

Кој сака повеќе детали, на страната на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.866
@YuZe
Ова што го имаш пишано, важи само за првиот столб кој е општ, државен.
Точно.

Вториот столб (фонд) е приватен и е задолжителен (види детали на слика) ама таму секој осигуреник има своја индивидуална сметка за пензиска заштеда..
Третиот столб е приватен и доброволен.

Прегледај го приврзокот 427944

Кој сака повеќе детали, на страната на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
Ова е како задолжителен 401k . Тогаш зависи од берзата и некретнина, зависи во што имаат инвестирано. Ова е по-отпорно од првиот столб, ама пак ќе падне ако нема младина.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.754
Поени од реакции
4.801
А што бидна со „позајмицата„ од вториот пензиски столб, која ја провали госпоЖата министерица Царовска?..

Парите, дека е?...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom