Зошто газдите се стиснати?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Ima kes, i 100 evra e kes i milion e kes. Prasanjeto e kolku kes ima, a odgovorot e ne kolku Germanija ili Avstralija. Ima brojki, znaes da gi najdes ti.
E sea so toa so se ima od danok se krpi kolku tolku, i pre bi da ima kolku tolku za site nego za odbranite. Neam protiv i za progresiven danok, no se pokaza neuspesen za sega.
Автоматски споено мислење:

Koj saka takov sistem, ima zemji, nikoj ne im brani.
Абе пак може да има за сите, ама пак ќе кажам, ќе плаќате поинакви даноци.

Многу е проста математиката, владата продава продукт што се вика данок, здравството може да одбере да е на цицка на буџетот каде парите ќе дојдат како данок, или да се финансираат самите со тоа што ќе оперираат како приватни бизниси.

Тешко оди социјализам без некој да плати за сметката, нели побогатите да им помогнат на сиромасите.

Wtf? Друже од што сме греота болест не може да увеземе а не па доктори? Кого ќе увезеш, Србин? Хрват? Грк? Абе од кај нас Непалците-градежници почнаа да бегаат, што да кажеме за доктори и некои други струки.
Ти го дадов како опција, ако најдеш некој од Конго што ќе работи за тековните плати и воедно ќе научи јазик за да се интегрира - супер, а ако не успееш тогаш отпаѓа опцијата и треба да се бара чаре во другите 3.

Јас ти ја разбирам фрустрацијата, и јас сум се нервирал како тебе, проблемот е во генерацијата на нашите и во нашето образование. Тие го ебаа системот што работеше, а и не не припремија за суровата реалност што следува.
Еве конкретно во тоа што го работиш ти, и тука ги дупат како што сакаат, банката направила 10 милијарди профит ама затвора канцеларии, вработено 2ца за истото што во мк го правите 5 души и тн.

Bank closures in regional Australia final report calls for guaranteed cash access, establishing a public bank
Bank of Queensland to cut up to 600 jobs
Major banks speed past 2000 job cuts in 2023

Инаку не дека немаат кеш, али јбг, капитализам функционира така, повеќе пари за акционерите затоа што се најбитни:
1724799216112.png

Еве ти и за на други места:
Banks shed 60,000 jobs in one of worst years for cuts since GFC

Она што треба секој да го разбере (колку побрзо толку подобро) е дека времето што го изгубивме на факултетите е промашено за новиот систем. Секој има само еден лимитиран ресурс, а тоа е времето, тотално е небитно што ќе правиш се додека тоа ти носи добар приход.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.870
Поени од реакции
2.094
Докторот, механичарот, докторот, механичарот.... ма не сме глупи бе друже, јасно е дека се тоа примери, место нив може да бидат архитектот и молерот, наставникот и ќебапчијата.... јас ти зборувам општо, имаш стручни луѓе и луѓе кои само имаат папир да се стручни и нив пазарот ги сепарира, стручните ке направат пари независно дали овде или на страна, а другите со папирот може да идат у тоалет.
А во кои држави си бил за да го видиш ова? И кои стручњаци прават исти пари како што би правеле на запад, освен IT.

Има луѓе што се способни ама заради непознавање јазик доволно, мислат дека нема да успеат и воопшто не пробуваат. Има и неспособни да, ама сите заминати надвор не ги бивало Македонија, де на што мастраф си.
 
Член од
31 октомври 2023
Мислења
5
Поени од реакции
18
Се е пазарот. Имаш различни доктори и различни механичари. Имаш доктори кои се многу платени и доктори кои не се платени, исто и механичари... Имаш доктори кои работат за себе и доктори кои работат за друг, имаш механичари кои работат за себе и оние кои работат за други. На крајот се позиционираш на пазарот според својот квалитет. Никаде, ни во Германија ниту кај нас механичарот не е платен повеке од докторот.
Специјалист невролог со децениско искуство на клиника зема 750 - 850 евра, еве и 1000 евра нека зема. Молер за глетување и кречење на 250 квадрата површина, со една опшивка на прозор и некои крпеници после штемање во ѕид од електричар ми побара 3500 евра за 4 - 5 дена работа. Глет маса и поликолор, бекамент, абрип, па еве и лепак за плочки, не стигнуваат ни до 100 евра трошкови за материјали за таа површина за интервенции од надвор и од внатре. За поправка на надворешна лизгачка порта од куќа која траеше нецели 3 саата, бравар ми зема 250 евра. Сега најди ми колку доктори на црно ќе те лечат и ќе ти земат пари на рака ко мајсториве и види што се исплати? Фалат мајстори во државава. Мајсториве си го имаат дигнато рангот над инжињери, каква немачка, каков запад, ова е рај за нив тука.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.336
Циго што расклапа ауди е побитен од доктор во една болницау:toe:

Јухууу пари носи, Ендру Тејт хухууу…

Замисли тие на клиника што ве лечат, чат, абе од први почнуваме у Ендава на пракса, ќе програмираме.

На другар кога викнал брза помош за член од семејството, дошла шиптaрка што не знаела ни добро македонски, ниту била стручна за давање помош.

И сеа ќе му речете: па добро пер види, да барале лекари, ќе имало. Требало изгледа у Нетцетера да се јави кога ќе му се слоши на некој дома.

Завчера се возев со автобус, односно чекав 20 минути автобус на рекорд, сред бел ден, за градска линија. Нема шофери, сите испоизбегаа, градот е пред колапс. Ако нема транспорт асален, како сакаш Станка што си ја натерал да ти чисти у фирма за минималец, ќе ти дојде на работа? Сигурно такси ќе земе.

Дај вие бизнисмените најдете некој да испрограмира за ич пари од Непал, некои беспилотни уреди што ќе не возат низ град.
Автоматски споено мислење:

Работава е како онаа што им рекла, ако немате за леб, купете си чоколадо.

Лесно е на човек што се дави, да му кажуваш како се плива, а ти си го прчиш на суво.

Утре ако ти избие пожар во фирма имаш таму

If fire - apply water :)):$:$:$$$:&:$).6:/$:!?:!:
Else - … ; {} !{{€\€\€!|€\£\\

Кодот искуцан, пожарот изгасен.
Автоматски споено мислење:

Ама лесно е од Австралија да се драпаат мадиња кога се е средено таму. Утре ќе има леб кај да купи, ќе има детето у градинка кај да го носи, ќе има кој да му го лечи.

Иди у МК довери го детето на некој лекар, здраво ќе ти го направат болно само за да го кљукаат со лекови. Треба и доктори и надтавници да ги млатиш со стап дур не испоцркаат од што не се кадарни. Ама па реално зошто би биле кадарни, за 400 евра добро е и што ги има на работа.
 
Последно уредено:

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
513
Поени од реакции
217
Проблемот не е во циго зошто тој земал поголема плата од инжинерот, докторот или правникот, проблемот е што нашиот систем го дозволил тоа. Камитализам значи еднакви можности за сите но кај нас газдите зошто се преплетени ко црева власта без разлика која партија е на власт, го уништува обичниот човек од корен. Но македонскиот менталитет толку му е капацитетот и затоа македончето ќе си трпи уште многу.
Се исмевате на овие со економски и правен факултет, зошто берберите зимале повеќе од нив зошто биле побарани и ги немало на пазарот, а одговорноста која ја сносува секоја професија ? Од кога тоа не се вреднува ? Ајде бербер за 500ден ќе ти утне фризура за 2-3 недели ќе ти порасне косата и ко ништо да не било, нека сметководител ти направи грешка со даноците во фирмата, да пушти место 160.000 плаќање на некој место 16.000 или правник да направи грешка во договорот, да испушти некој главен член или грешка да протолкува некој закон, па да видиме дали за 2-3 недели се опорават тие грешки или ќе ви се испоти дуп**о едно убаво и ќе барате професионалци да ве извадат од го***та во кој сте заглавиле. Ама нашиот типичен македонски газда нема проблем и 1000че да му плати на берберот два пати во месец, ама има проблем 1000че да му ја качи платата на правникот или економистот во фирмата. Се додека платата на работникот се вреднува само поради недостиг на кадар, се ќе ги имаме овие проблеми. Не велам дека тоа не е битен фактор, ама одговорноста што ја снсува секое работно место е далеку побитно. Неможе раководител да е помалку платен од раководениот, за жал тоа е чест пример кај нас.
Во градежните фирми инжинерите во поголем дел од случаите се помалку платени од градежните работници, а одговорноста е целосно на страна на инжинерот. Циго што меша малтер к*р го боли ако утне нешто ќе го избркат од таму ќе оди на друго место, инжинерот со овластен печат и потпис го гарантира проектот кој го работи и сносува правна и материјална одговорност за него. Ќе цитирам една многу добра изјава на наш познат доктор кардиохирург, од пред 10тина години во една емисија. Го фали водителката му вели докторе браво за успехот вашите операции се 99% успешни и тука ја прекина вика точно, но некого тој 1% неуспех го чини живот. Некоја фамилија изгубила сопруг,родител,брат,сестра,дете поради тој 1% така да за мене не се гордост тие 99% успешнот, туку ме мачи тој 1% на фаталност. За да ја разбереш тежината на тој 1%, треба да се најдеш во ситуација кога едно семејство ти ја доверила цела своја надеж да им го спасиш најблискиот, а ти се појавуваш пред нив и ја споделуваш лошата вест дека нивниот сакан не ја издржил операцијата. Кога ќе ја почуствуваш горчината, изневереноста, разочарувањето, тагата и солзите во нивните очи тогаш ќе разбереш колку многу тежи и оптоварува тој 1%.
Е тоа е тоа што треба да ја прави разликата во платата, а не нема молери и од утре молерот 1500 дневница, доктор со 3 години искуство, нека работи за 35-40 илјади со дежурства. Без разлика што грешката на молерот се корегира за ситни пари и сме наклонени да ја простиме, а грешката на доктор може да биде фатална и сме наклонени да им се закануваме, колниме и склично . Доколку нашето општество продолжи да се движи во оваа насока, амбисот ни е неизбежен. Ќе бараме некој окупатор да дојде да не окупира само и само да ни стави ред и дисциплина, зошто ние очигледно сами на себе неможеме или не сакаме.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.685

18 евра од квадрат бараат за правење на нов кров мајсторите, за 140 квадрата 2500 евра требаше да платам само работна рака. Рачунај 2 мајстори и 2 помошници го средуваат ова за 5 дена без проблем, лабаво имаат по 125 евра просек дневница - ама во ситуацијава сигурно на помошниците нема да им дадат повеќе од 2-2500 дневница така да мајсториве рачунај колку чисти пари имаат во џеб.
Ама понуда побарувачка јбг, младиве никој не сака на прљав да биде, на високо да се качува да го грее сонце на кров сите сакаат ит

Пс. Според мене државата редно време да ги даночи мајсториве, да ги стави во некој ред барем државата да има некаква корист
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.342
Поени од реакции
4.141
Проблемот не е во циго зошто тој земал поголема плата од инжинерот, докторот или правникот, проблемот е што нашиот систем го дозволил тоа. Камитализам значи еднакви можности за сите но кај нас газдите зошто се преплетени ко црева власта без разлика која партија е на власт, го уништува обичниот човек од корен. Но македонскиот менталитет толку му е капацитетот и затоа македончето ќе си трпи уште многу.
Се исмевате на овие со економски и правен факултет, зошто берберите зимале повеќе од нив зошто биле побарани и ги немало на пазарот, а одговорноста која ја сносува секоја професија ? Од кога тоа не се вреднува ? Ајде бербер за 500ден ќе ти утне фризура за 2-3 недели ќе ти порасне косата и ко ништо да не било, нека сметководител ти направи грешка со даноците во фирмата, да пушти место 160.000 плаќање на некој место 16.000 или правник да направи грешка во договорот, да испушти некој главен член или грешка да протолкува некој закон, па да видиме дали за 2-3 недели се опорават тие грешки или ќе ви се испоти дуп**о едно убаво и ќе барате професионалци да ве извадат од го***та во кој сте заглавиле. Ама нашиот типичен македонски газда нема проблем и 1000че да му плати на берберот два пати во месец, ама има проблем 1000че да му ја качи платата на правникот или економистот во фирмата. Се додека платата на работникот се вреднува само поради недостиг на кадар, се ќе ги имаме овие проблеми. Не велам дека тоа не е битен фактор, ама одговорноста што ја снсува секое работно место е далеку побитно. Неможе раководител да е помалку платен од раководениот, за жал тоа е чест пример кај нас.
Во градежните фирми инжинерите во поголем дел од случаите се помалку платени од градежните работници, а одговорноста е целосно на страна на инжинерот. Циго што меша малтер к*р го боли ако утне нешто ќе го избркат од таму ќе оди на друго место, инжинерот со овластен печат и потпис го гарантира проектот кој го работи и сносува правна и материјална одговорност за него. Ќе цитирам една многу добра изјава на наш познат доктор кардиохирург, од пред 10тина години во една емисија. Го фали водителката му вели докторе браво за успехот вашите операции се 99% успешни и тука ја прекина вика точно, но некого тој 1% неуспех го чини живот. Некоја фамилија изгубила сопруг,родител,брат,сестра,дете поради тој 1% така да за мене не се гордост тие 99% успешнот, туку ме мачи тој 1% на фаталност. За да ја разбереш тежината на тој 1%, треба да се најдеш во ситуација кога едно семејство ти ја доверила цела своја надеж да им го спасиш најблискиот, а ти се појавуваш пред нив и ја споделуваш лошата вест дека нивниот сакан не ја издржил операцијата. Кога ќе ја почуствуваш горчината, изневереноста, разочарувањето, тагата и солзите во нивните очи тогаш ќе разбереш колку многу тежи и оптоварува тој 1%.
Е тоа е тоа што треба да ја прави разликата во платата, а не нема молери и од утре молерот 1500 дневница, доктор со 3 години искуство, нека работи за 35-40 илјади со дежурства. Без разлика што грешката на молерот се корегира за ситни пари и сме наклонени да ја простиме, а грешката на доктор може да биде фатална и сме наклонени да им се закануваме, колниме и склично . Доколку нашето општество продолжи да се движи во оваа насока, амбисот ни е неизбежен. Ќе бараме некој окупатор да дојде да не окупира само и само да ни стави ред и дисциплина, зошто ние очигледно сами на себе неможеме или не сакаме.
Се е тоа точно, но перцепцијата дека докторот, правникот, економистот... зема помалку од молерот или друг работник е многу површна, дискутабилна и на крајот неточна. Мора да се загледа подлабоко во тоа како функционира пазарот и како на крајот работите ги порамнува и става на свое место. Имено, не секој доктор е платен 30-50к, толку земаат докторите кои се почетници и без никакви специјализации. Тоа се доктори кои пишуваат упати и препишуваат Аналгин и Ампицилин, како што пишав и погоре и немаат некоја голема одговорност. Може да згрешат место на очен да те упатат на ушен доктор па очниот да те измаршира кај ушниот.... Како одиш погоре во стручноста, специјалистите се со голема одговорност и се платени многу повеќе. Добрите доктори се земаат во приватните клиники и се солидно платени а оние добри доктори кои остануваат во државното се и уште повеке платени. Ако гледаме површно ке речеме не е точно, во државно тој хирург зема 1500-2000е плата што е многу малку за неговата работа и одговорност. Но ако погледнеме подлабоко и се запрашаме зошто тој врвен доктор и понатаму за таа плата работи во државно а не оди за многу повеке во приватно или не оди во странство каде ке биде платен уште повеке ке видеме дека на тој доктор за да останете, преќутно, му е дозволено да се дружи со другарот мито. Така тој доктор ке земе баснословно повеке од молерот кој патем и бесплатно ке молериса кај докторот... Пазарот си го прави своето и секогаш изнаоѓа начини квалитетот да биде платен...
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.837
Поени од реакции
6.555
Мајсторите бараат пошо се дефицитарни, нема мајстори и можат да бираат кај кој ќе работат.

Доктори исто нема, ама за разлика од мајстори на црно неможат да работат а државава кур ја боли за здравство па и од таму не само што ќе земат помала плата од мајсторот туку нема ни работа да фатат без врски или мито.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.468
Факт во бизнис е дека повеќе од 50% од бизнисите пропаѓаат во првите 5 години. Газдите што се прават курнази и се заебаваат со вработените, може да преживеат само ако пазарот е поволен за фирмите (висока невработеност), или ако се добро конектирани и лапаат тендери и без квалитетна работа/кадар.

Инаку колку и да изгледа дрско она што го пишувам, тоа е реалноста, ете си бил вклучен во семејниот бизнис и знаеш дека тоа ниво на стрес е неспоредливо со работа за друг, па од таму е и распределбата на профитот. Често се преземаат ризици каде една грешка може да те врати назад на почетокот, или што би рекол господинот Тајгер Џо:

П.С Секоја чест, бизнис кој опстоил 25 години е за пофалба! :cuc:

Мислам дека веќе го имаме еднаш дискутирано овој дел, но ај ќе пишам пак неколку зборови за ова.

Основата на капитализмот е вреднување според тоа колку вредност создаваш, односно, некој може да има и 5 факултети, магистратури, докторати, но ако на компанијата не и остварува поголем профит од некој со завршено основно образование, ќе биде платен пониско. Ова не е ексклузивно за Македонија, туку важи за секоја капиталистичка земја, затоа имаш примери каде со 2 редови школо стануваат милионери (мала дигресија: интересенен феномен е дека ретки се луѓе со апла високо IQ кои се способни да направат премногу пари/империи во бизнис светот, генерално таквите премногу калкулираат, а бизнисот е место каде мора да си малку коцкар, затоа што ако цело време одиш на зицери нема ни да започнеш бизнис).

Вториот концепт на вреднување е колку е атрактивно и колку често е она што го работиш, односно колку лесно или тешко можеш да бидеш заменет. Ако работиш во област каде во секој момент има уште 50 луѓе кои чекаат со CV на вратата, тогаш си лесно заменлив.

Во компетитивни индустрии, на два начини може да се одржиш со добри примања и сигурност:
  • Да бидеш исклучително добар во тоа што го работиш и да биде потребно години новиот да те достигне (или воопшто да не може да те достигне).
  • Синдикати (унии) - генерално, ова важи за поголеми индустрии и за луѓе кои се спремни да направат промени.

Дополнителн проблем со вреднување по образование е како е истото менаџирано во таа земја. За жал, во Македонија се направи сериозна инфлација на високото образование, веќе и да не остана човек без завршен факултет во нашите генерации, а тие по нас се уште појаки.

Пред неколку години ја читав Real Education(Charles Murray) и според неговото истражување ако добро се сеќавам само 10-15% од децата беа проценети дека имаат капацитет да завршат колеџ/факултет, т.е да станат академски граѓани, или како некоја послободна бројка под 20%. Е во таква ситуација ќе имаш квалитет на тие што завршиле, и можност да бидат соодветно ценети и наградени и кога би започнале да работат. Во ситуација кога е обратниот процент, како кај нас, факултетот е само уште едно обично пусулче.
Кој те лажел тоа за капитализмот? Пуста туѓина пуста да остане.
Се знае што е капитализмот уште од Адам Смит наваму. Една книга што не си ја читал (не е Гогољ) е Богатство на народите.
Капитализам е економски систем за креирање на добивка (профит) врз основа на вложен капитал и вложен труд. Капиталот не може да се "оплоди" без човечка работа, без трудот. Тоа се две непомирливи страни кои никогаш и никаде не се разбрале во целост бидејќи капиталот зад себе ја има државата и нејзиниот насилен апарат при што секој протест на вработени во крајна линија може да се прекине со солзавец и пендрек, како што едно време цајкани млатеа стечајци пред собрание.

Сите права и прописи за безбедност се добиени преку крвава борба низ годините. Тоа е едини начин да капиталистите слушаат што зборува работникот. Трагедијата на овдешниот работник е што не знае да ги брани своите интереси пошто не знае кои се тие, а ако знае се ограничува на пијано ломотење на куќна слава или пред кооперација.
Автоматски споено мислење:

нема врска тоа со економијата и платите. Не може да му дадеш некому плата од 100,000 а вчера завршил факултет. Па сега учел. Тоа во реалниот живот не може да биде, пошто ќе си рече и цигото, штом овој може да земе 100к без искуство, ја ќе барам исто и така доаѓаш до економски крах.

Еве овие синдикативе плачат државата да ја качи минималната плата, но како да ја качи кога нема основа за тоа. Економијата не расте и едноставно многу фирми ќе уништи тој потег. Башка ќе ја качи инфлацијата во државава. Ќе ни ги обезвредни парите додатно.
Значи треба да е легално да плата изнесува НУЛА денари како порано 1991-2010 кога во тие 20 години луѓе работеа со по 6 месеци заостанати плати, немаа за суд нит пак имаа шанси и во случај да тужат. Апсолутно е потребна минимална плата. Тие муабети за пазар кој диктирал примања е за некои места како Холандија каде таков систем има пола милениум (и тие имаат минималец инаку). Инфлациа нема врска со минималец туку со други ствари, пред се неконтролирано принтање на валута и позајмување.
 
Последно уредено:

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
513
Поени од реакции
217
Се е тоа точно, но перцепцијата дека докторот, правникот, економистот... зема помалку од молерот или друг работник е многу површна, дискутабилна и на крајот неточна. Мора да се загледа подлабоко во тоа како функционира пазарот и како на крајот работите ги порамнува и става на свое место. Имено, не секој доктор е платен 30-50к, толку земаат докторите кои се почетници и без никакви специјализации. Тоа се доктори кои пишуваат упати и препишуваат Аналгин и Ампицилин, како што пишав и погоре и немаат некоја голема одговорност. Може да згрешат место на очен да те упатат на ушен доктор па очниот да те измаршира кај ушниот.... Како одиш погоре во стручноста, специјалистите се со голема одговорност и се платени многу повеќе. Добрите доктори се земаат во приватните клиники и се солидно платени а оние добри доктори кои остануваат во државното се и уште повеке платени. Ако гледаме површно ке речеме не е точно, во државно тој хирург зема 1500-2000е плата што е многу малку за неговата работа и одговорност. Но ако погледнеме подлабоко и се запрашаме зошто тој врвен доктор и понатаму за таа плата работи во државно а не оди за многу повеке во приватно или не оди во странство каде ке биде платен уште повеке ке видеме дека на тој доктор за да останете, преќутно, му е дозволено да се дружи со другарот мито. Така тој доктор ке земе баснословно повеке од молерот кој патем и бесплатно ке молериса кај докторот... Пазарот си го прави своето и секогаш изнаоѓа начини квалитетот да биде платен...
Изгледа не си бил каj матичен да те лечи од настинка и стомачен вирус, а уствари да имаш инфицирано слепо црево или да ти трупа антибиотици за бактериjа, а ти уствари да имаш алергиjа. Како нема одговорност ? Па дури и како си пишал да те прати на грешка место, во некои ситуации и тоа е кобно. Пазарот на трудот си га разбрал изгледа погрешка, тоа ти е да споредужаш очен со очен доктор или молер молер, па тоj што е поискусен, подобар да биде платен повеќе или да има некои бенефиции плус. Неможе да рамниш врховен командат во армиjа со примариус доктор со водоинсталатер, не сносуваат иста одговорност и не се изложени на исти ризик со своите работни задачи. Се согласувам квалитетот да биде платен и да биде вреднуван ама да не мешаме баби и жаби зошто се различни по учинок, ризик и по неопходност. Неможе да споредуваш пазарна цена на jajца со телешко месо со круши, не е исто, не се исто неопходни.
Мајсторите бараат пошо се дефицитарни, нема мајстори и можат да бираат кај кој ќе работат.

Доктори исто нема, ама за разлика од мајстори на црно неможат да работат а државава кур ја боли за здравство па и од таму не само што ќе земат помала плата од мајсторот туку нема ни работа да фатат без врски или мито.
Во Мош ти ja наплаќаат пиjачката по 300-400 ден оти е дефицит ? Не бидеjќи има некоj коj може да ja плати. Не спорам дека се дефицитарни, но добар дел од маjстори наплаќаат дебело оти можат. Тетинот пред месец и пол кога беа странците овде на еден му наплати 100евра работна рака за кречење соба од 20 квадрата. Му велам добро зошто си кретен, ми вика го одбив, оти сум пренатрупан со работа и неможам, али почна да инсистира, да ме замара и му реков цена за сам да се откаже, неочекувано ja прифати и да ми доjде тешко после долг работен ден на места каj што веќе имав закажано, али 100е за 1-2 часа, исто ко прости***ка да си платен :ROFLMAO: и си ги изработив.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
496
Поени од реакции
1.606
Си одат оние без никакво искуство и знаење. Секој што е стручен останува овде и заработува повеке и од герменија, независно доктор или механичар. Се разликуваме во тоа што ти под поимот ,,стручен,, ја подразбираш секоја будалетинка која се добрала до диплома и само ради тоа што има диплома смета дека траба некој да ја плаќа дебело. Види кои доктори си одат од кај нас и што работат во странство, колку од нив во странство работат како доктори а колку како газобришачи во пензионерски домови или нешто трето неповрзано со професија доктор. Ке видиш дека тоа се доктори кои штотуку земале диплома и кои наместо да бидат среќни со 500е и можноста да ја учат работата, да земат и специјализација па потоа да заработат и пари, тие мислат дека некој треба да ги плаќа за нивното незнаење и вежбање. Кој курац ми е доктор кој е знае и е овластен само да пишува упати до специјалисти и чат пат да препиши антибиотик на некој настинат? Таков доктор можам да бидам и јас, изволте шо ви е проблемот? - увото ме боли докторе/еве ти упат да идеш на ушно, тебе шо те боли? - окото/еве ти упат за на очно, тебе? стомакот/ упат за на интернист, вас? курот/упат за на уролог...... Чекајте малку, мрднете од левелот пишување упати па барајте пари. Кога ке ве понудат да работите во приватна клиника или кога ке ви понудат мито за вашата работа тогаш знаете дека сте заслужиле и дека ке добиете.
Гледам сте се префрлиле од тема газди на тема лекари, па малку да се вклучам јас како лекар. Искрено кога се запишував на факултет не знаев каква е атмосферата во Македонија, имав чуено дека постои ситсем на касти и фамилии, но мислев дека се работи само за на медицинските факултети. Доколку знаев точно како фунционираат работите, најверојатно воопшто немаше да се запишам или ќе пробав уште од средно да студирам медицина надвор( Словенија или слично).
Можам да ти кажам дека имав солиден просек, околу 9 кома три. Само што зедов диплома требаше да се изведе платена пракса која ја воведе Филипче( добра стратегија,да не речете само го критикувам човекот) , која трае шест месеци. Земав 30 илјади денари месечно без придонеси. Само што ја завршив праксата имаше конкурс во Здравствен дом - Скопје, на кој што буквално 90% од апликантите ги имаа тестовите однапред и имаа максимален број на бодови. Сепак добри бодови извадив,имав втор највисок просек од апликантите и влегов во предвидените места за примање. За на крај да бидам шокиран кога директорот Исјановски одлучи да го искористи ,, своето дискреционо право'' и да прими докажани кадри на сдс, дуи кои беа меѓу последните на ранг листата.
Шокиран, продолжив да барам работа.Ме изненади колку врски беа потребни дури и за да влезеш како почетник матичен лекар во приватна амбуланта. Немам медицински лица во блиска фамилија, така да делуваше невозможно. Сите места се однапред резервирани или партиски или непотистички. Кај сите позиции за матичен лекар кои ги сметав достојни( 25 илјади денари плата минимум) наидував на затворена врата. Гледав дури и колеги кои сеуште беа четврта година на факултет како работат како матични лекари( имаат медицинско насока за сестра и ги водат како сестра/брат, а всушност работат како лекари). Јас не учев медицинско, гимназија бев,така да уште еден минус за мене.
Во меѓувреме излезе уште еден конкурс, во поликлиника Букурешт. Се пријавив и на овој конкурс. Истата приказна како и претходниот,само што на овој работите беа '' полегални". Директорот освен тестовите направи интервју,кое што противзаконски го бодува со 100 поени( не смее да носи интервјуто поени) и буквално го искористи како изговор за да ги вработи партиските кадри и докторските деца. Јас во меѓувреме сеуште барав работа како матичен и морав да ја голтнам гордоста и се вработив привремено во Кам маркет. Имав скоро 26 години. Во меѓувреме имаше уште еден конкурс,овој пат во Велес. И покрај тоа што беше во Велес,се пријавив. Истата песна. Лица со просек шестка, седумка со максимални бодови. Ќе кажам дека се работи за доста тешки тестови,потешки од тестовите на испити и колоквиуми на факултетот.
На почетокот на се ова,откако помина првиот конкурс се сретнав со постар колега кој веќе е заминат во Германија. Јас бев од оние кои никогаш не планираа да заминат од тука,не ми паѓаше на памет тоа,но некако ме убеди и се запишав на почетнички курс по германски. Потоа се префрлив на следното ниво и со многу работа успеав пред неколку месеци по година и неколку месеци да положам B2 ниво во Гете. Имав повеќе од година на располагање и го загреав столчето. Во меѓувреме успеав конечно да се вработам како матичен лекар. И да потенцирам, исклучиво со врска. Колега една година помал од мене, се вработи кај своја фамилијарна пријателка која има огромна амбуланта со илјадници пациенти и тој ме препорача. И да потенцирам земам 3 илјади денари над минималецот, ама барем не редам пакети во Кам. Моментално спремам FSP испити со сите процедури и папирологии во Германија се надевам за една година ќе бидам таму.
Поентата на овој реферат е дека додека јас редев пакети во Кам, партиски војничиња и професорски деца влегуваа инстант на работа и добиваа специјализации. Еден таков,моја генерација, инстант влезе на државна клиника кај татко му. Човекот не се појави на испит за време на студии,ако не е пијан наутро,тогаш е нашмркан. И безброј вакви примери.
Познавам колеги кои трпат многу потешко од мене,високи просеци, а се невработени и по неколку години. Навистина квалитетни деца. И не,не негирам дека имаш доста неквалитетни кадри, ама за тоа криви се само професорите. Сум бил на испити каде сите добивале десетка, а некои не дале одговор ни за шестка. А ништо поразлично не било и во екс-ју. Имам зборувано со првенец на генерација на медицински, кој четири години не можел да се вработи тогаш. Се за сметка на овие фамијарни и партиски династии кои ги споменав.
На системот му треба дефинитивен рестарт. Можеби кога ќе си заминат и последните добри кадри, природно ќе дојде тој рестарт. Додека не дојде тој момент, исклучиво молење. :popce: :popce:
 
Последно уредено:

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.409
Поени од реакции
9.725
Гледам сте се префрлиле од тема газди на тема лекари, па малку да се вклучам јас како лекар. Искрено кога се запишував на факултет не знаев каква е атмосферата во Македонија, имав чуено дека постои ситсем на касти и фамилии, но мислев дека се работи само за на медицинските факултети. Доколку знаев точно како фунционираат работите, најверојатно воопшто немаше да се запишам или ќе пробав уште од средно да студирам медицина надвор( Словенија или слично).
Можам да ти кажам дека имав солиден просек, околу 9 кома три. Само што зедов диплома требаше да се изведе платена пракса која ја воведе Филипче( добра стратегија,да не речете само го критикувам човекот) , која трае шест месеци. Земав 30 илјади денари месечно без придонеси. Само што ја завршив праксата имаше конкурс во Здравствен дом - Скопје, на кој што буквално 90% од апликантите ги имаа тестовите однапред и имаа максимален број на бодови. Сепак добри бодови извадив,имав втор највисок просек од апликантите и влегов во предвидените места за примање. За на крај да бидам шокиран кога директорот Исјановски одлучи да го искористи ,, своето дискреционо право'' и да прими докажани кадри на сдс, дуи кои беа меѓу последните на ранг листата.
Шокиран, продолжив да барам работа.Ме изненади колку врски беа потребни дури и за да влезеш како почетник матичен лекар во приватна амбуланта. Немам медицински лица во блиска фамилија, така да делуваше невозможно. Сите места се однапред резервирани или партиски или непотистички. Кај сите позиции за матичен лекар кои ги сметав достојни( 25 илјади денари плата минимум) наидував на затворена врата. Гледав дури и колеги кои сеуште беа четврта година на факултет како работат како матични лекари( имаат медицинско насока за сестра и ги водат како сестра/брат, а всушност работат како лекари). Јас не учев медицинско, гимназија бев,така да уште еден минус за мене.
Во меѓувреме излезе уште еден конкурс, во поликлиника Букурешт. Се пријавив и на овој конкурс. Истата приказна како и претходниот,само што на овој работите беа '' полегални". Директорот освен тестовите направи интервју,кое што противзаконски го бодува со 100 поени( не смее да носи интервјуто поени) и буквално го искористи како изговор за да ги вработи партиските кадри и докторските деца. Јас во меѓувреме сеуште барав работа како матичен и морав да ја голтнам гордоста и се вработив привремено во Кам маркет. Имав скоро 26 години. Во меѓувреме имаше уште еден конкурс,овој пат во Велес. И покрај тоа што беше во Велес,се пријавив. Истата песна. Лица со просек шестка, седумка со максимални бодови. Ќе кажам дека се работи за доста тешки тестови,потешки од тестовите на испити и колоквиуми на факултетот.
На почетокот на се ова,откако помина првиот конкурс се сретнав со постар колега кој веќе е заминат во Германија. Јас бев од оние кои никогаш не планираа да заминат од тука,не ми паѓаше на памет тоа,но некако ме убеди и се запишав на почетнички курс по германски. Потоа се префрлив на следното ниво и со многу работа успеав пред неколку месеци по година и неколку месеци да положам B2 ниво во Гете. Имав повеќе од година на располагање и го загреав столчето. Во меѓувреме успеав конечно да се вработам како матичен лекар. И да потенцирам, исклучиво со врска. Колега една година помал од мене, се вработи кај своја фамилијарна пријателка која има огромна амбуланта со илјадници пациенти и тој ме препорача. И да потенцирам земам 3 илјади денари над минималецот, ама барем не редам пакети во Кам. Моментално спремам FSP испити со сите процедури и папирологии во Германија се надевам за една година ќе бидам таму.
Поентата на овој реферат е дека додека јас редев пакети во Кам, партиски војничиња и професорски деца влегуваа инстант на работа и добиваа специјализации. Еден таков,моја генерација, инстант влезе на државна клиника кај татко му. Човекот не се појави на испит за време на студии,ако не е пијан наутро,тогаш е нашмркан. И безброј вакви примери.
Познавам колеги кои трпат многу потешко од мене,високи просеци, а се невработени и по неколку години. Навистина квалитетни деца. И не,не негирам дека имаш доста неквалитетни кадри, ама за тоа криви се само професорите. Сум бил на испити каде сите добивале десетка, а некои не дале одговор ни за шестка. А ништо поразлично не било и во екс-ју. Имам зборувано со првенец на генерација на медицински, кој четири години не можеч да се вработи тогаш. Се за сметка на овие фамијарни и партиски династии кои ги споменав.
На системот му треба дефинитивен рестарт. Можеби кога ќе си заминат и последните добри кадри, природно ќе дојде тој рестарт. Додека не дојде тој момент, исклучиво молење. :popce: :popce:
Ti gi pratam postovite i od drugi temi, gledam deka si odlichno zapoznaen so "sostojbite" vo medicinski / zdravstven sektor.
Sekoja chest shto si pominal / izdrzal kon ostvaruvanje na svoja zelba/cel da rabotis vo izbranata profesija.

Ako e nekoja uteha (ne e) isto e i vo mashinstvo / energetika (a aljda i vo sekoja druga oblast),
so toa shto sega e najmnogu eksponirano (poaktuelna tema e).

Imav slicen slucaj (na boldiranoto), posle zavrseni master studii razmisluvav "da se probam pak doma". Mi se najde postar kolega,
duri i na grub nacin, kao lud li si, da ne te slusnam uste ednas takvo nesto da si kazal, begaj odma.
Go poslusav i toa e mozebi najdobra odluka vo zivotot.

Koga vekje si go pocnal patot, kje go isteras sigurno. Kje se ostvaris i kako profesionalec i kako covek vo mnogu pofunkcionalno opstestvo.
Seto so go pisa tuka, kje ti bide samo loso secavanje, a na tie so zemale mesta kje im bide bunar od go*na koi sami si gi napravile.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Мајсторите бараат пошо се дефицитарни, нема мајстори и можат да бираат кај кој ќе работат.

Доктори исто нема, ама за разлика од мајстори на црно неможат да работат а државава кур ја боли за здравство па и од таму не само што ќе земат помала плата од мајсторот туку нема ни работа да фатат без врски или мито.
Да да докторите не работат на црно и прекувремено и со мито, имам пишано на некоја од темите, еден колега беше преебал коленото и требаше да се оперира, и овие кога ќе има термин ќе те викаме и така му одложуваа пола година и претпоследниот пат кога беше отишол му викал докторе многу ме боле не можам више овака дај некако најдете термин, и овој докторот па може после работа да ти ја направеме операцијата на приватно, нормално за 500 евра и колегата беше лут, па шо ме заебаваа пола година ако и било за 500 евра да ме боле

Има и други кој се пожалиле што ги познавам, еден со детето отишол во Скопје и овие немале време да го примат и овој почнал да се жали на сестрата дека детето сега го боле и му треба помош дека ќе троше поново за превоз, ќе губе дневници од работа и оваа сестрата како што он кажа во сред ходних ми рекла ќе средеме за 100 евра, изгледа таа тарифа си била стандардна за сите.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.165
Поени од реакции
22.744

Првото е легално, пред некоја година се воведе дополнителна дејност као опција за лечење во државните клиники. Во теорија пациентот ако не може да чека термин за некоја неитна интервенција може да плати приватно да се направи операцијата во најскоро време. Во пракса тоа е мито за воопшто да се направи таа операција.

За докторите, во приватните болници земаат релативно добри плати додека во државното здравство ситуацијата е воглавно очајна особено за оние кои не се од докторски фамилии, додатно што константно се вработува неквалитетен кадар. Во однос на матичните лекари најголем проблем е што се врзани со Фондот те цело примарно здравство е јавно-приватно франкештајн чудовиште, ФЗОМ наложува која услуга дали смее и колку смее да се наплаќа како и секако најважното - капитацијата, услуги чии цени не се променети со години и години*. Доколку се смени ова - пример вистински капитализам па матичните доктори/педијатри/итн да бидат независни, тогаш и примањата ќе се зголемат но на сметка на пациентите па така ако сега обичен преглед е бесплатен тогаш ќе може матичниот лекар да си лупне произволна цена. Во Скопје каде што 50% од матичните амбуланти се лоцирани може поради конкуренција да останат исти или пак да се здружат и да си креираат цена но во остатокот од државата каде има една ординација на 10км само за мерење притисок ќе може да си лупне цена од 500 денари.

Патем сестрите заработуваат околу 30к и помалку, евентуално во Систина/Жан Митрев да стигаат до околу 35-40к. Додатно, воглавно младите сестри/лаборанти/итн и оние без книшка ги држат на договор во ЈЗУ и се без пензиско и здравствено осигурување. Така да ако некој се жали дека нема кој да провери дали е жив ноќта во болничката соба, треба да знае дека медсестрите на пазарот на трудот се ниско платени и оттука се дефицитарен кадар и ако не му чини нека оди во Германија да се лечи.

Сметам дека некои гранки се неопходни за функционирањето на државата, сектори како здравство, образование... мора да се конкурентни со примања со цел да има добар и квалитетен кадар бидејќи тие се столбовите на општеството. Можеби грешам но од некои муабети тука добивам впечаток дека ефективно на обичниот граѓанин му се вели сакаш добро образование епа плати си, немаш пари епа ништо ќе си останеш неписмен, сакаш добро здравтсво епа плати, немаш пари епа ризикувај со доктор Љуљзим и сестра Урфетка или цркни.

*Пример домашна посета од доктор и сестра според ФЗОМ изнесува 100 денари веќе повеќе од една деценија, ако матичниот лекар наплати повеќе од оваа сума може да се пријави во Фондот и ќе биде казнет за десет пати поголема сума. Како резултат на ова никој не прави посети зошто никој не е ретардиран.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Циго што расклапа ауди е побитен од доктор во една болницау:toe:

Јухууу пари носи, Ендру Тејт хухууу…

Замисли тие на клиника што ве лечат, чат, абе од први почнуваме у Ендава на пракса, ќе програмираме.

На другар кога викнал брза помош за член од семејството, дошла шиптaрка што не знаела ни добро македонски, ниту била стручна за давање помош.

И сеа ќе му речете: па добро пер види, да барале лекари, ќе имало. Требало изгледа у Нетцетера да се јави кога ќе му се слоши на некој дома.

Завчера се возев со автобус, односно чекав 20 минути автобус на рекорд, сред бел ден, за градска линија. Нема шофери, сите испоизбегаа, градот е пред колапс. Ако нема транспорт асален, како сакаш Станка што си ја натерал да ти чисти у фирма за минималец, ќе ти дојде на работа? Сигурно такси ќе земе.

Дај вие бизнисмените најдете некој да испрограмира за ич пари од Непал, некои беспилотни уреди што ќе не возат низ град.
Автоматски споено мислење:

Работава е како онаа што им рекла, ако немате за леб, купете си чоколадо.

Лесно е на човек што се дави, да му кажуваш како се плива, а ти си го прчиш на суво.

Утре ако ти избие пожар во фирма имаш таму

If fire - apply water :)):$:$:$$$:&:$).6:/$:!?:!:
Else - … ; {} !{{€\€\€!|€\£\\

Кодот искуцан, пожарот изгасен.
Автоматски споено мислење:

Ама лесно е од Австралија да се драпаат мадиња кога се е средено таму. Утре ќе има леб кај да купи, ќе има детето у градинка кај да го носи, ќе има кој да му го лечи.

Иди у МК довери го детето на некој лекар, здраво ќе ти го направат болно само за да го кљукаат со лекови. Треба и доктори и надтавници да ги млатиш со стап дур не испоцркаат од што не се кадарни. Ама па реално зошто би биле кадарни, за 400 евра добро е и што ги има на работа.
Епа ете јас сум сфатил дека од тоа не бива држава и си заминав, не поради пари, туку баш дека е испуштено кормилото и нема како да се стабилизира.

Небитно каде и да си, за да функционира систем, треба да има некој да плати за тоа, а воедно и не треба да се кради.
Џабе ќе ја филозофираме на темата, кога во таа држава се испумпуваат милиони на дневна основа, а не се работи ништо, и прв услов за вработување е кого познаваш, а не што знаеш.

Надвор не дека цветаат рози, далеку е и овој свет од тоа што бил и имаш илјадници луѓе кои едвај тераат ден за ден, парковите се веќе преполни со луѓе кои спијат по шатори, кои или немаат за кирија, или нема недвижности.

Ете си работел во Мекдоналдс, дали мислиш дека би гледал семејство со таква плата?
Автоматски споено мислење:

Кој те лажел тоа за капитализмот? Пуста туѓина пуста да остане.
Се знае што е капитализмот уште од Адам Смит наваму. Една книга што не си ја читал (не е Гогољ) е Богатство на народите.
Капитализам е економски систем за креирање на добивка (профит) врз основа на вложен капитал и вложен труд. Капиталот не може да се "оплоди" без човечка работа, без трудот. Тоа се две непомирливи страни кои никогаш и никаде не се разбрале во целост бидејќи капиталот зад себе ја има државата и нејзиниот насилен апарат при што секој протест на вработени во крајна линија може да се прекине со солзавец и пендрек, како што едно време цајкани млатеа стечајци пред собрание.

Сите права и прописи за безбедност се добиени преку крвава борба низ годините. Тоа е едини начин да капиталистите слушаат што зборува работникот. Трагедијата на овдешниот работник е што не знае да ги брани своите интереси пошто не знае кои се тие, а ако знае се ограничува на пијано ломотење на куќна слава или пред кооперација.
Автоматски споено мислење:

Значи треба да е легално да плата изнесува НУЛА денари како порано 1991-2010 кога во тие 20 години луѓе работеа со по 6 месеци заостанати плати, немаа за суд нит пак имаа шанси и во случај да тужат. Апсолутно е потребна минимална плата. Тие муабети за пазар кој диктирал примања е за некои места како Холандија каде таков систем има пола милениум (и тие имаат минималец инаку). Инфлациа нема врска со минималец туку со други ствари, пред се неконтролирано принтање на валута и позајмување.
За да брани нешто, треба да има чист образ. Огромен процент се на работа преку врски, и уште толку немаат појма од животот, кај сакаш вакви да се бунат?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom