Не знам колку е вредна информацијава од Собранието во мај што беше. Директорката се повикува на адекватноста на капитал, која во јуни е солидни 18,35%, а добивката за 6 месеци во 2024 год. е над 16 мил евра, па се надевам дека од следната година може и да има дивиденда.
Од една страна ми е мило што раснат депозитите во банките, ќе има повеќе пари за нови кредитирања и раст на банкарскиот сектор и вредноста на акциите во банките
Од друга страна ми е криво што повеќето луѓе се одлучуваат да штедат во банки отколку да инвестираат на берза
Poevtina e od drugite golemi banki (KMB,TNB...) i verojatno ja kupuvaat vo ocekuvanje deka naskoro ke isplati dividenda. Bankata ima PE od pod 10 i PB od 1,25, dodeka ostanatite dve se nad 10 PE i PB od 2,1 kaj TNB i 3 kaj KMB. Ke vidime kako ke se odvivaat rabotite, pri eventualna isplata na dividenda ke se trguva na koeficienti blisku do drugite dve, sto e potencijal za dobra kapitalna dobivka...
Poevtina e od drugite golemi banki (KMB,TNB...) i verojatno ja kupuvaat vo ocekuvanje deka naskoro ke isplati dividenda. Bankata ima PE od pod 10 i PB od 1,25, dodeka ostanatite dve se nad 10 PE i PB od 2,1 kaj TNB i 3 kaj KMB. Ke vidime kako ke se odvivaat rabotite, pri eventualna isplata na dividenda ke se trguva na koeficienti blisku do drugite dve, sto e potencijal za dobra kapitalna dobivka...
Стопанска колку што грубо пресметав има 10,455 милијарди денари акумулирани добивки кој ќе ги даде еден ден или по акција нешто под 600 денари.
Ама нема да исплаќа ништо додека не се реши спорот со акционерите на приоритетните акции, значи може да се случи следната година, може да се случи за 10 години, сега за сега не и требаат пари на грците и ќе ги ебат ситните риби додека не и дојде памет, јас сум целосно на страна на грците, имам кажано зошто.
Известување за првостепена неправосилна пресуда против Стопанска банка АД – Скопје Во врска со поднесена тужба од страна на 1 сопственик на приоритетни акции против Стопанска банка АД – Скопје, Банката известува дека прими првостепена Пресуда 34п. П1-584/19 од 06.10.2020 година на Основниот граѓански суд Скопје со која се усвои тужбеното барање за поништување на Одлуката за распределба на добивката на Банката за 2018 година и Одлуката за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетните акции на Банката за втората половина од 2018 година, донесени од Собранието на акционери на СБ на 29.05.2019 година. Стопанска банка АД – Скопје изразува целосно несогласување со наводите изнесени во првостепената пресуда, убедена е дека горенаведените одлуки на Собранието на акционери се во целосна согласност со Законот за трговски друштва, Законот за хартии од вредност, Законот за банки, Статутот на Банката, Одлуките за емисии на акции на Банката и правата од приоритетните акции согласно официјалната евиденција во Централниот депозитар на хартии од вредност, па во таа смисла ќе ја обжали пресудата во законски утврдениот рок. Навремено поднесената жалба го одложува извршувањето на пресудата, што значи истата не е правосилна. Стопанска Банка АД – Скопје ја информира јавноста дека судскиот спор не влијае на ниту еден начин врз редовното работење на Банката.
Од таа пресуда поминаа 3 ипол години и немам поим што се случило, ама текот е да оди на апелација, па таму апелација го враќа, па повторно пресуда на која се жали до апелација, па повторно апелација го враќа и така во круг додека едната страна не се откаже или не ги подмачка судиите.
Заборавив да пишам дека може да има уште некоја милијарда од тие што ги распределуваа за инвестиции, пред некоја година преиначија милијарда ипол за идна распределба од претходната година оти не ги искористиле оти и така имаат премногу пари, така да тие 10 ипол шо ги чуват под перница можат да станат и над 200 милиони евра оти ние обичните смртниц не знаеме колку имаат потрошено од тие.
Па не се баш 10 мил дека чуваат под перница. На 30.06.2024 има 110 мил евра или околу 387 ден по акција. Кој знае колку стварно можат дадат дивиденда од нив. Пола да дадат за почеток ќе биде супер
Па не се баш 10 мил дека чуваат под перница. На 30.06.2024 има 110 мил евра или околу 387 ден по акција. Кој знае колку стварно можат дадат дивиденда од нив. Пола да дадат за почеток ќе биде супер
Го читаш и онаа ограничена за распределба, можат со една одлука да ги претворат во расположливи имаше одлука каде прераспределуваат милијарда ипол од инвестиции во ограничена оти не ги потрошиле, ама мислам дека најмалку 200 милиони можат да се расположливи во овој момент и да не беа акционерите на приоритетните досега ќе се исплатеа.
Раководството на банката сигурно зае точно колку пари имаат вишок, ние можеби би ги нашле во извештаите со премногу вкрстувања од претходните години, ама пак нема да знаеме точно.
Немојте да мислате дека еве одма утре ќе дадат 10 евра и да побрзам да купам, не нема да се случи тоа додека не добијат правосилна пресуда дека супер си ги исплаќале приоритетните, со тоа и паѓа во вода на приоритетните што сакаат да добијат за една акција две обични.
Незнам стварно каков е планот за решавање на проблемот, можеби ќе ги откупат по пазарна цена, а за конверзија 1:2 можат да заборават, па дури и 1:1 не е изводлива.
За конверизијата немам што да кажам. Ама дека „ограничена за распределба, можат со една одлука да ги претворат во расположливи“ тоа малце потешко. Нека ме поправи некој ако не е така, ама еднаш во ограничени и амин после, толку, нема враќање назад. Тие пари влегуваат во сопствени средства и пресметки на адекватност на капитал.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.