Зошто газдите се стиснати?

Член од
22 јуни 2024
Мислења
26
Поени од реакции
29
Планот е целосно да се укине кешот за да воведат дигитален паричник како би го следеле секој човек каде се движи а услов за да се добие тој паричник без кој нема да можеш да ја примаш твојата плата и трошиш ќе биде постојано примање МРНК вакцини за секоја пландемија што ќе ја создадат како една од мерките за уништување на 6 милијарди луѓе што е еднакво на глобален геноцид против човештвото.
Па и сега сме следени на секој чекор. Ти пречи тоа во твоето секојдневие?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.966
Поени од реакции
5.825
Па и сега сме следени на секој чекор. Ти пречи тоа во твоето секојдневие?
Не ми пречи следењето туку идната присилна вакцинација што сакаат да ја наметнат а тоа по ниедна цена нема да го дозволам.
 
Член од
22 јуни 2024
Мислења
26
Поени од реакции
29
Не ми пречи следењето туку идната присилна вакцинација што сакаат да ја наметнат а тоа по ниедна цена нема да го дозволам.
Чувањето на приватноста е многу поголем проблем од некоја си присилна вакцинација за умирање која и никогаш нема да се случи.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.966
Поени од реакции
5.825
Чувањето на приватноста е многу поголем проблем од некоја си присилна вакцинација за умирање која и никогаш нема да се случи.
Почекај да пристигне кај нас новата пандемија на мајмунски сипаници која полека се шири во светот.Не случајно СЗО бара од сите влади да потпишат документ во кој ингеренциите и мерките за заштита на населението од пандемии ги превзема СЗО.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Планот е целосно да се укине кешот за да воведат дигитален паричник како би го следеле секој човек каде се движи а услов за да се добие тој паричник без кој нема да можеш да ја примаш твојата плата и трошиш ќе биде постојано примање МРНК вакцини за секоја пландемија што ќе ја создадат како една од мерките за уништување на 6 милијарди луѓе што е еднакво на глобален геноцид против човештвото.
Тоа што не те убива, те прави посилен.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.468
Евентуално укинување на готовина ќе биде конечно отфрлање на смоквиниот лист и директен пат во тоталитаризам. Правото на живот ќе зависи од подобноста према властите. Оние бунтовните нема да можат да купат тоалетна хартија. Што ќе биде со просјаци, бездомници, луѓе кои патат од зависности, проститутки? Безготовински систем ќе удри најтешко кај најранливите категории. Треба да се сплотиме заеднички во борба против таквиот умоболен план на властите!
Автоматски споено мислење:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.519
Поени од реакции
29.002
ИоСоно мислам дека го напиша најреалното мислење на темава. Да кажам и ја збор, два.

Од досегашното скромно искуство како вработен во 3 различни компании и како некој што има фамилијарен бизнис веќе 25 години, можам да кажам по некој збор и за двете страни.
Лоши газди кај нас за жал преовладуваат, ама генерациски ова ќе се смени верувам за брзо. Лош газда може да биде само некој што не бил никогаш вработен, односно некој што го наследил бизнисот на тато, или некој копач кој имал нива некаде па ја продал и сега сака да глуми газда, или оние генерации од СФРЈ што уште мислат дека на газдата треба секој да му се плаши и ќе биде како што ќе каже он. За жал кај нас многу патат од таа ниска вредност па пробуваат својот статус да го прикажат преку тоа селско менаџирање и као видиме возам џип.

Заедничкото кај сите овие е размислувањето дека, секој работник е заменлив, и кур ме боли за вработените се додека парите доаѓаат. Затоа таквите не се замараат со бонуси, к15, условите дали се хумани, дали стоите, дали ви е топло или ладно, на крај на денот вработените ќе кукаат ама он полн џеб ќе има пак.
Суровата реалност е дека секој вработен е заменлив, само што во последно време работите малку се сменија, па веќе и нема многу избор за кадар. Затоа сметам дека со тек на време, можеби не сега, не за година ама за некој 5-10 години ваквите газди ќе се намалат значајно.
Се додека ваквиот газда има опција да наоѓа некој за минималец и да вози џип ќе си остане ситуацијата иста. Ама кога нема да најде кадар така лесно, кога буџетот ќе почне да му се намалува, и те како ќе го смени размислувањето, или евентуално нема да биде веќе газда.

Кано и Лестер кажаа некои работи што на многумина ви звучат дрско и безобразно, ама живееме во таков свет, и работите така функционираат секаде. Ваквите газди постојат ради тоа што системот не им може ништо, а не им може ништо затоа што кога треба да дојде до акција, вработените ќутат и трпат. Ама и тоа е разбирливо затоа што има многу фамилии што немаат избор, за многумина единствената опција е да работи за минималец и да го трпи газдата без разлика на се. Која му е другата опција? Да даде отказ и да нема примања, или да се префрли во друга фирма каде што ќе го чека истото. Не секој е млад, барата со компјутери, познава јазик и сака програмирање. Има жени во години што не ги ни викаат на интервју, има луѓе со средно, со основно, што и немаат многу избор во професиите. Има и такви каде што се лимитирани, што временски ради чување дете, школо, или веќе работи некоја друга работа, а потребна е и дополнителна.

Пак се враќаме на тоа дека рибата смрди од главата. Системот нема доволно закони за да ги заштити вработените, а нема систем да ги заштити ни оние "газди" кои работат фер и чесно. Да, отиде на подобро работата од пред 10 години, ама сеуште сме светлосни години назад.
Гасење парно/клима, забрането седење, враќање к15, работење прекувремено без надомест и слични глупости треба да биде инстантно казнување на газдата и евентуално по фирмата да се удри. Теоретски овие закони постојат само што не се спроведуваат како што треба.


Е сега, да ја свртиме приказната, има и работници што се шлајм на општеството, исто како и газдите. Касни на работа секој ден, покраднува, си оди предвреме, секој втор ден му искрснува нешто па зима слободен ден, не знае како со муштерии и се понаша куртонски и ред други работи. И кога поштениот газда кој е инаку прелош збор, сака да вработи некој, нема избор. Квалитетниот кадар си замина што ради никаквите услови во државава, што ради оние газди од погоре. И сега изборот, е да вработиш тоа што има или да не работиш воопшто.

Како вработен, во првата фирма сме работеле од 8 до 5, ама 90% од времето во тие 4 години работевме од 8 до 1-2 после полноќ, некогаш и сабота и недела се работеше, и ретко што од тоа беше платено. Пријавен на 15 илјади, зависи од проектите некогаш се стигаше до 25-30. АМА, газдите не доаѓаа на работа, менаџерите беа кул, имаше лабава атмосфера, и никој не се жалеше од ова. После едниот од нив се пукаше сам во колено па од прочуена и славна фирма во МК со 400+ вработени, стигна до 20 вработени и да нуди курсеви за да опстане.

Во втората фирма, стартап, CEO-то мислеше дека е следниот Стив Џобс, по цели денови беше на телефон со нас вработените затоа што живееше во Сингапур, и микроменаџираше. До тој степен да те прашува кој фонт го користиш? Ај покажи ми, зошто ми викаш hi, а не hello, така и на клиентите им викаш? Зошто си одиш во 5 ако проектот не ти е завршен, нели треба да останеш дур не го завршиш? И ред други глупости. Пази, ги фаќаме кока кола како клиент, а он за да заштеди пари, не сака да вработи луѓе аниматори, ми вика најди нешто бесплатни темплејти на гугл и ќе им направиме видео. После два месеци се разделивме откако ме врати у канцеларија после афтер ворк за да ми каже дека не му се свиѓало видеото и сега да сум го направел пак од ново, иако веќе клиентот даде зелено светло. Менаџерката што беше тука од Австралија беше наша, абе да ти е мерак да работиш со неа.
Ме бараа назад, т.е. она ме бараше затоа што човекот остана без 2д аниматор, и добиваше само фала ама фак ју. Стартапот пропадна после 1 месец.

Во третата фирма каде што сум сега веќе 6 години, ми е супер. Редовна плата, редовни бонуси, 1 ден во неделата ми е даден за себе да се надградувам, одмор кога сакам, 35 дена слободни, редовни покачувања, платен превоз, телефон, службена опрема, столче по мерка пошо нели такви биле стандардите и ред други глупости. На крај на денот, ништо од ова не ми беше битно, туку самиот факт дека менаџерот ме гледаше како еднаков на него иако има 30 години искуство зад него. Ме боли курот искрено за столче или за опремата и се друго, се додека некој се однесува према мене човечки и сум платен онолку колку што и носам на фирмата.
Сега не сум газда, јас сум менаџер на тим од 8 луѓе и дали работам добро или не, сеуште не знам, ама тимот не се пожалил ниту се сменил. Со оној првиот газда и се тужевме ради негови хирови, ама јас на сите газди и менаџери сум им благодарен, било какво искуство е подобро од никакво искуство.

Затоа сметам дека секој треба да помине низ овие ситуации за утре да знае како со луѓе. Не е дека треба некој да те учи дека на вработени не треба да им гасиш парно ако им е ладно, ама треба да се помине тоа за да видиш како е.

Во фамилијарниот бизнис, сме веќе низ цела Македонија на повеќе од 30 локации. Дали некогаш ќе го превземам? Не знам, можеби. Мојата одлука за сега е дека веднаш ќе оди на продажба. Едноставно не се гледам како газда, имав татко кој умре на работа од нервози. Се додека имам опција да работам за друг, друг да мисли за бизнисот сум сосема океј. Грижите ми почнуваат во 8, во 99% од времето ми завршуваат во 5.
Замарање со вработени, па плати, па пријавување, па годишни одмори и распореди, па набавка на роба, доставување, па грижа дали секој локал е соодветно опремен, па се расипало ова треба да се прави, па дали ќе најдеш доовлно роба, па некој кивнал не доаѓа на смена, па барање замена, па клиенти на плаќаат фактури, од фабрика ветиле, а не доставуваат, па годишни пресметки, па инвестиции што не си сигурен дека ќе се вратат, сето тоа е исцрпувачки, не толку физички колку што е ментално.
Не да се фалам, ама до сега во овие 25 години сме имале само 3 отпуштања и тоа ради кражба од вработените. Неколку сме ги испратиле во пензија, неколку сами напуштиле поради причини неповрзани со работата, ама кон вработените секогаш сме биле фер.
Ако на месечно ниво се носат 20к евра, а овој месец имало 25к, платата ќе ти е иста, ама бонусот ќе ти биде зголемен овој месец, јас ќе јадам од колачот, ама и ти ќе уживаш у него. Не знам зошто газдиве не сфаќаат дека ако вработениот е среќен и задоволен, и бизнисот ќе оди на подобро?


Затоа го имам тоа мислење дека добри газди се само тие што го искусиле сето ова, а се додека некој превзел бизнис од тато и мама ќе се понаша идиотски и не заслужува да биде газда.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.709
Поени од реакции
49.044
Што ќе биде со просјаци, бездомници, луѓе кои патат од зависности, проститутки?
Под рака со курвата во Стокомак и ќе ѝ испазариш што и треба за по дома со картица. :cool:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.468
О не, ќе мора да работат од 9 до 5 како сите други...
Повеќе ситуацијата оди во правец на Јуниверсал бејзик инкам инаку со автоматизација нема да има работа за нормални а не пак за загрозени категории.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.657
Поени од реакции
42.208
Повеќе ситуацијата оди во правец на Јуниверсал бејзик инкам инаку со автоматизација нема да има работа за нормални а не пак за загрозени категории.
како ќе го изведете ова со универзалниот приход? Како ќе функционира економијата ако нема луѓе што работат?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.468
како ќе го изведете ова со универзалниот приход? Како ќе функционира економијата ако нема луѓе што работат?
Не знам не сум економист имам само читано по нешто од стручни лица, не значи тоа дека луѓето нема да работат туку дека нема да работат пошто зашто. Но прашање е дали тоа некогаш ќе стигне на Балканот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.657
Поени од реакции
42.208
Не знам не сум економист имам само читано по нешто од стручни лица, не значи тоа дека луѓето нема да работат туку дека нема да работат пошто зашто. Но прашање е дали тоа некогаш ќе стигне на Балканот.
за да имаш универзален приход можеш ако принташ пари. Видовме тоа како заврши во короната кога принтаа пари на велико па после тој бум дојде до инфлација и огромни поскапувања. Тоа што зборат Маск и слични е тотална будалаштина.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.980
Поени од реакции
6.468
за да имаш универзален приход можеш ако принташ пари. Видовме тоа како заврши во короната кога принтаа пари на велико па после тој бум дојде до инфлација и огромни поскапувања. Тоа што зборат Маск и слични е тотална будалаштина.
Дури не се воведе нема да знаеме што ќе биде. Но не е само парата во прашање туку и каква е економската инфраструктура во една средина. Инаку како ќе има потрошња ако све работат роботи и АИ? Без пазар сета таа автоматизација води во слепа улица, газдите ќе треба да се укинат сами себе пошто кому ќе продаваат роба кога нема да има кој да ја купува?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.657
Поени од реакции
42.208
Дури не се воведе нема да знаеме што ќе биде. Но не е само парата во прашање туку и каква е економската инфраструктура во една средина. Инаку како ќе има потрошња ако све работат роботи и АИ? Без пазар сета таа автоматизација води во слепа улица, газдите ќе треба да се укинат сами себе пошто кому ќе продаваат роба кога нема да има кој да ја купува?
па и тоа сум го дискутирал со други членови. Затоа тие муабети за универзални приходи и 100% автоматизација ми се тешки глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom