Проблеми љубовни имам да. Моиве проблеми ни душман да ги нема.
Оној ден што слушав дека според некои статистики сме биле слаби со читање и разбирање, мислев провокација и наместена статистика. Не се замарам толку колку што мислите, ама ете таков ми е денот. Многу ми е гајле уосталом. Фрштат навреди и дијагнози, а сите ме знаат како еден од помирољубивите членови, не сум некој феминист да ви се тепам тука со некои агенди, нити па ме има секој ден. Кога успеавте и со мене да се закачите, кому треба дијагноза реално да се замисли човек.
Ама, ве молам продолжете да живеете во илузија дека сум несреќна, анксиозна и самобендисана. Еве инспирација : во право сте, ја цело време бегав од реалноста уствари колку сум несреќна што не се погодило да се вклопам во критериумите на вакви совршени, просветлувачки, сезнајни чеда Александрови. Простете ѝ на мојата недоволност и бидете потолерантни и така плачам секој ден.