Не знам зошто си толку сигурен
Јас баш мислам дека ќе ве добиеме на првата во Скопје.
Несомнено е дека имате подобра бековска линија и тоа ве прави фаворити, ама не е толку голема разликата во квалитетот. Разликата моментално е во Кузмановски, една негова повреда и толку ќе биде. И тоа не толку колку што е неговиот квалитет, туку дека е домашен играч и игра машки и со срце. Не е ниту пробивен, ниту страшен шутер, ама за во лигава прави разликата. Подобри сте на десен бек, Цехте е класа, Хосни е таман за лигава. Остатокот од играчите се тука некаде, евентуално и Митревски да се здиве на еуфорија, па да направи разлика.
Ама пак ќе кажам, може нијанси да решаваат, не е дека може било која од двете страни да биде сигурна за победа. Ние да имавме добар среден бек (нешто како Јасухира), гарантирам дека ќе имавме фаворитска улога во првенствово.
Притисокот за успех секако е кај вас, тоа некогаш е голем товар за екипите.