Вака после неколку изгледани мечеви, малку ќе го сменам мислењето за Хориха и голманов (како и да се чита) од првиот пат. Реков, доста шутеви зема, снажен е, јак шут, а и доста подвижен, единствен бек кој е над просекот од тие што ги купивме. Се сомневав дали ќе се снајде против поподвижни и поагилни одбрани, ама изгледа и тоа нема да му е проблем. Одлично засилување, покрај Коиј. Добро е и што игра одбрана.
Сепак, на среден и десен бек не сум оптимист. Кога барем една бековска позиција не ти е добро покриена, за поквалитетен противник, со добра одбрана, лесно ќе те неутрализира. Нешто како што Пелистер не добри во Струга. Со посилни екипи би било уште потешко.
Ги згазивме риваливе во Охрид, ќе биде интересно како ќе се снајдеме против одбраната на Кирца вечерва.
Голманчево исто не е лошо, доста добро делува.
Хансер е во топ форма, огромен напредок има.
Штета голема е што Пеѕриќ и пред се' Николиќ се доста паднати. Николиќ форсираше вчера и имаше неколку препознатливи влезови. Мене уште ми е главна надеж за среден бек. Ах да можевме да го имаме Јасухира место Крсманчиќ, каде ќе ни беше крајот...
Лошо е што отвораме со Алкалоид во Автокоманда. Еден кикс на стартот и ќе тргне возот надолу. Годинава се игра лигашки систем, немаме право на киксови во есенскиов дел, како што можевме да си дозволиме досега.
Доста поширок е составов, ама како што спомна некој на форумов, некако поширок со просечни бекови. Фали талент, фали некој што ќе преземе иницијатива и ќе го реши сам натпреварот.